Македонска берза

Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Не се секирај Бошко007, све ќе си се врати...од ноември идеме горе. Можевме да влеземе на пониско, ама тоа е: лош МОМЕНТУМ, што би рекол Боки 13 :D

Неверојатно но вистинито: ми легна дивидендата од Теас. Не било печатна грешка. Цели 1480 денс по акција, а купени на 300 денс. Па тоа не го дава ни ТЕСЛА :cuc:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве една „ценовно чувствителна“ информација во врска со Пекабеско, а којашто еднакво се однесува и на сите други акции:

Како шок за мене дојде веста пред околу две недели дека во спорот кадешто како мали акционери го тужиме Пекабеско за поништување на одлуката на Слободан Кутревски да му се исплати награда од 1,2 миљони евра, судијката Мирјана Николовска-Калчиноска од Основен суд Скопје 2 донела првостепена пресуда дека ние како мали акционери не сме имале правен интерес да тужиме! Ова е особено сомнително затоа што судот веќе ја прифатил тужбата како основана, пошто не може никому тукутака да му текне да тужи било кого дека му должи пари и да го влече по судови. Дополнителен сомнеж фрла што подоцна во спорот има додадено и замешувачи (трети страни коишто имаат правен интерес тужителот да успее во спорот). И покрај ситните недостатоци во водењето на спорот, сметам дека страната на тужителот во текот на постапката ги има детално аргументирано своите наводи, а судијката дури и не одлучила мериторно дека одлуката за исплата е законска, туку процедурално дека немаме правен интерес, што секако остава огромен простор за основан сомнеж дека имало корупција.

Доколку ваквата скандалозна пресуда биде потврдена по жалбата на Апелационен суд, тоа ќе значи крај на малото акционерство во Северџанија! Веднаш ќе може да се очекува Кутревски да си го вади сиот кеш изгласувајќи си вакви награди, а истото ќе го прават и сите други директори коишто со своја екипа од само 10-20% акции ја контролираат фирмата и никој од малите акционери нема да може да се жали затоа што веќе е пресудено дека нема да имаат правен интерес. Ќе фрчат милионски награди за менаџментот коишто тие подоцна ќе си ги делат со пајташите, а малите акционери ќе си остануваат со прстот во уста!

Уште поедукативен ќе биде и описот на организирањето на малите акционери, како и однесувањето на некои повидни членови на форумот, ама за таа човечка димензија на овој процес во некој иден пост.

Воглавно, секогаш е подобро за послабата страна да ја вклучи јавноста и да ги информира сите клучни општествени чинители дека ова се случува, затоа што ако остане да се решава зад кулиси, тоа ќе им даде слобода на моќниците и митаџиите да донесат каква сакаат одлука без последици! Кога ќе се насочи рефлекторот на јавноста кон Пекабеско, можеби потрошувачите ќе одлучат да купуваат повеќе производи откако ќе ја запознаат корпоративната култура во компанијата. Многу подобро ќе беше Кутревци да го прифатеа конструктивниот пристап кадешто ако малите акционери добијат еден прст, тие ќе добијат цела рака, меѓутоа сега сум поблиску до мислењето дека треба да се заземе деструктивен пристап кадешто малите ќе си исечат еден прст, а ним метафорички да им се исече рака.
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Што точно значи ова? дали “немање правен интерес” значи дека не сте можеле да докажете дека тие истите пари ви следувале на вас малите акционери?
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Дали овде се работи за немање доволно јасна регулатива преку која ќе се заштити интересот на малцинските акционери или станува збор за заобиколување на истата?
 
За организирањето на малите акционери ќе пишувам подетално во друга прилика, ама засега можам да кажам дека и @TENDO и @mishevski и Владимир професорот имаат пристап до пресудата. Не знам зошто и досега не известиле за исходот и не ја споделиле, меѓутоа еве им прилика сега великодушно да ја споделат со другите форумџии со оглед на тоа што судот ја донесува во име на граѓаните на Република Македонија. Секој граѓанин има право да присуствува на секое судско рочиште и да ја прочита секоја пресуда без да чека дали судот ќе се смилува за година дена да ја објави на својата веб-страница кога сите правни средства ќе бидат исцрпени и странките ќе бидат ставени пред свршен чин! Можеби тие во животот некогаш и стекнале финансиска корист на ваков начин па сега мислат дека се „мудри“ ако ќутат, меѓутоа корумпираниот систем ги меле пошо се само ситна боранија во однос на Кутревски којшто на ист начин заткулисно дошол до 80% акции во Пекабеско коишто утре може да ги продаде за триесетина милиони евра!

Да молчеше оштетената девојка, сега оној директорот од Тетово ќе се извлечеше со условна осуда иако во сообраќајка предизвикал смрт на нејзиниот сопруг и неродено дете. Иако случаите не можат да се споредат, сепак негативниот исход во овој спор ќе засегне над 80.000 македонски мали акционери, а сега е моментот да се делува и да се алармираат сите медиуми и институции затоа што потврдата на оваа пресуда од страна на Апелациониот суд е гејм овер за малото акционерство во државата!
 
Член од
31 август 2017
Мислења
237
Поени од реакции
164
Еве една „ценовно чувствителна“ информација во врска со Пекабеско, а којашто еднакво се однесува и на сите други акции:

Како шок за мене дојде веста пред околу две недели дека во спорот кадешто како мали акционери го тужиме Пекабеско за поништување на одлуката на Слободан Кутревски да му се исплати награда од 1,2 миљони евра, судијката Мирјана Николовска-Калчиноска од Основен суд Скопје 2 донела првостепена пресуда дека ние како мали акционери не сме имале правен интерес да тужиме! Ова е особено сомнително затоа што судот веќе ја прифатил тужбата како основана, пошто не може никому тукутака да му текне да тужи било кого дека му должи пари и да го влече по судови. Дополнителен сомнеж фрла што подоцна во спорот има додадено и замешувачи (трети страни коишто имаат правен интерес тужителот да успее во спорот). И покрај ситните недостатоци во водењето на спорот, сметам дека страната на тужителот во текот на постапката ги има детално аргументирано своите наводи, а судијката дури и не одлучила мериторно дека одлуката за исплата е законска, туку процедурално дека немаме правен интерес, што секако остава огромен простор за основан сомнеж дека имало корупција.

Доколку ваквата скандалозна пресуда биде потврдена по жалбата на Апелационен суд, тоа ќе значи крај на малото акционерство во Северџанија! Веднаш ќе може да се очекува Кутревски да си го вади сиот кеш изгласувајќи си вакви награди, а истото ќе го прават и сите други директори коишто со своја екипа од само 10-20% акции ја контролираат фирмата и никој од малите акционери нема да може да се жали затоа што веќе е пресудено дека нема да имаат правен интерес. Ќе фрчат милионски награди за менаџментот коишто тие подоцна ќе си ги делат со пајташите, а малите акционери ќе си остануваат со прстот во уста!

Уште поедукативен ќе биде и описот на организирањето на малите акционери, како и однесувањето на некои повидни членови на форумот, ама за таа човечка димензија на овој процес во некој иден пост.

Воглавно, секогаш е подобро за послабата страна да ја вклучи јавноста и да ги информира сите клучни општествени чинители дека ова се случува, затоа што ако остане да се решава зад кулиси, тоа ќе им даде слобода на моќниците и митаџиите да донесат каква сакаат одлука без последици! Кога ќе се насочи рефлекторот на јавноста кон Пекабеско, можеби потрошувачите ќе одлучат да купуваат повеќе производи откако ќе ја запознаат корпоративната култура во компанијата. Многу подобро ќе беше Кутревци да го прифатеа конструктивниот пристап кадешто ако малите акционери добијат еден прст, тие ќе добијат цела рака, меѓутоа сега сум поблиску до мислењето дека треба да се заземе деструктивен пристап кадешто малите ќе си исечат еден прст, а ним метафорички да им се исече рака.
Welcome vo drzavata vo raspad kade TRO (trgovsko rabotna organizacija) "SUDSTVO" e naj jakata firma pomognata od nejzinata majka osnovac Politika (politicari)
Machedonia vecna
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
125
Поени од реакции
175
Потребно е да се формира Асоцијација на мали акционери на РМ, која активно ке се занимава со разни проблематики во корист на малите акционери а воедно и известува јавноста преку медиуми за актуелните случувања. Бројката од 80.000 македонски мали акционери не е занемарлива...
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Еве една „ценовно чувствителна“ информација во врска со Пекабеско, а којашто еднакво се однесува и на сите други акции:

Како шок за мене дојде веста пред околу две недели дека во спорот кадешто како мали акционери го тужиме Пекабеско за поништување на одлуката на Слободан Кутревски да му се исплати награда од 1,2 миљони евра, судијката Мирјана Николовска-Калчиноска од Основен суд Скопје 2 донела првостепена пресуда дека ние како мали акционери не сме имале правен интерес да тужиме! Ова е особено сомнително затоа што судот веќе ја прифатил тужбата како основана, пошто не може никому тукутака да му текне да тужи било кого дека му должи пари и да го влече по судови. Дополнителен сомнеж фрла што подоцна во спорот има додадено и замешувачи (трети страни коишто имаат правен интерес тужителот да успее во спорот). И покрај ситните недостатоци во водењето на спорот, сметам дека страната на тужителот во текот на постапката ги има детално аргументирано своите наводи, а судијката дури и не одлучила мериторно дека одлуката за исплата е законска, туку процедурално дека немаме правен интерес, што секако остава огромен простор за основан сомнеж дека имало корупција.

Доколку ваквата скандалозна пресуда биде потврдена по жалбата на Апелационен суд, тоа ќе значи крај на малото акционерство во Северџанија! Веднаш ќе може да се очекува Кутревски да си го вади сиот кеш изгласувајќи си вакви награди, а истото ќе го прават и сите други директори коишто со своја екипа од само 10-20% акции ја контролираат фирмата и никој од малите акционери нема да може да се жали затоа што веќе е пресудено дека нема да имаат правен интерес. Ќе фрчат милионски награди за менаџментот коишто тие подоцна ќе си ги делат со пајташите, а малите акционери ќе си остануваат со прстот во уста!

Уште поедукативен ќе биде и описот на организирањето на малите акционери, како и однесувањето на некои повидни членови на форумот, ама за таа човечка димензија на овој процес во некој иден пост.

Воглавно, секогаш е подобро за послабата страна да ја вклучи јавноста и да ги информира сите клучни општествени чинители дека ова се случува, затоа што ако остане да се решава зад кулиси, тоа ќе им даде слобода на моќниците и митаџиите да донесат каква сакаат одлука без последици! Кога ќе се насочи рефлекторот на јавноста кон Пекабеско, можеби потрошувачите ќе одлучат да купуваат повеќе производи откако ќе ја запознаат корпоративната култура во компанијата. Многу подобро ќе беше Кутревци да го прифатеа конструктивниот пристап кадешто ако малите акционери добијат еден прст, тие ќе добијат цела рака, меѓутоа сега сум поблиску до мислењето дека треба да се заземе деструктивен пристап кадешто малите ќе си исечат еден прст, а ним метафорички да им се исече рака.
Секако можеби е штета за нас малите акционери, но не мора да значи дека одлуката е невалидна. Јас не можам да разберам ни сега а ни тогаш кога се собиравте за тужбата, како може судот да на наложи на приватна фирма да исплати дивиденда. Чак што мислам дека со овие работи допринесовте ние остатокот од малите акционери што не се приклучивме во судските права да изгубиме повеќе. Сега ради овие тужби акцијата ќе биде неликвидна и ќе си останеме со прстот во уста. Собрание одлучува што ќе биде со вишокот профит а не суд. И од таму мислам дека судот донел таква одлука.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.067
Поени од реакции
3.213

Екстра паметна одлука, нека се потврди и на апелација, а и на врховен (ако оди до таму) и потоа пиши пропало на МСЕ, сите фирми каде ќе има 51%, 100% од профитот ќе оди кај тие лица, останатите 49% нека си чуват неликвидни акции со прстот во уста.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Секако можеби е штета за нас малите акционери, но не мора да значи дека одлуката е невалидна. Јас не можам да разберам ни сега а ни тогаш кога се собиравте за тужбата, како може судот да на наложи на приватна фирма да исплати дивиденда. Чак што мислам дека со овие работи допринесовте ние остатокот од малите акционери што не се приклучивме во судските права да изгубиме повеќе. Сега ради овие тужби акцијата ќе биде неликвидна и ќе си останеме со прстот во уста. Собрание одлучува што ќе биде со вишокот профит а не суд. И од таму мислам дека судот донел таква одлука.
Ти да не си нешто вработен во компанијата па платата да ти компензира за штетата што ти ја предизвикуваат како акционер?
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Ти да не си нешто вработен во компанијата па платата да ти компензира за штетата што ти ја предизвикуваат како акционер?
Јас сум само реален човек без емоции во бизнисот и тргувањето. Не секој што не размислува како тебе мора да има заднина. Ако се сеќаваш и за Мукаетов не ни беа исти погледите ваљда не можам во исто време да бидам вработен на две места ???
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Дали може нешто поконкретно околу тоа како Законот ги штити малцинските акционери во ситуацииве. Не сум многу информиран, зборот ми е дали можеби треба да се дејствува во друга насока, иницијатива за барање права и промени во регулативата...!?
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Секој кој има мнозинство особено повеке 2/3 може да донесе каква сака одлука која е согласно законот за тд.

1. Куртевски како директор е избран од акцинерите. нема тука 51 60 70% една целина е.
2. Наградата му е изгласана од акционерите, законот не мари дали се 51, 60% битно е дека се мнозинство.Системот е first past the post кога има одлука на мнозинство таа важи и за тие што гласале против.Отука истото што го пиша дум го пишав и јас тогаш на различен начин.
-Оваа е исто како на избори тој што загубил за 10 гласа од тој што победил да го тужи и да му го земе мандатот оти ете не бил во интерес на 49%.
-треба да се разгледа и теоријата дека имаме и неуки акционери, освен дека имаме лопови менаџери за кои е потврдено дека е така.
 
Види законски не би сакал да дискурирам оти законот е донесен по мерка на тие што требало, овде се работи за грабеж на малите акционери, не му се дава награда 100 илјади евра, туку милиони и 200, малите акционери никогаш нема да имат повеќе акции од него и тој (а и сите други) може целиот профит да си го исплатува на ваков начин,
затоа е тука судот кој има право да донесе одлука и по сопствена проценка која ќе ја поправи неправдата која ја донел мнозинскиот акционер, кој си наплатува 70% од добивката само на него (покрај тоа што тој веќе има огромна плата за овдешни услови).

Незнам што е со вас што подржувате некој да ги краде останатите, сега се ситите со Пекабеско, ама утре истото може да се случи и со Комерцијална и сите фирми на МСЕ.
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
samo kanalizirana glasnost a so toa i politicki pritisok. samo takov jazik razbiraat za zal.
socuvstvo za pkb akcioneri, za ovoj slucaj i za mnogu drugi slucai nanazad.Za zal toa e nashata realnost. jas odamna sum go ''jadel' ovoj laden tush. probuvam da gi izbegnam ovie situacii so vlozuvanje vo kompanii so seriozen korporativen kapacitet i mnogu retko vo ''coek firma''. sega fala bogu mozes da investiras i vo stranstvo,taka da.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom