Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Синовите негови имаат по 300-400 акции (по 1-2%), 7% и нешто се сопствени, што некаде 92% најмалку е под контрола на Куртевци, од другата страна имаш само 2500-2800 акции,
од тоа што го знаеме е дека се по скржави од вла, евреј и егеец заедно, така да...
Тоа е тој лош глас што го бие човекот и што придонел акцијата да се тргува по ваква смешна цена. Па сам да организирал да се креира ваква негативна атмосфера у јавноста мислам дека не би успеал да ја направи подобро :pos:

Најјакото е што две третини од менаџментот у индексираните компании се неопевани апаши што досега ги оштетиле своите акционери за стотици милиони евра, ама тоа не пречи нивните акции да се тргуваат по двојно преценети вредности.
Автоматски споено мислење:

Каков и да направи сплит фактот останува дека мнозинство на акциите ќе останат locked in! со помалку од 20% од издадени хв во оптег е само илузија на реална ликвидност на било која фирма.
Ако тие помали фирми имаат доминантен сопственик и тие треба да се делистаат, ако имаат значителен free float а не се тргуваат тогаш проблемот има друга природа...

Реално МК е мала држава, ама берзата по дефиниција не е инструмент за собирање капитал во ниедна држава. Иако и тоа е возможно знаеме сите.
Секој менаџмент прво би финансирал операции со класични механизми нека не ве мотаат брокерите за провизии...

А и не ја разбирам поентата, па тука сите сте на берза за ваше лично зголемување на капитал нели.

која е поентава на претходните 2 поста? освен пофалба на сопствеништвото на пекабеско (за кое што имам лично позитивно мислење како и да е).
Автоматски споено мислење:



Во нивниот ревизорски годишен од 2018 пишува дека лицето С.К поседува 86% и нема друг субјект што има над 5%.
Па нормално дека ќе ги фалам и другите акционери и него кога стварно тоа го мислам. Малите акционери ги купиле акциите од чесно заработени, оданочени и заштедени пари и се заинтересирани за долгорочен напрадок на компанијата, а Кутревски не продава ништо на државата и едино успеал нудејќи му на пазарот конкурентни производи по конкурентни цени. Не постои никој што направил толкава фирма од нула, а тоа да не било социјалистички државен проект. А и еве кој колку акции има, пет секунди гуглање треба.

Screen Shot 2020-04-28 at 10.13.51.png
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hub

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
12,98 % ''slobodni'' bez familijarnite ;)
Синовите негови имаат по 300-400 акции, пишав погоре да го е. читајте малку, сега баш ќе проверам поточно што како е.
Автоматски споено мислење:

Во 2015 имале ова
1. Кутревски Слободан 25843 акции
2. Кутревски Анатол 365 акции
3. Кутревски Марко 359 акции
2375 сопствени
ќе пробам да најдам понови
 
Последно уредено:

myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Тоа е тој лош глас што го бие човекот и што придонел акцијата да се тргува по ваква смешна цена. Па сам да организирал да се креира ваква негативна атмосфера у јавноста мислам дека не би успеал да ја направи подобро :pos:

Најјакото е што две третини од менаџментот у индексираните компании се неопевани апаши што досега ги оштетиле своите акционери за стотици милиони евра, ама тоа не пречи нивните акции да се тргуваат по двојно преценети вредности.
Автоматски споено мислење:



Па нормално дека ќе ги фалам и другите акционери и него кога стварно тоа го мислам. Малите акционери ги купиле акциите од чесно заработени, оданочени и заштедени пари и се заинтересирани за долгорочен напрадок на компанијата, а Кутревски не продава ништо на државата и едино успеал нудејќи му на пазарот конкурентни производи по конкурентни цени. Не постои никој што направил толкава фирма од нула, а тоа да било социјалистички државен проект. А и еве кој колку акции има, пет секунди гуглање треба.
Интересно, цдхв и ревизорски нивни се разликуваат.

тоа "пет секунди гуглање" е многу чкарт мерење на *** btw. тотално непотребно...
 

Attachments

Член од
23 февруари 2019
Мислења
284
Поени од реакции
258
... Не постои никој што направил толкава фирма од нула, а тоа да било социјалистички државен проект...
ПКБ е приватизирано социјалистичко претпријатие. Стартот не е од 0.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ако и ништо друго у животот не постигнам, барем сум успеал да научам луѓе внимателно да читаат и анализираат документи и извештаи. Не е баш животно дело како на Кутревски, ама јас сум задоволен и со малку :pos:

Инаку, номиналната вредност на акцијата кога почнал била 2.790 денари, а сега книговодствената вредност е 36.570. Тоа значи дека Кутревски преку својата работа 13 пати го зголемил она со што почнал. Интересно би било да се провери каков е скорот на големите директори у Макпетрол, Фершпед, Македонијатурист или Комерцијална.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
80
Поени од реакции
34
Ја напумпаа берзава денес... на ништо не личи ова ... шпекулативни игрици, тиња...
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Реално МК е мала држава, ама берзата по дефиниција не е инструмент за собирање капитал во ниедна држава. Иако и тоа е возможно знаеме сите.
Секој менаџмент прво би финансирал операции со класични механизми нека не ве мотаат брокерите за провизии...

А и не ја разбирам поентата, па тука сите сте на берза за ваше лично зголемување на капитал нели.

која е поентава на претходните 2 поста? освен пофалба на сопствеништвото на пекабеско (за кое што имам лично позитивно мислење како и да е).
Автоматски споено мислење:



Во нивниот ревизорски годишен од 2018 пишува дека лицето С.К поседува 86% и нема друг субјект што има над 5%.
Берзата не бил инструмент за собирање на капитал??
Секој менаџмент прво би финансирал операции со класични механизми нека не ве мотаат брокерите за провизии... ???

Абе од каде излегувате со вакви размислувања?

Веќе од поодамна големите компании не го финансираат своето работење преку банки. Се е на пазарот на капитал.
Но има и многу добро корпоративно управување и тие менаџери под притисок на акционерите (активни и пасивни фондови) скоро цела добивка ја враќаат назад кај акционерите било преку дивиденди, било преку откуп на сопствени акции.

Компании како Tesla и слични исто, не одат по банки да земат кредити, секојдевно за потребите на своето работење издаваат нови акции. Кога ќе дојде време и ќе начукаат доволно кеш на сметка тогаш стануваат cash cow и ги измолзуваат своите заработки назад кај акционерите (Google, Microdoft, Apple, ...).

Инаку кај нас ако ги делистираат сите компании кои што се над 75% со доминантен сопственик ќе останат помалку од 10 компании на берза. Не е проблемот колку акции има менаџментот, туку како се однесува. Ете и НЛБ има 85%, па и сите малцински акционери ги имаат истите права како и доминантниот акционер. И ве молам не продавајте приказни за Кутревски како успешен претприемач. Компанијата обезбеди континуитет, бидејќи тој најде начин од 3% до тие 78% да стигне некако на разни каубојки начини, и не го направи најлошото сценарио на повеќето социјалистички директори да ги уништат и обезвреднат компаниите за после да ги земат тие, но од кога ќе се уништи компанијата, од кога ќе го изгуби континуитетот , од кога ќе го изгуби пазарното уество, странските пазари, таа компанија тешко дека ќе може да се врати на старите патеки.

Така да сумирам, пазарот на капитал е најдобар начин на финансирање на работењето на компаниите.
Пекабеско е компанија со одлични фундаменти, но со лош менаџмент.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Мислиш дека не треба да има тужби, комисии и судови? Да нема акционерски активизам?
Кутревски правел што правел порано ама спроти себе најчесто имал вработени (кои што зависеле од него) и не знаеле баш што се тоа хартии од вредност, колку вредат тие и какви права носат. Во конкретната ситуација е поинаку... (доволно е ова за во јавност).
Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.

Реално, Македонија е многу мала држава и скоро да не постои потреба некој добар бизнис модел да се скалира преку прибирање на капитал, па следствено не ни постои никој што постојано се занимава со инвестициско банкарство. Газдите обично си дигнат кредит и се прошируваат. Единствено што ми текнува што би можело да биде погодно за докапитализација преку нова емисија се добрите локални сендвичари, слаткарници или бурегџилници коишто може да направат ланец низ сите градови со идентичен квалитет и услуга, практично своевиден македонски Мекдоналдс.
Да имаш 10к евра да ги вложиш за да се влечеш по судови да истераш правда во Македонија малку е нејасно зошто некој сака да го прави тоа?
Мислам дека допрво ке се влечат со куртевци по судови за нови работи, ова е само почеток. Ако целта е да се добие судски спор а не да си оствари солиден капитал тогаш на грешен перон сме. Едното со другото не оди.
 

myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Берзата не бил инструмент за собирање на капитал??
Секој менаџмент прво би финансирал операции со класични механизми нека не ве мотаат брокерите за провизии... ???

Абе од каде излегувате со вакви размислувања?

Веќе од поодамна големите компании не го финансираат своето работење преку банки. Се е на пазарот на капитал.
Но има и многу добро корпоративно управување и тие менаџери под притисок на акционерите (активни и пасивни фондови) скоро цела добивка ја враќаат назад кај акционерите било преку дивиденди, било преку откуп на сопствени акции.

Компании како Tesla и слични исто, не одат по банки да земат кредити, секојдевно за потребите на своето работење издаваат нови акции. Кога ќе дојде време и ќе начукаат доволно кеш на сметка тогаш стануваат cash cow и ги измолзуваат своите заработки назад кај акционерите (Google, Microdoft, Apple, ...).

Инаку кај нас ако ги делистираат сите компании кои што се над 75% со доминантен сопственик ќе останат помалку од 10 компании на берза. Не е проблемот колку акции има менаџментот, туку како се однесува. Ете и НЛБ има 85%, па и сите малцински акционери ги имаат истите права како и доминантниот акционер. И ве молам не продавајте приказни за Кутревски како успешен претприемач. Компанијата обезбеди континуитет, бидејќи тој најде начин од 3% до тие 78% да стигне некако на разни каубојки начини, и не го направи најлошото сценарио на повеќето социјалистички директори да ги уништат и обезвреднат компаниите за после да ги земат тие, но од кога ќе се уништи компанијата, од кога ќе го изгуби континуитетот , од кога ќе го изгуби пазарното уество, странските пазари, таа компанија тешко дека ќе може да се врати на старите патеки.

Така да сумирам, пазарот на капитал е најдобар начин на финансирање на работењето на компаниите.
Пекабеско е компанија со одлични фундаменти, но со лош менаџмент.
мојот пост се однесува на мк берза само.

Нема тука како тесла, да не зборевме за мк фирми инаку се слагам...

бтв тие што ги уништија фирмите веќе оддамна го направија тоа, овие што останаа и функционираат се тие другите, незнам зошто на многу уште не им е јасно тоа. 2020 е, приватизацијата и уништувањето на некои од тоа беше пред веќе децении.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Да имаш 10к евра да ги вложиш за да се влечеш по судови да истераш правда во Македонија малку е нејасно зошто некој сака да го прави тоа?
Мислам дека допрво ке се влечат со куртевци по судови за нови работи, ова е само почеток. Ако целта е да се добие судски спор а не да си оствари солиден капитал тогаш на грешен перон сме. Едното со другото не оди.
На форумов уште тогаш коментиравме, дека таа одлука не смее да помине. Зошто ако поминеше глатко, тогаш не сакам да помислам што ќе направеа Доне, Андреја и Штерјо на наредните собранија. Така да не се работи за индивидуални позииции.

Со судењата ти не можеш да зголемиш капитал, но можеш да обезбедиш некоја законитост во работењето на компанијата каде што си инвестирал.

Инаку се согласувам толку многу глупости прават по финансиските извешаи и на годишните собранија што може ако има потреба Кутревци да одат по судови скоро секој ден (нешто налик на Миле Јанакиевски). Но се надевам дека разумот ќе надвладее и дека нема да има потреба да стигнеме до тоа.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Индексот брзо се врати на нивото од 11/2019та
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Па тие се во секторот фармација кој што веројатно ќе помине доста добро во оваа криза. Таа акција потона поради општиот хаос и негативен тренд на берзата.

Речиси 50 проценти раст за 1 месец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom