Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.267
Поени од реакции
1.603
Sustinata e drugite mnozinski akcioneri da ne go sledat negoviot primer.
Суштината е сега да се реагира кај вистинските господари у државава што го држат судството во шака да следат и да осигураат Апелација да донесе законска пресуда, а не вака перфидно да ги поништува акционерските права! Секако, и зелките да ги поднесат сите правни дејствија против судијката пред Судскиот совет и другите институции.

Веќе пишав дека можеби мислите дека ете баш у вашите компании директорите се скромни и чесни и постои висока корпоративна култура и дека никогаш ама баш никогаш и они не би постапиле исто како Кутревски, ама бидете сигурни дека тие или нивните родители на сосема ист начин во деведесетите искористиле шанса кога државата била село без кучиња за на валкан начин да стекнат капитал од десетици милиони евра, и дека сигурно нема и овојпат да ја пропуштат!
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
73
Поени од реакции
114
Денес, едно акционерско друштво - ДС СМИТХ, објави предлог одлука за распоредување на добивката која не само што формално се повикува на член 483 од ЗТД, туку целосно, 100% го применува. Оваа предлог одлука претставува УРНЕК за тоа како треба да изгледа една одлука за распоредување на добивката според Законот за трговски друштва. Еве го тектот на предлог одлуката:

Врз основа на член 384 и член 483 од Законот за трговските друштва и член 58 в.в член 60
и член 129 од Статутот на Друштвото за производство на хартија и амбалажа ДС СМИТХ
АД Скопје, Собранието на Друштвото на својата редовна годишна седница одржана на ден
12.11.2020 година, донесе:
ПРЕДЛОГ- О Д Л У К А
за распоредување на добивката на Друштвото
1. Согласно Годишната сметка на Друштвото за 2019 година остварената нето добивка на
Друштвото изнесува во вкупен износ од 19.885.606,00 денари (деветнаесет милиони
осумстотини осумдесет и пет илјади шестотини и шест).
2. Остварената добивка на Друштвото ќе биде распоредена за следните намени:
a) 19.885.606,00 денари (деветнаесет милиони осумстотини осумдесет и пет илјади
шестотини и шест) за покривање на загубите од минатите години;
б) МКД 0,00 илјади за законските и статутарните резерви на Друштвото;
в) МКД 0,00 илјади за исплата во вид на дивиденда;
г) МКД 0,00 илјади за дополнителни издатоци;
д) МКД 0,00 илјади ќе се пренесат како акумулирана добивка.
ѓ) МКД 0,00 илјади за зголемување на основната главнина и;
e) МКД 0,00 илјади за инвестиции.
3. СЕ ЗАДОЛЖУВА сметководствената служба на Друштвото да ја спроведе Одлуката.
4. Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето.
Доставено до: Претседавач на Собрание
1. Општа & HR Служба на ДС СМИТХ АД Скопје
2. Сметководствена служба
3. Архива
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
1.486
1. Согласно Годишната сметка на Друштвото за 2019 година остварената нето добивка на
Друштвото изнесува во вкупен износ од 19.885.606,00 денари (деветнаесет милиони
осумстотини осумдесет и пет илјади шестотини и шест).
2. Остварената добивка на Друштвото ќе биде распоредена за следните намени:
a) 19.885.606,00 денари (деветнаесет милиони осумстотини осумдесет и пет илјади
шестотини и шест) за покривање на загубите од минатите години;
б) МКД 0,00 илјади за законските и статутарните резерви на Друштвото;
в) МКД 0,00 илјади за исплата во вид на дивиденда;
г) МКД 0,00 илјади за дополнителни издатоци;
д) МКД 0,00 илјади ќе се пренесат како акумулирана добивка.
ѓ) МКД 0,00 илјади за зголемување на основната главнина и;
e) МКД 0,00 илјади за инвестиции.
Ова е битно да се знае. Дека делот за исплата на дивиденда законски доаѓа пред пренесувањето на средства во Акумулирана добивка. И ете Кутревски и остала багра можат да видат дека Награда за Менаџментот не е предвидена како дел од распределбата на Нето добивката, затоа што Нето добивката веќе е сопвеност на акционерите, а не на вработените.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
613
Поени од реакции
610
Abe ubavini. Dodeka ne dojdes do beleshka 10 kaj sto ti pagjaat vo oci 27 M dens isplateni za menadzerski uslugi vo grupacijata. A firmata so dobivka od nepolni 20 M dens...

Uste eden biser balkanski :rolleyes:
И кон ова види во Белешка 10:
Интелектуални услуги - 15.7 М денари.
Менаџерски услуги од групацијата - 27 М ден.
Репрезентација - 2.4 М денари (10% од добивката)
Останати трошоци - 10 М ден.

Ова да има нормална држава со организирани акционери ќе се скратат огромен број од овие пари и фирмата ќе биде многу профитабилна и интересна на МСЕ
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.267
Поени од реакции
1.603
Сите забелешки што ги имате за КОМУ се валидни, а заедно и со многу други ќе ги покренам на акционерското. Дури и со вакво очигледно черупање од страна на мајката, фирмата има П/е од 4, а оваа година ќе има веројатно 1,5! Меѓутоа, тоа не е причина да не се ангажирам и овоа одлевање на профитот у странство да се спречи.

У принцип, целосно е реорганизирана у однос на старата Комуна, вработува нови работници, а ДС Смит е лидер и дел од ФТСЕ 100. Сериозна конкуренција скоро да и нема во државава, малтене е како Кока-кола у споредба со локалниве сокари. Клиенти се новоотворените инвестиции и прехрамбените компании, вклучувајќи го и Пекабеско. Коцкичките се наместени за раст на продажба и пазарен удел.

Пак ќе повторам, све ова е небитно ако помине одлуката за бонусот на Кутревски на Апелација. Сега сите ја видовте небулозната пресуда каква судбина нѐ чека: ем нѐ крадат, ем нѐ прават будали! Одвојте 20 минути кој веќе не пратил мејл и известете ги амбасадите, медиумите, партиите за ова лудило да се спречи додека не отишол возот.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
30
Поени од реакции
33
Vo odnos na PKB, ako moze korelacija edna, ako si so devojka koja ne ti dava, dodeka obozava da mastrubrira, sto bi napravil?
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Vo odnos na PKB, ako moze korelacija edna, ako si so devojka koja ne ti dava, dodeka obozava da mastrubrira, sto bi napravil?
Не ти е оваа корелација баш некое ниво ама ок . . . .

Ќе ебам на страна и ќе чекам раката да и фати плускавци . . . Денес за пари дискреција е загарантирана.
Потоа ќе раскажам на сите дека е дркаџика, па ќе и се прошири муабет . . .
Вистинските ебачи нема да сакаат да ја помирисаат, а девојката ќе остане и не издркана и не ебана . . .
Всушност девојката не знае што е убаво. Она е затворена во своите фантазии и не знае да сврши на к.р . . .
На крај девојката ќе остаре, рацете ќе и се згужваат, ќе се нуди ама тогаш баш никој нема да ја погледне.
Ќе остане сама, а муабетите ќе и останат . . .
Истото е и со Кутревци. Се надевам дека ти помогнав . . .

п.с.
Некогаш не е ни до пари, ни до секс . . .
Еден колега викаше: „Џабе ебеш, ако не се пофалиш“.
Муабетот е битен, а муабетот модерно го викаат маркетинг . . .
Кога ебеш, еби со стил. Да те запамтат како добар ебач, а не да те оговараат дека не си можел да ја задоволиш....
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.267
Поени од реакции
1.603
Vo odnos na PKB, ako moze korelacija edna, ako si so devojka koja ne ti dava, dodeka obozava da mastrubrira, sto bi napravil?
Баш ќе видиме како ќе реагираат потрошувачите на производите на Пекабеско доколку медиумски се потрудам да го дознаат однесувањето на Слободан Кутревски. Дали ќе трошат повеќе или помалку производи ако знаат каква корпоративната некултура владее во фирмата.

Џабе и да изградиш 23-та најголема компанија во државата со скоро 500 вработени и над 80 миљони евра обрт, кога првите два резултати кога ти се пребара името ти се "Спие ли мирно" и "Ода на алчноста" 19467033-F111-44C4-8E49-290C6DC3F049.jpeg
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
224
Поени од реакции
153
Баш ќе видиме како ќе реагираат потрошувачите на производите на Пекабеско доколку медиумски се потрудам да го дознаат однесувањето на Слободан Кутревски. Дали ќе трошат повеќе или помалку производи ако знаат каква корпоративната некултура владее во фирмата.

Џабе и да изградиш 23-та најголема компанија во државата со скоро 500 вработени и над 80 миљони евра обрт, кога првите два резултати кога ти се пребара името ти се "Спие ли мирно" и "Ода на алчноста"Прегледај го приврзокот 270174
Првиот резултат е Did you mean Куртевски, па после овие другите :ojeaa:
 
Член од
11 октомври 2020
Мислења
16
Поени од реакции
5
Може ли да ми објасни некој како да купам акции дали тоа оди преку банка, или може и преку македонска берза, колку изнесуваат дополнителните трошоци, данок и слично.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
30
Поени од реакции
33
Na temata dali mi e na nivo muabetot, apsolutno se slagam deka ne mi e. Za na kolegata James Bond nivoto sepak sum barem malku povisoko.
Na temata PKB generalno, toa e sleden Okiteks, neznam dali samo vo MK ili i posiroko, primer na AD transformacija vo DOO. Mozda vi se cini nerealno, no imaat posle bonusot dovolno pari da si kupat akcii, i da otidat pod 50 sopstvenici. Ne znam zosto se trosi vreme na akcija koja 90% od citacite na forumot ne bi ja kupile, i toa so pravo, poradi dve pricini: nema dividenda i ne e likvidna.
 
Член од
20 јуни 2010
Мислења
79
Поени од реакции
87
Може ли да ми објасни некој како да купам акции дали тоа оди преку банка, или може и преку македонска берза, колку изнесуваат дополнителните трошоци, данок и слично.
Многу луѓе се заинтересирани за можноста да заработат пари по пат на инвестирање. Но, не знаат како и каде да инвестираат.
Некои луѓе заштедените пари ги ставаат во банка и очекуваат со каматата да го зголемат почетно вложениот износ на парите. Други, пак, ги чуваат дома. Но, ниту еден од овие начини на штедење не може да ги обезбеди целосно Вашите очекувања за голема заработка. Првиот начин значи чување на парите на сигурно место, со релативно ниска каматна стапка и расположивост за користење зависно од рокот на депонирање, а вториот начин овозможува лесно и брзо располагање, но чувањето не е сигурно и не носи никаков приход.
Преку берзата се јавува нова можност за инвестирање и штедење: инвестирање и штедење во хартии од вредност (акции и обврзници). Споредено со штедењето во банка или штедилница, инвестирањето носи ризик заради можноста цените да растат или опаѓаат. Меѓутоа, од овој начин на инвестирање и штедење произлегува и можноста за поголема заработувачка.:vozbud:


Како да купите акции?
Постојат два начини на кои можете да станете акционер на некое акционерско друштво, односно да се стекнето со дел од тоа друштво:
1. Купување на акции од новата емисија: До потребниот капитал друштвото може да дојде по пат на нова емисија на акции кои ќе бидат наменети за јавноста, односно друштвото ќе изврши "јавна понуда на акциите". Друштвото емитент мора да ги презентира основните податоци за продажбата на акциите во т.н. Проспект и мора да ја огласи емисијата барем во еден дневен весник.

2. Купување на постоечки акции: Главната функција на Берзата е во секое време да овозможи купување и продавање на постоечките акции (трговија со акциите, т.н. секундарно тргување). Инвеститорите, било големи институции, било физички лица, не можат да делуваат за своја сметка на пазарот. Тие мораат да се обратат до брокерската куќа, која е овластен учесник за тргување за да купи или продаде акции или обврзници во име и сметка на клиентот, бидејќи тргувањето со хартии од вредност се врши единствено преку овластени учесници - лица кои положиле посебен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност и се стекнале со звање овластен брокер.

Како да најдете брокер?

Пред да започнете, најдобро е да се консултирате со повеќе брокери за да ги споредите нивните услуги и провизиите што ги наплаќаат. Брокерството спаѓа во рамките на т.н. персонални услуги и може да се приспособи на Вашите специфични потреби. Вашиот избор на брокер ќе зависи од тоа што барате брокерското друштво да направи за вас. Некои брокери се специјализирани само за тргување, други за нудење инвестициони совети или посебни услуги.
Тргување: ова е најефтина услуга, при што Вие едноставно го повикувате Вашиот брокер и му давате налог да купи или продаде некои акции по Ваш избор. Тој нема да Ви даде никаков совет, туку едноставно ќе ги спроведе Вашите инструкции и ќе се обиде налогот да се реализира.
Советници: брокерите што делуваат како советници ќе дискутираат со Вас за различните карактеристики на друштвата, односно хартиите од вредност што котираат на Берзата. Тие, исто така, ќе Ве советуваат дали треба да ги купите, да ги продадете или да ги задржите акциите во одредена друштво или како и кога да го зголемувате или намалувате Вашето портфолио.
Посебни услуги: клиентите кои сакаат некој друг да управува со нивното портфолио (листа) на акции би требало да користат услуги на некој брокер кој нуди т.н. посебни услуги. Вашиот брокер редовно ќе контактира со Вас и ќе Ве информира за акциите што ги купил или продал, за тоа колкава е вредноста на Вашето портфолио и за износите на дивидендите што се прокнижени на Вашата сметка во изминатиот период.
Доколку е направен избор на брокер кој ќе Ве застапува, следен чекор е потпишување на т.н. општ договор со клиентот. Овој договор е задолжителен и со него точно се одредуваат услугите што брокерското друштво ги нуди и условите според кои брокерот делува во Ваше име.

Како да почнете?

Мора да одлучите дали сакате да инвестирате заради добивање на редовен приход или имате за цел Вашите средства да се зголемат со тек на време како резултат на пораст на цената на акциите, или заради комбинација на двете цели на инвестирање. Можеби, прво ќе сакате да купите мал број на акции во едно или две друштва.
Со време, може да одлучите да ги проширите Вашите инвестиции, со инвестирање во друштва од различни стопански сектори. Изборот може да го направите помеѓу релативно сигурните државни обврзници, преку акциите во големи, профитабилни друштва, до акции во нови и помали друштва кои се потенцијално поризични, но носат обично повисока добивка. Имајќи го ова предвид, советот на Вашиот брокер ќе биде особено значаен.
Вашиот брокер е стручен да Ве посоветува како да направите избор од повеќето можности за инвестиции што Ви стојат на располагање. Откако ќе одлучите како да инвестирате, можете да почнете со правење на листа од акции и обврзници што во најголема мерка соодветствуваат на Вашите потреби.

Што се случува кога купувате акции?

Кога ќе му дадете инструкции на Вашиот брокер да купи акции, тој го извршува Вашиот налог на Берзата и ги купува истите по најдобра цена што може да се обезбеди на пазарот во времето на зделката. Со тоа Вие станувате сопственик на акциите. И покрај тоа што основните податоци за склучените трансакции ќе ги добиете непосредно по нивното извршување, брокерот ќе Ви достави писмена потврда која се нарекува извештај за клиент. Во него се содржани деталите за трансакциите што се извршени во Ваше име и сметка.
На Македонската Берза АД Скопје се применува системот на одложено порамнување, односно процесот на извршување на плаќањето од страна на купувачот и доставувањето на хартиите од вредност од страна на продавачот се врши на Т+3, односно три работни дена од денот на тргување. Тоа подразбира дека Вие морате да го извршите плаќањето на купените акции на денот на порамнувањето.
Преносот што сте го направиле преку Берзата го врши посебно овластена институција Централен Депозитар за хартии од вредност.

Што се случува кога продавате акции?

Кога ќе му дадете налог за продавање, Вашиот брокер ќе се обиде да ги продаде Вашите акции по најдобрата можна цена на пазарот и доколку успее во тоа ќе Ви испрати ”извештај за клиент”. Вие треба да го потпишете формуларот за продажба и веднаш да го вратите истиот на Вашиот брокер, заедно со потврдата за акции (која ја сте ја добиле од Централниот депозитар за хартии од вредност), за да ги добиете парите за продадените акции на денот на порамнувањето.

Колку ќе ве чини тоа?

Купувањето акции од нова емисија на акции не може да чини повеќе од цената на акциите по која тие се продаваат. За овие услуги не се плаќа провизија.
За купувањата и продавањата на постоечките акции, кое се врши преку Берзата, се плаќа провизија на брокерот и на Берзата. Бидејќи купувањата и продавањата се одвиваат преку брокерите, цената ќе зависи од видот на услугата што ја барате и вредноста на трансакцијата на која се пресметува брокерската провизија. Висината на провизијата може да се определи како % од обемот на трансакцијата или во апсолутен износ.

Кога плаќате?

Плаќањето за купените хартии од вредност, односно доставувањето на хартиите од вредност, мора да го извршите најдоцна до денот на порамнувањето, односно, според Правилата на Македонската Берза АД Скопје, најдоцна три работни дена по склучувањето на трансакцијата (Т+3), со цел Вашиот брокер навремено да може да го спроведе порамнувањето на договорот.

Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).
Оданочување на дивидендите?

Персонален данок на доход
: кога ќе ја добиете дивидендата, персоналниот данок на доход би требало да е платен од страна на друштвото, согласно важечката законска даночна стапка .

Данок на капитална добивка на трансакциите со хартии од вредност во наредните пет години не постои. Исто така, не постои оданочување на прометот со хартии од вредност.
Избери брокер, моја препорака се НЛБ, помини до кај нив, потпиши догоовор и ќе ти објаснат. Партие ги префрлаш на сметка, и потоа тргуваш, писмено, по телефон, преку портал електронски (како ќе избереш). Рачунај дека за една трансакција имаш трансакциски и брокерски трошоци (+бера и сл) од 1-2% (за суми под 100.000 процентот мо
е е повисок)
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
610
Поени од реакции
650
Рачунај дека за една трансакција имаш трансакциски и брокерски трошоци (+бера и сл) од 1-2% (за суми под 100.000 процентот мо
е е повисок)
samo bi dodal da proveri i drugi brokeri, taka procentot moze da dojde pod 1%(zaedno site provizii) od transakcija nad 45000 den.
da ne pravam reklama, koj saka neka si proveri... ke mu odzeme 10 min.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom