Македонска берза

До колку очекувате да падне МБИ10 заради вирусната пандемија:

  • 3000

    Гласови: 36 26,1%
  • 2000

    Гласови: 43 31,2%
  • 1000

    Гласови: 15 10,9%
  • 0 (да го испоштуваме другарот Близард)

    Гласови: 14 10,1%
  • МБИ ќе иде у плус, какво паѓање

    Гласови: 30 21,7%

  • Вкупно гласачи
    138

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
580
Поени од реакции
616
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=41043

Малку прититисок и одма други биланси, покрај сите фактори што се пењават со години дека им сметале во работењето. Се надевам дека големата пљачка заврши и дојде време МПТ да поработи малку за своите акционери. ако продолжи вака ке може лабаво да исплати барем по 2000 ден. другата година.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
820
Поени од реакции
537
Јас го имам читано статутот во неколку наврати. Статут на компанија може да се менува секоја недела.

Авторов ја цитира директива на ЕУ која што гарантира еднаков третман на акционерите. Нашиот закон за трговски друштва не знам колку е усогласен, но таа директива ќе му биде насока на усогласување. Во случајов како што читам овде има искористување на позицијата на мнозинство на еден род на акции во однос на друг род на акции.

А и не ги разбирам грците кои за 1,3% од вклупниот број акции не ги конвертираат приоритетните и да бидат задоволни 3884 акционери (најчесто сегашни и бивши вработени). Со продолжување на вакво status quo ситуација си создаваат незадоволство на собрание на акционери, а постои и репутациски ризик, ако вакви статии продолжат да се пишуваат.

П.С. Не знам дали ПИОМ поседува дел од приоритетните акции. Лани тие направија притисок кај Прилепска Пиварница за конверирање на приоритетните акции поради несразмерна распределба на добивката од компанијата помеѓу родовите на акции, и успејаа во тој обид.
Тендо,
Кај стопанска банка не е проблем дали може да се смени статутот туку законот. Тој статут е донесен и опстои по законот за санација на стопанска банка. Да те потсетам Љубчо Герогиевски како Премиер пред да ја продаде Стопанска банка на грците ја санираше на наш трошок тогаш учестувааа НРБМ со некој вид обврзница и вработените. Прво треба да се смени законот за санација на стопанска банка( што не верувам бидејки е завршена работа) затоа се овие акции не конвертибилни тие се донесени да бидат перпетуитет.

Дополнително во која бела книга авторите од фактор цитараат дека приоритетние и обичните акции треба да имаат исти третман тоа е малце несериозно. Приоритетните се позајмици не се капитал . Тоа е исто како да земеш кредит од банка и колку ти е добивката толку на банката да исплаќаш главнина. Приоритетните се понапред во редот на наплата во случај на стечај и сл.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
342
Поени од реакции
342
Директорот на порталот ФАКТОР е поранешен директор на ИЛИРИКА-Македонија. Сопственичката структура исто така е составена од играчи на МБ и преку него се промовираат нивните интереси. Не е прв пат да пишуваат глупости.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
929
Поени од реакции
1.427

Ги имам прочитано сите закони и службени весници за санацијата на Стопнска Банка, таков член за неквортабилност не постои.
По предлог на Надзорен Одбор до Собрание на акционери, тие можат уште на ова собрание да ги конверитраат.
И приоритетните влегуваат како капитал на банката.

П.С. Ако сакаш да ме демантираш, би те замолил да го најдеш и да го постираш тој член за неконвертабилност тука на форумов.
 
Член од
20 јуни 2010
Мислења
78
Поени од реакции
85

По законот санацијата, направени се дополнителни емисии, меѓу кои две емисии, од каде произлегуваат приоритетните акции. Така да реално приоритетните акции не се поврзани со тогашните обврзници кои се кон НБРМ (и кои достасуваат 2020).

Инаку далеку од тоа дека не се конвертибилни, и најмалку дека приоритетните не се капитал. Секако дека се и конвертибилни и се капитал, само што во овој случај немаат право на глас. Според одлуките за докапитализација, овие приоритетни акции имаат загарантирана минимална дивиденда (% на годишен депозит + дополнителен поен), но и дел кој што зависи од работењето на компанијата. Е сега поради тоа што целата моќ на одлучување ја имаат обичните акции, тие донесуваат одлука да нема дополнителен дел на дивиденда кој е поради позитивното работење. и од тука произлегува нееднаквоста на третирање, бидејќи акциите со право на глас, не одлучуваат позитивно за акциите кои го немаат тоа право.

Ситуацијата може да се реши 1) ако на фер основа се распределува дополнителна добивка на приоритетните акции или 2) истите се конвертираат во обични и се здобиат со истите права како и обичните. Нормално, за ова тре да се согласни мнозинството обични и мнозинството приоритетни
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.682
Поени од реакции
8.330
Значи имателите на приоритетите акции сигурно ги знаат нивните права. Не разбирам зошто е сега ова негодување на износот на дивидендата. Ако не им се допаѓа ситуацијата едноставно можат да ги продадат овие акции и да си купат обични.
 
Не коментарам за сите статии и колумни на Фактор, но конкретно оваа е во интерес на акционерите, и како медиум треба да го подржат таа иницијатива.
Се работи за некои 39.000 евра од дивидендата што НБГ треба да се откаже во корист на 3884 акционери на приоритетни акции.

Не можеш тоа да го кажеш така, ми ѕвучиш како подржувачите на ДПМНЕ кои велат на кои не им се бендисуваше минатата власт, можат слободно да се одселат од земјата.
До душа и многу граѓани кај нас, го направија тоа. Овие се акции кои учествуваат во капиталот на банката. И ако во овој момент банката работи солидно и остварува одлични добивки треба да распредели сразмерно и дел од добивката и во другиот род на акции, не десеткратно повеќе во родот каде што мнозинскиот акционер има најголема корист.

Како и да е, јас очекувам тој процес да го завршат како и сите други банки пред продажба, белки нема на наредниот сопственик да му остават во наследство 1,3% револтирани акционери.:)

П.С: Може да се направи некоја иницјатива, па сите сопственици на STBP кои се на форумот за подетални информации може да ми пишат во inbox.
 
Zedd, приоритетните акции имаат и дополнителен дел кој зависи од работењето на компанијата, кој не го добиваат. Во моментот пресметката се прави по номинална вредност на STBP и се исплаќа процент на едногодишен депозит во момент кога депозитите се на најниско ниво. Нормално дека не може да го добиваат истиот процент на дивиденда како STB и во случај на висока акумулирана добивка и можност на исплата на истата, мислам дека треба соодветно да се третира и капиталот кој доаѓа од приоритетни акции.

И после ова, не е прашање на дали, туку кога конверзија, а до тогаш фер третман на сопствениците на капитал. Ова од мнозинскиод сопственик сигурно го имаат размислувано, но зошто не се спроведува во пракса, ќе покаже времето.

Не коментарам за сите статии и колумни на Фактор, но конкретно оваа е во интерес на акционерите, и како медиум треба да го подржат таа иницијатива.
Се работи за некои 39.000 евра од дивидендата што НБГ треба да се откаже во корист на 3884 акционери на приоритетни акции.

Не можеш тоа да го кажеш така, ми ѕвучиш како подржувачите на ДПМНЕ кои велат на кои не им се бендисуваше минатата власт, можат слободно да се одселат од земјата.
До душа и многу граѓани кај нас, го направија тоа. Овие се акции кои учествуваат во капиталот на банката. И ако во овој момент банката работи солидно и остварува одлични добивки треба да распредели сразмерно и дел од добивката и во другиот род на акции, не десеткратно повеќе во родот каде што мнозинскиот акционер има најголема корист.

Како и да е, јас очекувам тој процес да го завршат како и сите други банки пред продажба, белки нема на наредниот сопственик да му остават во наследство 1,3% револтирани акционери.:)

П.С: Може да се направи некоја иницјатива, па сите сопственици на STBP кои се на форумот за подетални информации може да ми пишат во inbox.
TENDO, поддршка на иницијативата од моја страна, како сопственик на STBP и STB
ти праќам контакти во инбокс
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.682
Поени од реакции
8.330
Јас се сложувам со тоа што сте го пишале зборот ми е дека така се поставени правилата, дали е фер или не е друга работа.

Сега кога гледам наназад освен можност за конверзија веројатно и надежта дека дивидендата што ќе се подели ќе биде иста беше причината за драстичниот скок на цената на приоритетите.
 
Цената на приоритетните корелира со цената на обичните акции.
Сопствениците на приоритетните акции очекуваат дека при конверзија, соодносот ќе биде 1 приоритетна акција = 2 обични акции (врз база на номиналната вредност на акциите), и се надеваат на остварување на добра капитална добивка од завршувањето на тој процес.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
820
Поени од реакции
537
Директорот на порталот ФАКТОР е поранешен директор на ИЛИРИКА-Македонија. Сопственичката структура исто така е составена од играчи на МБ и преку него се промовираат нивните интереси. Не е прв пат да пишуваат глупости.
Е фала што ми кажа ова ја појаснува целата ситуација. Таков мајка еднаш раѓа.

Ги имам прочитано сите закони и службени весници за санацијата на Стопнска Банка, таков член за неквортабилност не постои.
По предлог на Надзорен Одбор до Собрание на акционери, тие можат уште на ова собрание да ги конверитраат.
И приоритетните влегуваат како капитал на банката.

П.С. Ако сакаш да ме демантираш, би те замолил да го најдеш и да го постираш тој член за неконвертабилност тука на форумов.
Постирај линк од законот јас да ти посочам штом велиш си ги прочитал сигурно ги имаш да не барам по нетов,ако си ги прочитал ке ти биде јасно. Таман и сите на форумот да видат.

По законот санацијата, направени се дополнителни емисии, меѓу кои две емисии, од каде произлегуваат приоритетните акции. Така да реално приоритетните акции не се поврзани со тогашните обврзници кои се кон НБРМ (и кои достасуваат 2020).

Инаку далеку од тоа дека не се конвертибилни, и најмалку дека приоритетните не се капитал. Секако дека се и конвертибилни и се капитал, само што во овој случај немаат право на глас. Според одлуките за докапитализација, овие приоритетни акции имаат загарантирана минимална дивиденда (% на годишен депозит + дополнителен поен), но и дел кој што зависи од работењето на компанијата. Е сега поради тоа што целата моќ на одлучување ја имаат обичните акции, тие донесуваат одлука да нема дополнителен дел на дивиденда кој е поради позитивното работење. и од тука произлегува нееднаквоста на третирање, бидејќи акциите со право на глас, не одлучуваат позитивно за акциите кои го немаат тоа право.

Ситуацијата може да се реши 1) ако на фер основа се распределува дополнителна добивка на приоритетните акции или 2) истите се конвертираат во обични и се здобиат со истите права како и обичните. Нормално, за ова тре да се согласни мнозинството обични и мнозинството приоритетни
Ги извртуваш работите како ти одговараат. Никој не рече дека дека акциите на вработените се дел од обврзниците на НРБМ ова сам си го напиша погледни го мојот пост погоре. Во санацијата покрај нбрм учествуваа и вработенит од плата за мали пари добија голема вредност камата на заем вечно. Тоа што сега се мали каматите а дивидендата е по нив дефинирана тоа знам дека боли.

Како може да пишуваш небулози дека приоритетните се дел од капитал ама ете неможе да гласаат. Па не е ова Пивара кога вкупниот врој се поделиле на 90% обични и 10% приоритетни. Ова Е санација спасување реструктуирње. Ако ове два концепти ти се непознати тогаш тешко ке објасниме работите на форумот.

Цената на приоритетните корелира со цената на обичните акции.
Сопствениците на приоритетните акции очекуваат дека при конверзија, соодносот ќе биде 1 приоритетна акција = 2 обични акции (врз база на номиналната вредност на акциите), и се надеваат на остварување на добра капитална добивка од завршувањето на тој процес.
:) Ја мајката да се конвертитаа 1x2 па да не делудирате нас обичните смртници кои чекаме 7-8 -10години да земаме дивиденда. Кај бевте до сега на Собрание последните 10години кога лапавте дивиденда на приоритетните а ние компири да се карате и да барате конвертирање?А . Или тогаш арно беше сега кога отиде цената на 1000 еве . Па извини Миле не сме и ние со палецот во уста први ке се буниме. Посебно за тие што ова смислено го правеле и сега објауваа притисок по списанија.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
929
Поени од реакции
1.427
Постирај линк од законот јас да ти посочам штом велиш си ги прочитал сигурно ги имаш да не барам по нетов,ако си ги прочитал ке ти биде јасно. Таман и сите на форумот да видат.
Јас напишав дека ги прочитав законите и службените весници, но нигде не видов таков член каде стои дека тие се нековертабилни.
Можи си се збунил. Стои дека тие се неоткупливи. Што значи иако во одреден момент и да и е во корист на банката, таа не можи самоиницијативно да ги откупи (конвертира), без согласност на мнозинство од приоритетните акции на собрание на акционери.

Ги читав и ги барав сите закони и весници пред неколку месеци. Тука ќе ги поставам оние што ги добив при прво гуглање, т.е. првичниот изглсан закон за санација.

http://www.finance.gov.mk/files/u11/Zakon_sanacija_rekonstrukcija_banki.pdf

http://www.slvesnik.com.mk/Issues/AFE5D280BCC2473BB7DC4FCA5078EE33.pdf
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
929
Поени од реакции
1.427
:) Ја мајката да се конвертитаа 1x2 па да не делудирате нас обичните смртници кои чекаме 7-8 -10години да земаме дивиденда. Кај бевте до сега на Собрание последните 10години кога лапавте дивиденда на приоритетните а ние компири да се карате и да барате конвертирање?А . Или тогаш арно беше сега кога отиде цената на 1000 еве . Па извини Миле не сме и ние со палецот во уста први ке се буниме. Посебно за тие што ова смислено го правеле и сега објауваа притисок по списанија.
Наместо конфронтации тука и на собрание купи си приоритетни на време, да не биде после „Леле ја нисам знајала“... :D

Јас сум сопственик и на обични и на приоритетни акции од STB.

П.С. Еве и за другите неверни Тома, УНИ Банка и во новиот извештај растури.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
820
Поени од реакции
537
Значи во законот убаво пишува "неоткупливи". Значи шансата да ги конвертирате во обични е 0% . Освен во Собрание на РМ да се предложи измена на законот се спротивно на тоа е кривично дело, ако на собрание на акционери се донесе одлука за која гркот 100 пати се изјасни дека неможе такава конверзација да се направи.

Е сега твојот повиk да се купуваат приоритетни го разбирам како kрик на очај да се наде некој што е понаивен да може да му се тутнат приоритетните акции да се излезе пошто зашто пазарната цена од 150-250ден за нив ке дојде набрзо.
 
ОК доволно е. Со овој пост ја завршувам дискусијата. Ти напишав горе, што значи терминот „неоткупливост“.
Како термин неоткупливи приоритетни акции стоеја и во статутите кај TNB и кај KMB пред конверзија.
Ако тебе или некој друг од форумот го интересира, тоа лесно може да го провери.

П.С. Ако сакав да ги продадам на цена од 700 денари, лесно можев во последниот период кога поминаа некои 4-5000 акции на таа цена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom