Македонска берза

Член од
5 јуни 2015
Мислења
682
Поени од реакции
445
Со ставањето на Кочо Анѓушев за министер во владата, го имаме првиот знак дека безрбетништвото во бизнисот ќе продолжи, тоа е одвратно.
Тевдовски доколку ги заузда јавните трошења само на реални и функционални потреби на државата, ќе има доволно пари за се, особено за надополнување на булата во ПИОМ која ја создаде ЖМРО со покачувањето (купувањето) на пензионерите со константното покачување на пензиите како и за постепено намалување на јавниот долг. Мислам дека рецептот за јавниот долг ќе биде да остане на исто ниво во апсолутни бројки со што ќе се намалува како процент од БДП кој секоја година расте :)

Многу јасно е дека за бизнисот и натаму ќе биде тежок период.
И многумина што ширеа бош муабети дека новата власт ќе ја намали администрацијата и ќе отпуштале вработени од администрација, и од тоа нема да има ништо. Ќе се стават многу јавни организации да работат по 2 смени до 19 или 20 часот, и само ќе се дополнително зголеми бројот на администрација, за да можат и овие новите од власт да вработат свои во администрација.
Овие што се веќе вработени во администрација нема да бидат отпуштени, имаат договори за вработување, и можат да си покренат во суд процеси, и замисли колку процеси би имало во судови, би било натрупано судството со такви процеси.
А големо чудо што пример ќе работи некој до 20 часот.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.737
Поени од реакции
8.387
Интересни движења на берзата. Можеби 6ти месец е добар период да се купи нешто.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
316
Поени од реакции
439
Ciganceto prvo go spomnaa za minister i vistina stana, znaci nesto mnogu mu dolzi Zaev iako znae deka so Mijlkov lom praese so strujata, ama politika toa e kje vidime ili kje se oprai brzo ili Zaev kje leta kao partal.[DOUBLEPOST=1496053396][/DOUBLEPOST]
Po moe mislenje realna cena mozebi i dobra za kupuvanje.Jas imam malku STB po ovaa cena ne gi prodavam vo momentov.
Кој кому должи ќе гледаме наредниве неколку години. Од оваа перспектива би било смешно доколку Анѓушев издејствува „невиност“ на својот компањон, БРАТУЧЕДОТ.

Знаеме колку е голем, и во кој период најмногу растеше :)[DOUBLEPOST=1496147919][/DOUBLEPOST]
Многу јасно е дека за бизнисот и натаму ќе биде тежок период.
И многумина што ширеа бош муабети дека новата власт ќе ја намали администрацијата и ќе отпуштале вработени од администрација, и од тоа нема да има ништо. Ќе се стават многу јавни организации да работат по 2 смени до 19 или 20 часот, и само ќе се дополнително зголеми бројот на администрација, за да можат и овие новите од власт да вработат свои во администрација.
Овие што се веќе вработени во администрација нема да бидат отпуштени, имаат договори за вработување, и можат да си покренат во суд процеси, и замисли колку процеси би имало во судови, би било натрупано судството со такви процеси.
А големо чудо што пример ќе работи некој до 20 часот.
Администрацијата ќе се намали природно, метастазираниот дел (неспособни, некадарни, мрзливи и сл.) сами ќе си одат со тек на време.

Работењето во две смени на администрацијата е добро, па и посакувано за многу од граѓаните на Македонија со оглед на фактот што огромен процент од нив кои работат во реален сектор трошат по 10 часа дневно на работа вклучувајќи го тука и времето за одење од дома до работното место и обратно.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
358
Поени од реакции
372
Администрацијата ќе се намали природно, метастазираниот дел (неспособни, некадарни, мрзливи и сл.) сами ќе си одат со тек на време.
Ова ми изгледа тотално неверојатно
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
Мене паметот ми иде накај СТБ :гик:
Ете на собранието денес потврдија 127 ден бруто дивиденда.
Абе да не зборам какви кафански муабети се вртеа; демек предлогот за толку висока ќе се одбиел на собрание, а бил објавен цената да рипне, за инсајдери и пријатели да се истресат врз купувачите на скапо.

Хехе, еден сомнеж помалку. :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.920
Поени од реакции
10.944
Се надевам дека ТНБ ќе ја исплатат дивидендата на 10-ти, најкасно 11-ти јуни, таман да можам да ги реинвестирам нив (плус ситната дивиденда од КМБ) во СТБ. Последен ден за тргување со право да дивиденда е 12-ти јуни.
 
Се мислиш да купиш пред дивиденда, и јас го мислев истото.
 
Член од
5 мај 2007
Мислења
95
Поени од реакции
48
Ќе оди над 1000 СТБ пред девиденда???
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
820
Поени од реакции
537
Јас напишав дека вчера дека стб 950 денари е заебанција и дека како се ближи пресекот така ке оди накај 1000. повратокот од дивиденда е 12.5% а според резултатите пак ке дадат и наредниот пат.
 
Ако гледаме само според тековниот принос повратот е некаде 14% од цената што и не е така многу. Охридска а сега и ТНБ се движат околу 20%.
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
Ќе оди над 1000 СТБ пред девиденда???
Со информациите што ни се достапни, објавени, внатрешни, од рекла казала и кафански анализи (пијанчења), требаше одамна да биде 1000+
Но ете не е сеуште, значи има нешто што не сме го земале в предвид.
Можеби треба да мислиме сега дали ќе падне на под 850 после пресек.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
358
Поени од реакции
372
Се исплаши Јорго дека кризата ќе ескалира па го подели цел ќар. Сега откако се смири ќе си продолжи со старата политика..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom