Македонска архитектура - Мојот град!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Градот во кој живеете и го сакате, вашиот град, секојдневно минува низ вашите призми за препознавање квалитетен простор за живеење.

Тука дискутираме за архитектурата на македонските градови. Веројатно би било подобро главниот град да го исклучиме од дискусија бидејќи има посебна тема за неговиот архитектонски лик.

Пишувајте за / пратете слики од карактеристични и препознатливи градби од вашиот град. Коментирајте ги новите градби, оценете ги и постарите.

Кој ќе биде прв?
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Јас,нормално :)

Карактеристична и препознатлива градба за мојот град:
Дом на култура,Битола.


Симбол за современа уметност!
Ко ќе го видам ми се примочва!

Оваа лузна на градот е најголемата глупост која што можеше да ни се случи. Го турнаа стариот битолски театар каде беше изведена првата театарска претстава на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК,за да го изградат овој стакларник за хрчаци на неговото место.
1. Да му ибам живите на архитектот кој го проектираше.
2. Проектот беше наменет за Загреб,каде хрватите го отфрлија бидејќи сметаа дека е за нигде.
3. Толку е лошо проектиран,што во два ходници ќе се загиниш.
4. Толку лошо е одржуван т.е воопшто не е одржуван што цел еден спрат смрди од едно гнасно ве-це.
5. Поголема функција има како сали за свадби и матури,отколку како Дом на Култура и едвај Народен театар,жими киното чини.
5. Многу голем промашај.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ангелче... интересни чувства ти предизвикува објектов, мора да признаам. Искрено, не делува воопшто импозантно и "културно" како што би требало да изгледа еден објект со таква намена.

Особен декор на петтата фасада (покривот) му придава сателитската антена... Барем не е бела:jaj:

На нет го најдов "конкурентниот" Прилепски дом на културата :)



А, еве да ти ги разрешам дилемите зошто не го изградиле Домот на култура во Загреб. Еве го Загребскиот театар:

A како уште еден пример на објект каде се одржуваат културни настани, еве ја Виенската Музикверајн сала, каде се одржува познатиот новогодишен концерт на виенската филхармонија.


Сега, постои еден факт. Македонија поради својата историја и гео-политичка положба не била во можност или доволно привлечна и значајна за во неа да никнат вакви објекти, со исклучок на Скопје, каде деновиве се водат дебати по прашањето дали треба да се возобновуваат некои од историските градби.

Важи и другото- дека, ако веќе се граделе "модерни" објекти, можело да се стори нешто повеќе околу изборот на "модата" по која ќе се градат. Ама тоа е нашата реалност. Новата генерација архитекти ветува попрогресивни гледишта на работите.

Луѓе, сакам да видам и позитивни примери. Нешто на што се гордеете дека го имате во вашиот град.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Зградата на денешнaтa Oпштина Струмица, e градена во периодот од 1926-31 год. Таа е трикатна зграда од масивна градба и со својата местоположба и карактеристичен стил доминира во централното градско јадро.



Во приземниот дел е потенцираниот аголен влез над кој е извлечен полукружен балкон од катот и простории со административен и трговски карактер, додека на двата ката се административни простории свртени кон главната улица.
Иконографијата на декоративните елементи на објектот се изразено западно - стилски влијанија, што е карактеристично за овој период во градителството на нашите простори.

ХОТЕЛ СРПСКИ КРАЛ
Хотелот Српски Крал се наоѓа на аголот од улиците "Сандо Масев" и "Благој Мучето" и со својата положба и архитектура завзема доминантно место во рамките на амбиенталната градска целина во централното градско јадро. Граден е во периодот од 1926 - 28 год. од тврда градба и функционирал како прв бордел во градот Струмица.



Просторно е решен со приземје, кат и поткровни простории. Приземниот дел бил граден и опремен за градска кафеана, додека просториите на катовите како хотелски апартмани.
Фасадата е богато декорирана со силно потенциран завршен венец профилиран со флорална декорација која се среќава над и под прозорците, како и на аголната преправна кула.

ФЕУДАЛНА КУЛА
Овој објект се наоѓа на ул. Охридска и е единствен објект од ваков вид во струмичко. Основата е квадратна со димензии 6,9 х 9м. Изработена е од квалитетен делкан бигор. Поседува подрум, приземје и три ката. Меѓукатната конструкција е дрвена, од која на северната и источната страна на третиот кат еркерно се испуштени дрвени чардаци. Градена е најверојатно во турскиот период и служела за живеење и одбрана.

ТУРСКА ПОШТАСтарата турска пошта е лоциранa во стариот дел на градот во близина на објектот Орта Џамија, на улицата "Тошо Арсов" бр. 23. Граден е во XIX век, првобитно како јавен објект - турска пошта, а подоцна преадаптиран во објект за домување. Обликуван е со приближна квадратна основа, со подрумски дел од камен, приземје и кат во бондрук систем со карактеристична вертикална геометризација. Катот има еркерно мало исфрлање само на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида.



Во решението на основата, распоредот на просториите, градежните карактеристики и конструктивниот склоп видливо е отстапувањето од традицијата на народнот градителство.
Иако во стилско - естетско обликување овој објект има влијание од западноевропската архитектура - кубизмот, сепак зачуваните карактеристички елементи на староградската архитектура ни овозможуваат да го вброиме во ретките објекти со споменични вредности кои ја обликувале архитектонската визура на некогашна Струмица.

УЛ. МАРШАЛ ТИТО
Во централното градско јадро на Струмица е сочувана амбиентална целина како дел од некогашната стара струмичка чаршија. Тоа е потегот на улицата "Маршал Тито" кој опфаќа околу триесетина куќи, кои како целина се материјален доказ за развојот на урбаната структура и историското опстојување на нашиот народ на ова подрачје.



Таа се формирала со градењето на куќите на богатите трговци и занаетчии од Струмица. Поради тоа структурата на улицата претежно има белези на раниот период на XX век со назначен провинциски израз.
Следејќи го стилот на градбата се согледува дека најголемиот дел од објектите градени меѓу 1920-35 год. имаат неокласицистички и необарокни обликовани карактеристики. Тоа се манифестира преку релјефната обработка на малтерот од нивните фасади.
Просторната организација на куќите се состои претежно од приземје и кат, од кои поголем дел имаат и визба. Намената на приземниот дел од објектите е од трговско - занаетчиски карактер, со дуќани кои излегуваат на улицата, а просториите за домување се свртени кон дворното место од задната страна на објектот. Катот се користи за домување, со исклучок на неколку објекти каде што дуќаните го зафаќаат и него.
Иако уличната фасада нема сочуван континуитет во начинот на градба, односно новоизградените објекти ја нарушуваат нејзината силуета и изглед, сепак духот на местото е сочуван.



НУЦК АНТОН ПАНОВ
Главен репрезент на културата во Општина Струмица е Националната установа Центар за култура Антон Панов - Струмица

Адреса : плоштад Гоце Делчев бб - Срумица
Тел :034 322-182 / 326 769

Историјат: Почнувајќи од 06 Април,2004, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Р Македонија, трите претходно самостојни организации : Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрираа во една заедничка органузација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов - Струмица.




Објектот на Центарот за култура Антон Панов - Струмица, е една инпозантна градба од 5560 м2 изграден од самопридонес на граѓаните, пуштен во употреба од 01.05.1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето.
Народниот театар Антон Панов,основан 1949 година и Уметничката галерија Струмица, основана 1964 година, исто така тука најдоа свој простор за обавување на своите активности, со што овој објект прерасна во храм на музиката, уметноста и целокупното културно живеење на граѓаните од овој град.


Abe, Strumica si e Strumica!!
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Реконструкција и надградба на Градско пазариште



Трговскиот центар се наоѓа во централното градско подрачје на локацијата на старото Градско пазариште, во строгиот центар на градот, меѓу двата големи булевари ”Маршал Тито” и ”Ленинова”.
Трговскиот центар се гради по најстрогите европски норми и стандарди. Тој ќе содржи:
- затворен градски пазар по најсовремени стандарди
- трговски центар
- товарни дигала за дотур на стока по катовите и електични скали – ескалатори за луѓе
- катна гаража со капацитет од 400 лесни возила



Трговскиот центар со вкупна површина 34.000 м2 ќе биде еден од најголемите трговски центри во земјата. Неговата големина ќе овозможе присуство на проширена и разновидна колекција на малопродажни имиња. Тој ќе биде пример како разновидноста на еден објект може да му даде нов квалитет на урбаното живеење во градот.
Се очекува големиот број на малопродажни места собрани густо на едно место, да дадат висок поттик на локалнате економија, а трговскиот центар да го опслужува целиот регион со што Струмица ќе биде крајна шопинг дестинација.
Деловните простории во објектот ќе бидат погодни за бутици, кафетерии, пицерии, салони за убавина, хипермаркети, банки, менувачници, бела техника, мебел, службени простории и друго.



Волуминозноста на објектот во просторот и околината ќе биде надоместена, од надворешната страна, со стаклена фасада изведена во два дела: долен, структурален дел (приземје и први кат) и горен дел, изведен од панели од стаклени делови, кои ќе ги красат горните катови. Секој кат и катната гаража ќе имаат директна комуникација и ќе бидат во функција 24 часа.
Трговскиот центар ќе профункционира до 30.04.2008 година.




E ova e uste vo izgradba, ama veruvam deka sekoj Strumicanec ke bide epten gord so ovoj trgovski centar koj e ogromen!
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Демир Хисар


Полициска станица



Домот на Културата
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Evve uste nekoi postari no seuste privlecni zgradi vo Strumica. Definitivno licno jas sum zadovolna od stilot vrz osnova na koj se napraveni Zgradata na Glavnata posta vo Strumica, i zgradata na Stopanskata Banka!





P.S. Ke se obidam utre da napravam nekoi fotki od ponovite zgradi vo Strumicava. Abe, ko ke razmislam, edno od najurbaniziranite mesta vo drzavava sme, ili taka mi se cini?
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Еве и јас за Штип.

Градскиот музеј сега има нова зграда до него. Во староградски стил се куќиве.


Градската библиотека. Постара зграда од 70 некоја е.



Слабо се гледа, но се има претстава одприлика како изгледа градот под Исарот.



Еве го и Исарот (главниот дел).



Градскиот театар.



Дом на културата „Ацо Шопов”



Градската црква „Св.Никола”
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58


Neznaev kade da gi stavam slikive, pa mi tekna za temava! Ova e patot kon vodi kon Strumickiot park, koj vazi za eden od najubavite vo Makedonijava.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
На еден од погорните постови има слика од Старата чаршија во Струмица...
Една од кучите што се гледаат беше на мојот дедо. Татко ми е роден и живеел таму.

За зградата на Собранието знам една информација:
Кога е започната изградбата на таа зграда, во темелот се запишани имињата на сите тогашни советници и Градоначалникот, така да ги наречеме. Еден од нив е и мојот прадедо, но од на мајка ми страната.

Околу трговскиот центар кој е во изградба, уште нешто: Фасадата ќе биде потполно стаклена, не како на сликите стакло и алуминиум. Едната страна е готова и изгледа фантастично!
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
eve edna slika od Prilep, od starata carsija...




Crkvata Sv.Arhangel Mihail


"Sunset in Prilep" by Leopold


Prilepskoto Vestacko Ezero


Antickiot grad Stibera, na 25 - 30 km od Prilep, s. Cepigovo


Prilepskiot "Ucastok", bugarska policiska stanica, napadnata na 11 Oktomvri 1941.


Sredovekoven grad Markovi kuli


Park na revolucijata


Manastir Treskavec


Manastir Sv.Arhangel Mihail
 

Kajgana Shop

На врв Bottom