Изгубиле тие кои влегле во берзата во моменти кога сите влегуваа во берза (2007). Изгубив и јас, бидејќи не ги носев одлуките по свое убедување. Меѓутоа после таа авантура исто како да се запишав и докторирав на инвестиции (толку ме кошташе
и морав да научам се и сешто околу инвестициите (не само во берзата). Првио пат влегов со пари за кои решив дека не ми требаат, и тоа беше добра одлука, бидејќи ако ми притребаа, немаше да ги извадам. Мој совет од моето искуство тогаш:
1. Инвестирај свои пари кои нема да ти притребаат
2. Одлучи се за излезна стратегија, и доколку дојде дури и -3% до -5% од излезната цена продавај (јас чекајќи ТТК да порасне за 50 денари, не успеав) и не се кај ако излезеш порано од врвот, бидејќи можно е да го промашиш
3. Инвестирај во компании кои си ги видел, чул или користиш нивен производ (за почетници полесно е во рални наместо во шпекулативни акции). Ако не ги знаеш а сакаш да инвестираш, оди во компанијата, распрашј се што работат и како им оди. Јас инвестирав во две три акции кои имаа „добра приказна“ без да знам што им е кор бизнис.
Во второто влегување веќе знаев да читам финансиски извештаи, да правам анализи. Меѓутоа поради првиот влез не се чувствував самоуверено да влезам, па имам еден-двајца пријатели кои исто се на берзата и се консултирав со нив. Ги бирав внимателно, некогаш водејќи се од интуиција, но секогаш со проверка на бројчи и консултации. Мој совет од моето второ влегување:
1. Инвестирај во компании кои заработуваат (очигледно нели, епа некогаш не е така
) Ако даваат дивиденда супер, но мораат да прават заработка. Мое правило е да инвестирам во компании кои распределуваат дивиденда (дел од зароботувачката) но дел го ставаат во резерви. Така акцијата ти расте капитално за делот кој е нераспределен (нормално и ти се намалува за дивидендата
. Не секогаш го следам правилото со дивиденда
, но секогаш правилото со заработка.
2. Избери влезна цена, и дај си простор +5% да ги фатиш акциите. Јас некогаш за 2-3% немам влезено во акции кои денеска се супер. Па ако сум спремен да фатам некоја акција си давам да дадам +3-5% за да влезам
3. Не ги инвестирај сите средства. Секогаш ќе има некоја интересна акција, а ти ќе ги немаш тие средства на сметка
определи си сума за ликвидност, за во добро и за во зло.
4. Цената на акцијата може да падне. Ти треба да имаш стратегија што тогаш? Продаваш на некоја минимална цена, или чуваш додека да се врати. Ова од случај во случај и пред се дали се случува нешто со компанијата.
5. Научи P/E, P/B, EPS и DY, избери 10-15 акции, следи ги, избери неколку топ и со среќа.
Ова може да ти помогне за полесно:
http://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios/4
Ако сакаш да правиш 10-20% заработка, на право место си, може да се изненадиш и со повеќе, но не очекувај.