- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 19.719
- Поени од реакции
- 15.594
така е, ама болката е во законот за Трговски друштва, кој му дава апсолутна слобода во трошење на добивката на менаџерскиот тим кој има 51% ГЛАСОВИ, не личен капитал....Ај да напишам нешто кратко:
Не знам дали сфаќаме/сфаќате дека ова претстојното собрание на ПКБ не е само битка помеѓу 65 акционери и Слободан Кутревски.
Не знам дали сфаќате дека таа наша неактивност и неодење лани на собрание доведе од ланските под 20% до денешните 80% од нето добивката што Слободан сака да си ја исплати сам на себе.
Не знам дали сфаќате дека ако оваа одлука помине ништо не го спречува утре Самарџиовски или Доне, Андреја... тие 80% или 100% од добивката да си ја исплатат преку бонус?
Не знам дали сфаќате дека ако вакви одлуки поминуваат тогаш акционерството нема никаква смисла во Македонија. Нема зошто да постојат АД, нека бидат сите ДООЕЛ. И нема никаква смисла од постоење на КХВ, Македонска Берза ако немаат ингеренции да спречат вакви одлуки.
Не знам дали сфаќате дека ако поминат вакви одлуки и се применуваат вакви практитки дека тоа ќе спречи влез на нови инвеститори во компаниите кои котираат на Македонска Берза (домашни или странски)?
а 101 пат ќе потсетам на англиската ТВ серија од пред 5-6 години, за фудбалски клуб АД друштво, каде газдата имаше 95% од акциите...
Имаше во една од епизодите, газдата беше уценет од гангстери и му бараа 50,000& вои кеш... немаше толку во кеш, па даде налог како менаџер на друга лична островска фирма да му напраи консултански услуги од 50,000&...
Утредента му доваѓа полицајски инспектор и му кажува, ти СИ сопственик на 95% од акциите, АМА не си на 100% !!!