Македонска берза

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
320
Поени од реакции
311
ова е од вчера, 28,05.... јас кажувам за предходно немаше ништо...
Јас и вчера барав по гугл и страната на Телеком, но ова не можев да го најдам. Затоа е добро што го има форумов и ликови како Бубац :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Јас и вчера барав по гугл и страната на Телеком, но ова не можев да го најдам. Затоа е добро што го има форумов и ликови како Бубац :D
јас од пред 3-4 дена си мислев, нели Телеком е пола државен и порано задолжително делеше Денда, ама ни еден документ абер немаше, се до овој вчера... а се тргуваше на висока цена...
Убаво кажа еден, нашава берза е инсајдерски циркус, посебно во предизборија...башка и да Дојава од газдиве, се користи Прислушкување... ако 20076/7 началникот или некој негов се нафатира, сега истата шема иде...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Ги следев информациите на економскиот календар за мај. Некои рани индикатори стануваат позитивни или се подобруваат. Според концезус и ТЕ форкаст се гледа светлина во тунелот.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Што е со СТБ накај 1200 оди , да не има некое инфо за денда или?
Мене по предложениот дневен ред ми изгледа дека ќе има дивиденда и оваа година само не знам колку. Дел од дневниот ред:
- Донесување на Одлука за распоредување на добивката за 2019 година;
- Донесување на Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за 2019 година;
- Донесување на Одлука за прераспределба на дел од акумулирана добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите;
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Мене по предложениот дневен ред ми изгледа дека ќе има дивиденда и оваа година само не знам колку. Дел од дневниот ред:
- Донесување на Одлука за распоредување на добивката за 2019 година;
- Донесување на Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за 2019 година;
- Донесување на Одлука за прераспределба на дел од акумулирана добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите;
Имаат 135 ден добивка по акција...ако се дарежливи тоа може да биде и окулу 100 по акција. Имам СТБ така да...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Па добро бе, да нема никој никогаш видено како изгледаат одлуки за исплата на дивиденда па ај и да поверувам да се залажува себеси дека можеби ќе има дивиденда. Ама луѓе што се со минимум десетгодишно инвестициско искуство треба да знаат дека да се исплаќаше дивиденда, ќе имаше предложени одлуки за исплата на дивиденда за имателите на обичните акции, како и дивиденден календар.

Ова значи дека за имателот на СТБ у тек на две и пол години ќе нема парични приливи, односно од декември 2018. па по половината на 2021. година доколку се изгласа на идното редовно акционерско собрание.

П.С. Ако е некаква утеха, мора да се признае дека овојпат барем немаше протекување на инсајдерски информации, па сѐ до последниот момент акцијата се тргуваше со раст на цена со надеж дека ќе има дивиденда за обичните акции
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
589
Поени од реакции
1.093
Јас и вчера барав по гугл и страната на Телеком, но ова не можев да го најдам. Затоа е добро што го има форумов и ликови како Бубац :D
Seinet.com.mk prouci ja stranata, imash se sto te interesira od cenovno cuvstvitelni informacii za site kompanii na edno mesto... Izveshtai, sobranija, dividend, se sto treba...
Автоматски споено мислење:

Па добро бе, да нема никој никогаш видено како изгледаат одлуки за исплата на дивиденда па ај и да поверувам да се залажува себеси дека можеби ќе има дивиденда. Ама луѓе што се со минимум десетгодишно инвестициско искуство треба да знаат дека да се исплаќаше дивиденда, ќе имаше предложени одлуки за исплата на дивиденда за имателите на обичните акции, како и дивиденден календар.

Ова значи дека за имателот на СТБ у тек на две и пол години ќе нема парични приливи, односно од декември 2018. па по половината на 2021. година доколку се изгласа на идното редовно акционерско собрание.

П.С. Ако е некаква утеха, мора да се признае дека овојпат барем немаше протекување на инсајдерски информации, па сѐ до последниот момент акцијата се тргуваше со раст на цена со надеж дека ќе има дивиденда за обичните акции
Tocno, nema dividenda za obicnite akcii...
P. S. Interesno e sto del dobivkata ja stavaat vo kapital, za razlika od tnb koi ja ostavija vo akumulirana dobivka so moznost za idna dividenda koga kje reshat za toa ... Dodusha pak, ostanuva opcijata za avansna dividenda kaj stb, sto ne e bash za ocekuvanje godinava...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве одлична илустрација за сите инвеститори што значи сентимент на пазарот:

Во 2016. година пред исплата на првата дивиденда, СТБ направила 128 денари профит по акција, а акцијата чинела околу 400 денари. Лани, во 2019. година, СТБ направила 136 денари профит, а акцијата чини скоро 1.200 денари! Плус, во првата ситуација економската ситуација била одлична, а сега сме среде корона-криза со несогледиви последици и можност предизборно против банките да се донесат популистички мерки поради несолидарност со граѓаните и економијата во справувањето со кризата.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Makpetrol drzava :)
Sega e najdobra finta da moze makpetrol da shitka ekstra lesno kako nafta pa da ima bogati izbori :)
Samo nemoj da mi kazete deka ne e mozno :) :) :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Имаше неинформирани „инвеститори“ што не повлекуваа куповни налози и се гореа утрото по дивиденден пресек. Баш да видиме дали овие што ставале над 1.100 за СТБ ќе се оправат да ги повлечат пред да се заглават купувајќи по превисока цена којашто можеби нема со години повторно да се постигне.

Рака на срце, мора да се признае дека пазарните сили почнуваат да делуваат на МСЕ, и тоа токму кај светата крава КМБ. Поради лошите резултати и перспектива, нешто не гледам дека разноразни чифлиганци се топорат да ја бранат, такашто лека-полека си падна за десетина проценти од посткризното пумпање. Мислам дека дури и покрупните ѕверки си ситнат позиции, префрлувајќи го жешкиот компир на сите што се доволно будали да го земат во раце...

Инаку, еве излегол извештајот и за Прокредит банка, ама кога ќе се анализира, испаѓа дека е подобро што не е котирана пошо на скоро 500 милиони евра актива прави само 2,5 милиони профит. Па од тоа дури и у ТТК и СБТ би се посрамиле :lolzz:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom