Македонска берза

Член од
10 април 2013
Мислења
1.108
Поени од реакции
705
Во време на светска пландемија, кога се е калакурница, не гледам лошо во трупање залихи, посебно кога имаш и затварање на граници.
Е како им иде продажба, Гримчо нека се замара.
Ne gledam nisto dobro vo trpanje zalihi na proizvodi so ogranicen rok na upotreba,koi posle mora da gi prodavas po princip plati 2 zemi 3.Edinstveno na sto moze da se nadevate e deka akcijata "Kupuvaj domasno"moze da im pomogne da gi ispraznat zalihite.Nesto sto ne mi se dopagja e i najavata za poslabi rezultati vo naredniot period,dadena od samoto rakovodstvo.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.222
Можда нашле добра цена на суровина па наполниле залихи
Имаат намалена продажба, а не суровини, пишав и погоре како продаваа нови производи со акциска цена.
За првите 3 месеци имаа 4% раст на продажбата, а сега имаат пад од 6% во полугодишниот, а штом нема продажба залихите се полнат, како што гледам ги намалиле и трошоците, и имаат 260м ми се чини кредити.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ако не го рачунаме новото паразитче Триглав, во 2019. година двете подгоени тении КБ Прво и Сава од идните македонски пензионери наплатиле околу 7,65 миљони евра провизии, а оствариле околу 3,7 миљони евра нето добивка, т.е. имале фантастична нето профитна маржа од скоро 50% :shok2::shok2::shok2: Врв на иронијата би било ако полуписмениот штапски кадар на ДУИ од Агенцијата за надзор треба да ги контролира Словенците и им ги одобрува овие огромни маржи. Вработените во фондовите и „регулаторот“ имаат просечни плати од 60-100.000 денари.

За петнаесетте години колку што постојат, Словенците веројатно од идните македонски пензионери исцицале накај 100 милиони евра провизии и 50 милиони евра чиста добивка, а имало и барем уште толкав опортунитетен трошок поради лошо управување со средствата. Доколку вториот столб не се укине, сигурно во иднина ќе исцицаат уште стотици милиони евра.

Имајќи ги предвид овие огромни воспоставени интереси, не е ни чудо што накарадниот систем го бранат интересните групи што профитираат од него, па плаќаат и „серија текстови“ за да ја замајуваат јавноста и да си ја заштитат лесната пара. Очигледно Македонецот нема никаков осет кога секој месец му се симнуваат милијарди денари даноци и придонеси да побара отчет дали и како со нив се управува, што бесрамно го користат политичките и финансиските елити.

Што се однесува на Пекабеско, продажбата на сувомесните производи е дури и зголемена, што се гледа од состојбата на залихите. Потфрлање има во продажбата на цигарите, што се гледа според намалувањето на стоките за продажба. Очигледно дека ограничувањето на работењето на кафичите и рестораните влијаело на помалата потрошувачка на цигари. Откако се укинаа ограничувањата во јуни би требало да се подобри состојбата во остатокот од годината.

Исплатата на бонусот на Кутревски крши барем 7-8 членови од ЗТД, такашто ептен би морал да подмити и Основен и Апелација за да му ја потврдат одлуката. Тоа сигурно би го коштало 200-300.000 евра за судиите и изложување на кривична одговорност и идни уцени и рекетирање сега кога секој секого снима, што е многу поголема цена и ризик него да исплати 120.000 евра дивиденда на малите акционери.

Искрено се надевам дека повторно ќе се створи траорна атмосфера и цената на акцијата ќе падне накај 10.000 денари.
 
Последно уредено:
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Живко не створил ништо туку наследил монополистичка компанија во пропулзивна гранка што можел да ја води и ретардиран внук и пак да биде успешна. Како што реков, да наследил ист таков удел во Охис или Треска, ќе сум го видел колку е добар менаџер. Да сум ја наследил јас таа негова животна позиција, ти ГАРАНТИРАМ дека Алкалоид денеска би бил 50-100% поголема фирма!

Еве види ги само слепциве од инвестициските и пензиските фондови што се катастрофално полоши од просекот што го претставува МБИ10. Кој било да купувал рандом акции од 2005. година наваму, ќе имал 2,5 пати повеќе пари него што му заработиле фондовите од вториот столб. Тоа е цената на медиокритетот, опортунитетниот трошок на негативната селекција во општеството!
И Сашо Давитковски така мислеше ама на крај ја уништи Скопски Пазар и ја изгуби. Затоа не треси зелени се гледа дека плата на вработен немаш дадено. Милионите на берза ги немаш направено и не си Бафет да ни пропеведаш на форумов. Се додека не створиш нешто да ти ќутиме сите на форумов, прави она што најдобро го знаеш- преведувај си.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
И Сашо Давитковски така мислеше ама на крај ја уништи Скопски Пазар и ја изгуби. Затоа не треси зелени се гледа дека плата на вработен немаш дадено. Милионите на берза ги немаш направено и не си Бафет да ни пропеведаш на форумов. Се додека не створиш нешто да ти ќутиме сите на форумов, прави она што најдобро го знаеш- преведувај си.
Секако дека занимавањето со приватен бизнис е потенцијално најлукративно, меѓутоа за да бидеш конкурентен во најпрофитабилните бранши едноставно мора да затајуваш ДДВ, плаќаш со кеш, држиш на минималец, узурпираш, дивоградиш, се однесуваш насилно, не исполнуваш стандарди и прописи, испорачуваш неквалитетни производи и услуги, лажеш, манипулираш, зае.уваш луѓе за пари, финансираш партии, подмитуваш службеници за дозволи и набавки, инспектори при контроли и сл. Со оглед на тоа што честа и образот ми се поважни од парите, сум си избрал чисти бранши и мирно спијам затоа што секое денарче ми е оданочено при исплата, а кеш немам ни видено ни допрено со години. Пред некое време сфатив дека у животот дваипол пати повеќе од „милионите“ сум заработил од инвестирање него од работа, па направив рокада и мал инвеститор го ставив над професијата у потписот на мејловите :pos:

Инаку, убедливо најкорисно за животот и кариерата би било како Жиле да испаднеш од вистинската матка и да наследиш монополистичка компанија во растечка гранка, па трката на 100 метри со конкурентите да ја почнеш од 95-тиот метар. Давитковски се скроз посебна димензија на неспособност пошо иам гледано како у нивен дуќан им пропаѓа СП маркетот, за потоа у истиот простор Кам да просперира иако им плаќа кирија. Не е лошо ни родителите да ти остават фирма, дуќан, куќа, стан, кеш, да ти платат скап факултет у странство или преку врски да те вработат у некоја од „институциите“ што ги опишував во претходните постови кајшто се ќути и дупи цел живот на сметка на обичниот граѓанин.

Веќе пишував дека за мојот период на инвестирање индексот паднал од 100% на 60%, додека моето портфолио е над 600%, односно сум имал просечен годишен поврат за 20+% поголем од референтниот МБИ10. Тоа е практично недостижен резултат особено за „професионалните инвестициски менаџери“ коишто за своите клиенти правеле поврати у распон од потпросечен до катастрофален, па најискрено и можат да подразмислат да ми салутираат и стојат мирно. Имајќи го ова предвид, со индигнација ги отфрлам споредбите со г-динот Бафет како навредливи (ама за мене) затоа што тој за периодот на своето инвестирање бил само околу 10% подобар од својот референтен С&П500 :lolzz:

Шега на страна, овие работи ги пишувам исклучиво заради едукација на понеискусните членови да можат да ги стават работите у контекст кога инвестициските и пензиските фондови им продаваат му.а за бубрези со нарачани текстови по медуими сакајќи да продолжат да им цицаат провизии испорачувајќи им катастрофални поврати. Кој ме познава приватно, знае дека се дружам со секого и се обидувам на сите колку можам повеќе да им помогнам, а имам давано и донирано огромни суми за најразлични цели без никаков личен ни финансиски интерес. Никого не сум зае.ал, излажал, изманипулирал, па да морам да се кријам, избегнувам или преминувам од друга страна на улицата туку сите можам да ги погледнам во очи. Најискрено се надевам дека некој ќе напише дека остварувал уште поголеми поврати од индексот па да имам прилика од него нешто да научам.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.910
Ако некој купувал акции во FANG сега трие раце
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Ај да прашам да не има некој искуство во врска со купување акции во име и за сметка на малолетно лице? Конкретно имам мало бебе и сакам да вложувам во акции кои ќе бидат на негово име. Односно на негова сметка во централен депозитар.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Прилепска и остали пивари на тешки маки...
Прегледај го приврзокот 261464
И лани работеа со оперативна загуба, ама коронава ептен ги стави на апарати. Памтам до пред 2-3 години овие две шишиња ќе чинеа 210 денари.

Ама без гајле, колку и лошо да работат, Сава задолжителниот пензиски и даље трупа ППИВ. Све ќе то народ позлатити...

Screen Shot 2020-08-03 at 22.54.45.png
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Sega e jasno zosto se dozvoli sekoj da pravi korona ispituvanje i da se prikazat ogromni brojki na korona za da se zatvorime kako ekonomija za da ne rikneme !!!
Ovaa politika bi trebalo da stane praksa na sekoja proevropski nasocena drzava i kako merka samo enver hodza na vremeto ja propagirashe :)

 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
И само уште ова, наплатата на ДДВ во јули 2020 ќе биде поголема отколку во јули 2019 ;)
Ретко се цитирам себе, но ова морав:

Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7% помалку од лани. Данокот на додадена вредност за првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2%, што следи по падот во јуни од 7,5%, и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5% респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3%, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4%, додека помала наплата иам кај акцизите и данокот на добивка.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
156
Поени од реакции
192
До лани, во јули парите ги трошевме во Грција. Оваа година сме сите дома и како последица на тоа повисока е наплатата на данок од лани.
 
Член од
2 април 2018
Мислења
92
Поени од реакции
105
НА БАЛКАНОТ
СЀ Е РЕЛАТИВНО


"Причината за помал пад на производството во Србија (читај: МКД) не е поради тоа што се водат поуспешни економски политики во однос на други земји, туку што Србија (МКД) е една од најсиромашните (*и најкорумпирани) европски држави..."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom