Македонска берза

Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
За мене е нереално Грците да прифатат само 220 милиони евра понуда (ако прифатат боок валуе) за банка која им прави по 40+ милиони профит, претпоставувам повеќето ќе се сложиме дека понудата нема да биде испод 1.200 денари.

ПС. Законот за превземање на АД е како лицето СМ лично да го пишувал, он бар се разбира во давање понуди за превземање што не може да се одбијат :D
се надевам дека нема ни тие да ја дадат мислат истко како нас ке ја исплатиме за 7 години преку дивиденда зошто би ја давале обврските сите ги затворија со турската филијала. Иам претчуство дека пишувачот на законот за преземање заедно со помалото братче излегоа на првиот бран кога стигна 970+ пред исплата на првата дивиденда.
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
Го отворив законот и според член 63 да, може да даде понуда што не се одбива :)
Но бар цената, според член 14 ако убаво прочитав, не може да биде помала од просечната тргувана за последни 12 месеци.
Па според странава од MSE долниот праг би бил 838 ден во моментов.
 
Последно уредено:
Член од
15 февруари 2012
Мислења
426
Поени од реакции
522
А јас бев во заблуда дека приватната сопственост е светиња.[DOUBLEPOST=1494732340][/DOUBLEPOST]:toe::toe:
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Грците пред продажбата имаа цена во главата и верувам дека ја постигнаа дел со повлекуање пари пред продажба дел во кеш на денот.

Постапките на продажба на банките во Бугарија и МК се за сега сосема идентитчни. Дивиденда пред Нова Година во ниедно време на вонредни собранија. Дивиденда уште една и собрание редовоно во Бугарија пред продажбата исто како и сега во МК редовно собрание со дивиденда. Ако историјата и искуството од продажбата во Бугарија во последните 6 месеци може да биде некаков репер тогаш со завршувањето на собранието наредниот месец би се знаел новиот сопственик. Ако е истиот газда тогаш е КБС за што сакам длабоко да поверувам.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Туку, што беше ова со КМБ денес?
Според неделните измени од ЦДХВ испаѓа дека странски фондови продале над 1% од КМБ а купувачи се домашни физички лица
 

Attachments

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
дали може некој да постира bid/ask за TKVS и PPIV. последниов извештај за пивара, мал пад на продажба ,а доста поголеми расходи. Тиквеш го купил Винојуг. дали инвеститориве реагираат со налози? последни цени беа 2085 и 40000 ден.
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
дали може некој да постира bid/ask за TKVS и PPIV. последниов извештај за пивара, мал пад на продажба ,а доста поголеми расходи. Тиквеш го купил Винојуг. дали инвеститориве реагираат со налози? последни цени беа 2085 и 40000 ден.
TKVS
Код:
Купување...         Продавање...   
Количина    Цена       Цена Количина
      60   2.147      2.300       55
      65   2.023      2.499       75
                      3.000       20
                      3.500       54
PPIV
Код:
Купување...         Продавање...   
Количина    Цена       Цена Количина
      10  36.000     40.000       10
                     40.500        5
                     41.200       23
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hub

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Според неделните измени од ЦДХВ испаѓа дека странски фондови продале над 1% од КМБ а купувачи се домашни физички лица
долгорочно не ќе да е добро поготово ако се земе цената за излез. Е сега се ова кажано малку историја. Се сеќавам дека словенците истовараа голема количина на 1800 пред 4-5 год.и тоа доста долго траеше поради неликвидноста на пазарот во тоа време. после истоварот цената падна уште малку до 1600 по што нагло порасна.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Нема крај на проблемите со законите за НЛБ
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Па добро мајка му стара па банкава бар месец два да одмореше малку од проблеми... :D
Имам другар што работи во банка и постојано одат на семинари за борба против перење пари, ама овде изгледа директорот не ја посетувал :)

Очекувам банките да бидат вмешани уште најмалку во предметот Актор, и во предметот за финансирањето на ВМРО.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Нема крај на проблемите со законите за НЛБ
Па добро мајка му стара па банкава бар месец два да одмореше малку од проблеми... :D
Е па, се подготвува продажба на банката, мора да се собере провизија од давањето амин за нејзината продажба.

НЛБ Банка не е Алфа Банка или некоја друга помала банка во Македонија, туку е една од трите најголеми банки во Македонија, а за продажба на таква банка потребен е поголем партиски мираз, поточно поголема партиска провизија, или во спротивно ќе следува нејзино уништување.

Кога Основното јавно обвинителство, кое никогаш не било попасивно и попријателски ориентирано кон организираниот криминал, како што е сега под раководство на Марко Зврлевски, одеднаш како гром од ведро небо почнува да отвора вакви нови предмети, повеќе од јасно е дека ваквиот потег сервиран од ОЈО е подготвен во партиска кујна, а нарачан од партиски штаб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom