Македонска берза

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Супер е тоа, само проблемот е што има некои брокери кои за жива глава не сакаат да го активираат Е-Trader на своите клиенти. Не знам зошто, но претпоставувам дека не сите од нив се обучени или "спретни" да примаат и извршуваат налози електронски, па им одговара лежерно и мрзеливо на старомоден начин..
bi trebalo site da imaat. jas do sega so 3 kukji imam raboteno i site imale.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Ve pozdravi TNB alal da im e na tie sto si prodadoa na 12.000 denes ziv kar se zaedno so tie od KMB :)
Prvi ke si kupat brashno ?
Не ти ја разбирам поентава со поздравувањето.
Што треба некој да не продава зашто наредната година ќе земе дивиденда од ТНБ ако воопшто има дивиденда за наредна година што неможе никој да го гарантира во ваква ситуација на светска пандемија.
Во меѓувреме се отвараат толку многу опции во Европа и Америка каде само до крај на година ќе направиш минимум 50% на парите.
Еве те прашувам дали ќе направиш 50% во ТНБ до крај на година?
Па ако сакам на почеток на наредна година ќе си ги купам пак НЛБ ем поефтино ем со профит од другите позиции, така да незнам кој е заебан во ситуацијата.

НЛБ без дивиденда многу брзо иде под 10 000, еве ќе почекаме и ќе видиме кој е во право.
Ова со поскапите кредити исто баш и баш ми нема логика, еве барем јас во моментов правам престуктурирање на моите кредити баш во НЛБ и тоа со драстично подобри каматни стапки од тие што сум ги плаќал последниве 3 години. Така да од мене ТНБ ќе наплати помалце а не повеќе, а дополнително ќе има проблем да наплати од многу фирми што не работат или ќе затворат.

п.с. Дивиденда Комерцијална ќе даде оваа година ама во зависност од резервации најверојатно наредна година или ќе нема дивиденда или добивката ќе биде драстично помала и дивидендата ќе биде исто така помала. Врз база на што ќе расте КМБ после дивидендата? Мислам дека тука падот е само одложен до после пресек.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
336
Поени од реакции
323
bi trebalo site da imaat. jas do sega so 3 kukji imam raboteno i site imale.
Имаат да, но некои индивидуaлци како тој со кој јас работам, после 2 обида ме одбива, па дури и ми дава аргументи како тоа не се исплаќало, било вонредна состојба бла бла. Од друга страна, друг брокер од една банка (да не кажувам имиња) ми понуди соработка и објасни се баш на ниво, како што треба. Го мењам дефинитивно.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Vo realnost ke ima 20-30K pocinati, kako i pri sezonski grip sekoja godina. Nisto poveke.
20-30 илјади мислам дека е малку, сигурно над 50к ќе имат најмалку, а и не е лошо шо дадоа прогноза 200к, па Трамп вика дека би бил среќен со 100к, ако случајно не надмине над 100к Трамп ќе има за фалење, затоа е подобро да ставиш превисока бројка за да не можеш да ја стасаш, одколку да каже ќе умрат 10к, а оно умрат 100к, после копање главата во песок.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
А зазелени малку се јавуваат пумпачите, оние кои се во акции . . . Мандрак после неколку дена ќутење денеска неколку постови..
Утре, задутре кога ќе поцрвене 5% ќе се јават оние катаклизмичарите, тие се во кеш и сакаат да падне што е можно повеќе за да направат пари :D :D ... Највеќе се плашат да не им кидне возот . . .
А гледам и во анкетата некој песимизам удрил, тотално различно од пред 2 недели . . .
А рингишпилов зависи дали КМБ ќе дала дивиденда или кога Макпетрол ќе ги земел оние 30 милиони . . .???
А што ќе прави КМБ следната година и колку ќе биде тогаш дивиденда никој не збори???
Каков ќе биде билансот на Макпетрол оваа година никој не пишува??? Макпетрол ќе има преполовени приходи, а оперативна добивка тешко дека ќе има . . . .
Следната година колку ќе бидат дивидендите на КМБ и МПТ???
Ќе има тука уште бранувања и промена на расположение, ќе трае ова . . . Денешниов ден е само моментален оптимизам.

Еве како нашите соседи се борат со кризата . . . . Браво за економските политики . . . Кога беше економски раст по европа тие кратеа плати, стабилизираа буџет, а сега во криза ќе се задолжат и ќе стимулираат потрошувачка :aplauz::aplauz:...


А ние сега ќе се чудиме што со себе . . . Од каде да најдеме 2 милијарди ????
 
Член од
27 март 2012
Мислења
18
Поени од реакции
2
Здраво до сите. Што мислите за FX Lider / ForTrade? Ви благодарам многу за мислењето.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Здраво до сите. Што мислите за FX Lider / ForTrade? Ви благодарам многу за мислењето.
Супер се, благодариме на прашањето. :D

Ај да видиме кој ќе победи, Хари или НБРМ.
Јас се кладам на НБРМ, иако веќе ја кредитираа државата, а и претходно напишав парите за дивиденда пак ќе останат во МКД, плус данок.
 
Член од
27 март 2012
Мислења
18
Поени од реакции
2
Супер се, благодариме на прашањето. :D

Ај да видиме кој ќе победи, Хари или НБРМ.
Јас се кладам на НБРМ, иако веќе ја кредитираа државата, а и претходно напишав парите за дивиденда пак ќе останат во МКД, плус данок.
Си ги користел ли? Малку ми се чудни како компанија. Имаат преголеми fee-s и компанијата им се вика FXLider и ForTrade? Како скем ми изгледа.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
761
Поени од реакции
293
А зазелени малку се јавуваат пумпачите, оние кои се во акции . . . Мандрак после неколку дена ќутење денеска неколку постови..
Утре, задутре кога ќе поцрвене 5% ќе се јават оние катаклизмичарите, тие се во кеш и сакаат да падне што е можно повеќе за да направат пари :D :D ... Највеќе се плашат да не им кидне возот . . .
А гледам и во анкетата некој песимизам удрил, тотално различно од пред 2 недели . . .
А рингишпилов зависи дали КМБ ќе дала дивиденда или кога Макпетрол ќе ги земел оние 30 милиони . . .???
А што ќе прави КМБ следната година и колку ќе биде тогаш дивиденда никој не збори???
Каков ќе биде билансот на Макпетрол оваа година никој не пишува??? Макпетрол ќе има преполовени приходи, а оперативна добивка тешко дека ќе има . . . .
Следната година колку ќе бидат дивидендите на КМБ и МПТ???
Ќе има тука уште бранувања и промена на расположение, ќе трае ова . . . Денешниов ден е само моментален оптимизам.

Еве како нашите соседи се борат со кризата . . . . Браво за економските политики . . . Кога беше економски раст по европа тие кратеа плати, стабилизираа буџет, а сега во криза ќе се задолжат и ќе стимулираат потрошувачка :aplauz::aplauz:...


А ние сега ќе се чудиме што со себе . . . Од каде да најдеме 2 милијарди ????
Каква политика е таа на секој полнолетен граѓанин да му исплателе помош. Зошто да му дадат помош на некој кој има. Нека се фокусираат на тие што немаат. Али популизам се тера и во криза.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
А зазелени малку се јавуваат пумпачите, оние кои се во акции . . . Мандрак после неколку дена ќутење денеска неколку постови..
Утре, задутре кога ќе поцрвене 5% ќе се јават оние катаклизмичарите, тие се во кеш и сакаат да падне што е можно повеќе за да направат пари :D :D ... Највеќе се плашат да не им кидне возот . . .
А гледам и во анкетата некој песимизам удрил, тотално различно од пред 2 недели . . .
А рингишпилов зависи дали КМБ ќе дала дивиденда или кога Макпетрол ќе ги земел оние 30 милиони . . .???
А што ќе прави КМБ следната година и колку ќе биде тогаш дивиденда никој не збори???
Каков ќе биде билансот на Макпетрол оваа година никој не пишува??? Макпетрол ќе има преполовени приходи, а оперативна добивка тешко дека ќе има . . . .
Следната година колку ќе бидат дивидендите на КМБ и МПТ???
Ќе има тука уште бранувања и промена на расположение, ќе трае ова . . . Денешниов ден е само моментален оптимизам.

Еве како нашите соседи се борат со кризата . . . . Браво за економските политики . . . Кога беше економски раст по европа тие кратеа плати, стабилизираа буџет, а сега во криза ќе се задолжат и ќе стимулираат потрошувачка :aplauz::aplauz:...


А ние сега ќе се чудиме што со себе . . . Од каде да најдеме 2 милијарди ????
True. True.

Пред неколку страни некој пиша еден многу точен термин. Dividend trap.
И изгледа така и се движи берзата. Иницијално сите чекаа дивиденди на крај на април. Почна берзата да шиба надоле. А луѓето ем несакаат да изгубат пари и продаваат, ем ги сакаат тие дивиденди па би се вратиле во прав момент да ги зграпчат :)

А како ќе преживее Макпетрол кога цела држава не мрда и никој не баш троши бензин? Не е битно.
Што ќе прави КМБ што не само што треба да одобри одлагање на исплата на кредити, туку треба и да обезбеди средства за нови кредити кои ќе имаат значително поголем ризик? Дај дивиденда и нека паѓа после колку сака :)

На светско ниво дебатите се вртат повеќе кон тоа дали ќе има рецесија или депресија.
Во МК на никој не му ни текнало да збори за раст. Само најава дека ни фалат милијарди за да излеземе на крај со ова.
Ама битно се очекува берзата да оди горе ;)
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Vidi vidi kako rasne Wall Street denes! Da ne vlegle USA vo NATO? :P

I moine BIIB 7% up za eden den...brokerov vika prodavaj cash is king. A mene sve nesto me tera na kupuenje...
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Utre rano nautro ke vidime kakvi podatoci ke objavat za kineskoto proizvodstvo za mesec mart, so toa ke vidime kako tie se pridvizuvat po korona virusot.
 

Attachments

Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Супер е тоа, само проблемот е што има некои брокери кои за жива глава не сакаат да го активираат Е-Trader на своите клиенти. Не знам зошто, но претпоставувам дека не сите од нив се обучени или "спретни" да примаат и извршуваат налози електронски, па им одговара лежерно и мрзеливо на старомоден начин..
За жал ова е точно, што е малку трагикомично ама ЈБГ тоа тие е таа волшебна Македонија.

Неможам да сватам што сака ТТК банка да направи, дава дивиденда 30% во однос на претходните години односно 37 ден , демек сега треба акцијата заради дивидендата да рипне 10% јеееее. :tapp::tapp::tapp:
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2018
Мислења
256
Поени од реакции
504
Ај и ја да напишам едно, што би било - кога би било...

Како една алтернатива која верувам дека ја размислува Bugs Bunny за да ја реши дупката во буџетот поради вирусов е веројатно измена на Законот за пензиско и враќање на едностолбен систем. Со тоа државата би ги присвоила (национализирала) средствата во вториот пензиски столб кои се во трите фонда. Ова не е толку невообичаена пракса и се има случено и во други земји во минатото, а јас ја гледам како едно од единствените решенија на оваа ситуација (која не знам дали Bugs ја сфаќа колку е сериозна од економски аспект).
Прашањето е како би влијало ова на берзата и на цените на одделни акции. Прво, ако ова се случи, на подолг рок ќе значи помал притисок на побарувачката и веројатно поефтини акции, а на краток од тоа што го гледав во нивните извештаи најмногу би влијаело на АЛК каде имаат најмногу акции (на 31.12. во вредност преку 1.000.000.000 денари). Што значи “АКО?“ се случи ова, АЛК би одел надоле.

И уште едно друго размислување. Колку по белиов свет/Европа има инв.фондови од типот “нова Европа“ и сл. Дали добивањето “датум за датум за датум“ може да значи дека некои од ваквите фондови би вклучиле во своето портфолио и акции од нашава берзичка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom