Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Кога веќе спомнавме трпања под тепих, интересно е што веднаш Црпкото скока да се намалуваат плати на администрација и Нина Групер да не се дава буџетска поддршка за компаниите. Имаше истражувачка статија дека цената на широката коалиција со албанските партии била што 85% од нововработените во државна служба во мешовитите општини биле Албанци! :facepalm: :tapp:

Би било крајно интересно сега да се ѕирне у буџетските „ариарс“ на Нинчето како што се ѕиркаше додека министер беше Ставрески. Со оглед на тоа што во текот на мандатот со ребаланси се скратија над миљарда евра капитални инвестиции, би се обложил дека може да се најдат многу костури во тој шифоњер!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
А дали е можно на собрание да има предлог за друга распределба?
На ова собрание не може, тоа е дневниот ред. Но ако сакаат може сега да не ја изгласаат одлуката, па да закажат собрание за месец дена. Живи били, па видели.

Зар ти сине @ahil -е? :)
1585229248224.png
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Што пие, Кајгана Кафана?

Искрено табелата подоле не е споредба со УНИ, туку споредба на показателите на банките, со исклучок на факторот дивиденда! Што и преставува основен почеток да видиш колку треба да е вредноста на акцијата по нивното работење.
Факторот дивиденда, е екстра фактор што е и те како добредојден, НО нигде не стои со закон дека мора да го дадат па и затоа треба да се земе со резерва... примерите небо земја, некој даваат константно, некој недаваа со години па почнаа да даваат, некој се приморани да даваат, а има и оние што даваа мрсни денди па сега недаваат... значи пак се враќаме на осноцните показатели колку фактички вредат...

Ако сегашното вреднување на УНИ како банка која не дава дивиденда се земе како основа за вреднувањето на другите банки, тогаш цените на трите големи банки во случај на неисплаќање на дивиденда би требало да се движи во овие рангови:

Што е претерано ниско.

Според p/bСпоред p/e
КМБ
2046​
2795​
НЛБ
4771​
7561​
СТБ
306​
471​
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Ок одлучил Словенецот али трпи акцијата тука на Македонска берза и трпат акционерите на НЛБ така да небитно кој одлучил .
не одлучил ни словенецот нрбм им укажа со арно
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Mozi da ja objasni nekoj akcijata na Makpetrol? Konstanten pad na akcijata za kompanija koja e vo TOP5, ostvaruva ogromen prihod sekoja godina i lider na pazarot za derivati. Dali ne e sega za BUY?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
На ова собрание не може, тоа е дневниот ред. Но ако сакаат може сега да не ја изгласаат одлуката, па да закажат собрание за месец дена. Живи били, па видели.

Зар ти сине @ahil -е? :)
Прегледај го приврзокот 240653
Ајдеееее, Пекабеско испадна хит-акција на кризава :ojeaa: Само нека ми пише приватна порака што ги купил да го имаме предвид
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Ајдеееее, Пекабеско испадна хит-акција на кризава :ojeaa: Само нека ми пише приватна порака што ги купил да го имаме предвид
Не сум јас за жал. Заглавив цел ден со мајстори, еден плакар местеа...и ојде возо :)
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
MPT - ако погледнеш 10г наназад акцијата беше од 13к ~80к ... има толку многу работи што влиајеа...
Тука најмногу беа какви годишни биланси прикажуваа, како ги вадеа парите со тековно работење и слично... и тоа важи за сите останати не само МПТ.

Има побарувања што треба да се наплатат оваа година и затоа цената беше прогнозирана на 90-100к, но како ќе се одвиваат работите, никој неможе да знае. Ако гледаш така сњга е 47к до 90к има мн да расте... ама може и до 30к да дојде... псобено сега никој неможе да ти каже топ цена е за влез... на долг рок 2-3г, најверојатно

Mozi da ja objasni nekoj akcijata na Makpetrol? Konstanten pad na akcijata za kompanija koja e vo TOP5, ostvaruva ogromen prihod sekoja godina i lider na pazarot za derivati. Dali ne e sega za BUY?
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ау заеб :D :D :D . . . . .
Кажав јас дека Чифлиганец, Јосифовски, Мукаетов се овци што купуваат така високо . . .
Истото тоа можеа сега да си го купат за 30+% поефтино . . . .
Ова беше премногу предвидливо не требаше да си видовит и да изиграваш експерт.... Доволно беше да се следат светските берзи..
Колку ќе биде дивиденда на банките оваа година ???
Е ова се вика национализација . . . . Убаво Буби ви подвлече..
Иако банките имаат висока адекватност, дивидендите нема да им бидат никаков проблем да ги исплатат, но Државата реши фино да им препорача :D :D :D . . .
Досега немам прочитано дека некоја Влада во свет препорача да не се дели дивиденда . . .
Баш ќе следам дали банките низ свет ќе поделат дивиденда оваа пролет..

п.с.
Искрено жалење до сите оние кои проекциите ги правеа на основа на предложените дивиденди ...
И следете како буџетот ќе го крпат, тука лежи одговорот и за дивидендите, и за економијата, и за платите, и за берзата . . .
Короната ќе помине за 2-3 месеци ама буџетот ќе се крпи цела година.... Кој ќе купува акции со 14.500 денари плата???

 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Од една страна ги продаде на 6к зашто мислиш дека ќе падне под 5к па и 4к, со тоа ќе ти е премногу загуба...
Од друга страна викаш КМБ е постабилна од НЛБ, ќе дадат дивиденда нема да си дозволат, Чифлиганец е таму... па ако се надеваш на тоа секако немаше да ја продадеш на 6к, зашто ако даде дивиденда ќе остане на тоа нив плус ќе си земеш дивиденда?

И на крај, Чифлиганец ова, Чифлиганец она, Чифлиганец бил паметен не е глуп... се слагам дека е паметен, паметен е и сваќа дека на цена од 3к по акција ќе купи дупло повеќе отколку на 6к, и тродупло од 9к... он се бори за што поголем % за помалце пари.

Мислам дека НЛБ погреши со оваа одлука и сега акцијата трпи , плус голем дел акционери по вторпат разочараа (првиот пат пред 2-3 години кога дадоа 500 ) и ја изгубија довербата во оваа банка ..
Мислам дека фер ке беше да скратеа пола и да има нешто за акционерите вака крајно разочарувачки и педерски ..

Кај КМБ на собрание на 4 април очекувам или да скратат пола да биде 250 или 500 како што си е моментално ..
Не верувам дека Чифлиганец ке си дозволи да не дадат ништо и да му потоне акцијата како кај НЛБ .

Затоа КМБ ке биде секогаш пред НЛБ во поглед на акционерите , ваква разочарувачка одлука КМБ да даде 0 денари сум 100 % сигурен дека нема да донесе , можеби ке скрати ама 0 нема шанси ..

Јас ги продадов КМБ ради коронава ама банката со влегувањето на Чифлиганец факт е дека делува посигурна него НЛБ.
 
Член од
16 декември 2019
Мислења
63
Поени од реакции
75
Mozi da ja objasni nekoj akcijata na Makpetrol? Konstanten pad na akcijata za kompanija koja e vo TOP5, ostvaruva ogromen prihod sekoja godina i lider na pazarot za derivati. Dali ne e sega za BUY?
Dobri rezultati pokazuva ima da se ostvari gama kompletno sto veruvam deka so vlezot vo eu MORA da se ostvari. Cudno e sto nikoj ne ja branese cenata no toa e i dobro posto ne e tolku vestacka.Koga ke se opravi situacijata bi ocekuval najbrz rast da ima od site okej cena e za vlez. Licno imam vlezeno na malce malve povisoki od segasnite i da padne i uste ne bi prodaval zaedno so ALK mi se idoli.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Досега рекордот го држеше една недела од октомври 1982 година кога 695.000 луѓе добиле отказ во една недела. бројката од 3,3 милиони невработени е еден од многубројните показатели како кризата со коронавирусот ќе влијае врз американската економија за која Конгресот вчера одобри помош од два билиони долари (2 илјади милијарди долари).

Пред три недели само 200.000 луѓе се пријавиле за надомест за невработени, што беше најмалку во историјата. Њујорк тајмс пишува дека шокантниот број откази не ја отсликува вистинската слика на ударот врз американската економија бидејќи многу американски работници не можат да аплицираат за надомест, односно оние кои работат на пола работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои се со договор на дело.

Аналитичарите очекуваат дека ова е само почетокот и дека следните бројки ќе бидат уште пострашни. Експертите сметаат дека кризата со коронавирусот целосно ќе го збрише економскиот раст во последните десет години и ќе ги врати САД на времето од крајот на финансиската криза. Речиси сите сојузни држави воведоа делумни или целосни рестрикции на работата, поради што државата губи огромни суми пари па претседателот Доналд Трамп најави дека околу Велигден очекува укинување на рестрикциите и повторно стартување на економијата, против насоките на здравствените експерти.

Трамповата администрација за првпат по 50 години ја спушти невработеноста под 4 отсто. До минатата недела во САД имаше нешто помалку од шест милиони невработени, односно 3,5 отсто, па овие 3,3 милиони се огромен пораст.

Во САД во моментов има повеќе од 70.000 заразени со коронавирусот, а умреа повеќе од илјада луѓе.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom