Македонска берза

Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Еве се чека да паднат на 150 денари, па да ги купиме сите :facepalm:[DOUBLEPOST=1498564491][/DOUBLEPOST]

Сега видов дека денес пак поминале 20 количина кај PKB.
Ја бркав пред пола година, зедов ептен нешто ситно на 8.500. Па почна да се крева со ситни количини по 10%, и се откажав од купување.
Едно време се појави поголема количина на 11.500, ама па во тоа време немав слободни средства за инвестирање.

Некој да даде тука повеќе инфо за ризиците за компанијава, пошо вака на фундаменти ептен јако изгледа.
Мое мислење е дека следниов период (2-3г) ќе стагнира нема многу многу да иде нагоре со мала тенденција и за пад.

Најмногу поради политика промена на власт и мислам малце ќе подзакочат.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
ПКБ е добро етаблирана како трговака фирма мн помалце како производствена ако ги исклучиме сувомеснатите што секоја гаража веке ги прави. Најголем проблем е дали да им веруваш на Куртевцки или не со 70+ не им е во прилог акцијата да расте во прилог е нивниот број на акции да растат.[
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
http://a1on.mk/archives/757237

Со оваа мерка ќе се пуштат во оптек по околу 1,5-2М евра месечно во државава. Од тоа (мал) дел од компаниите на МСЕ ќе искористат доколку добро се позиционираат. Овде пред се мислам на банките.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Povtorno da prasam dali e isplatena dividendata od OHB , kaj mene nema seuste?
Ако касни повеќе денови обратете се директно во банката, КМБ, ТНБ и СТБ исплаќаат на назначениот датум.

Со оваа мерка ќе се пуштат во оптек по околу 1,5-2М евра месечно во државава. Од тоа (мал) дел од компаниите на МСЕ ќе искористат доколку добро се позиционираат. Овде пред се мислам на банките.
Ова е добро за банките од друг аспект, не од 1-2 М евра месечно што потенцијално би оделе кај нив. Над 130.000 луѓе земаат минималец, со оваа мерка поголемиот дел од нив ќе влезaт во кредитоспособно население, а повеќе кредити значи и поголем профит за банките. Сепак очекувам да има ефект од наредната година, ради lagging ефект.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Ова е добро за банките од друг аспект, не од 1-2 М евра месечно што потенцијално би оделе кај нив. Над 130.000 луѓе земаат минималец, со оваа мерка поголемиот дел од нив ќе влезaт во кредитоспособно население, а повеќе кредити значи и поголем профит за банките. Сепак очекувам да има ефект од наредната година, ради lagging ефект.
Не сум ненормален да мислам дека 2М свежи пари во банките ќе им го подобрат работењето, туку мислев на ефектот на зголемување на кредитната способност на вработените кои имаат плата под 12000 денари.

Денес еве вбризгани се 25М евра во банките преку субвенциите, па никому ништо :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Уни ли ќе ја купува Стопанска
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
На мисла сум да испазарам КМБ. Не ми се чека полугодишен бидејќи тогаш сите ќе се летнат да купат. Немам инсајд инфо за резултатот кој би бил, ама имам некое чувство дека до НГ пак ќе биде 3.000 денари, што би му дошло околу 15% раст, солидно за 6 месеци.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
како паѓаат европските и америчкиве берзи страв да те фати ова насдак има уште 3 сати тргување а е -2.20% има ли некој информација што се случува.
 

up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
Искористете ја можноста за бесплатно следење на тргувањето во живо на берза и давање на електронски налози до 14.09.2017 година на следниот линк!
Бесплатен берзански преглед на тргувањето на берзите во Скопје и регионот. Доколку сакате да го добивате бесплатниот берзански преглед Ве молиме испратете е-маил на следната адреса: broker@nlb.mk
Да го замолам господинот Брокер да го провери e-mailot и да додели по еден user i pass за бесплатно следење на тргувањето.Ви благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom