Македонска Втора Лига

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Толку беше од надежите на Пелистер по денешниве резултати.

Струга Трим Лум е нов второлигаш од западната конкуренција. Уште еден кондом клуб во прва лига.
Во битката за второ место, на три кола до крај Лабуништа има +5 пред Пелистер и +6 пред Скопје.

До крајот:
25 коло
Лабуништа-Скопје
Кораб-Пелистер

26 коло:
Лабуништа-Влазрими
Скопје-Струга
Пелистер-Гоблен

27 коло:
Струга-Лабуништа
Генчкалемлер-Пелистер
Кораб-Скопје

Ако Скопје тепа наредно коло во Струга, тогаш има мал простор за изненадување. Пелистер игра на гости во Дебар, а во ситуација кога на Кораб му се неопходни трите бода, тешко дека би победил Пелистер.
Лабуништа потоа игра со Влазрими кој не се бори за ништо, а потоа и со Струга која веќе е прва и може да калкулира во последното коло.
Така што, голема е веројатноста дека Лабуништа ќе играат во баражот од западниот регион.

Тетекс денес барем за кратко се врати во битката за опстанок. Го тепаа директниот конкурент Кораб, но се уште се 3 бода зад нив. Со оглед на противниците, тешко е да се очекува дека ќе завршат пред Кораб на крајот.

Кораб-Пелистер
Гоблен-Тетекс

Тетекс-Генчкалемлер
Гостивар-Кораб

Кораб-Скопје
Влазрими-Тетекс

Гостивар може да им ја даде на Кораб на гости, а дома има нозе да кршат за да добијат бодови. Со оглед на двете гостувања во албански средини, тешко дека Тетекс би освоил многу бодови. Дури и со 9 освоени бодови може да не се спасат на крајот. Влазрими е само 6 бода над Тетекс, па во некои комбинации би можеле и они да зависат од тој последен меч.


И на истокот е скоро решена ситуацијата.
Борец има +7 пред Тиквеш на три кола до крајот во кои ги очекуваат три дерби средби со Брегалница дома, па Кожуф на гости и Тиквеш дома.
Тиквеш игра со Кожуф и Детонит дома, а потоа гостува во Велес. И тука разликата меѓу вториот и третиот е 5 бода. Тиквеш има +5 пред Кожуф и Брегалница и само ако загуби од Кожуф дома и Борец на гости, може да се случи со некои математики да не заврши како втор. Сепак, мислам дека и овде веќе е сигурно дека Борец оди во прва лига, а Тиквеш во бараж.

Саса, Вардар Н и Партизан Обршани се веќе испаднати во трета лига.
Бидејќи најверојатно две екипи од истокот ќе испаднат од прва лига, тогаш дополнително ќе отпаѓа уште една екипа од регионот (Плачковица или Детонит). Попознатот Радовишки клуб е на +3 пред својот градски ривал Детонит, веројатно ќе финишираат пред нив. Но, по некоја игра на случајности, можно е и трета екипа од истокот да отпадне, паи двете Радовишки екипи да паднат во трета лига.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Отиде Тетекс трета лига. Напразно тепаа денес.

Сигурен сум дека Пелистер им ја пушти на Кораб денес, за да ги спасат.

Тетекс остана на -3 од Кораб и со оглед на распоредот на двата клуба, нема шанси да ја надоместат разликата (условно -4 ради гол разликата). Тетркс е -4 од Влазрими и има директен дуел со нив на гости. Ама, дотогаш Влазрими игра со Лабуништа кои сигурно ќе им ја дадат утакмицата и Тетекс нема да може да ги стигне.

Официјално Лабуништа оди во бараж, а и Тиквеш е скоро во бараж. Им треба еден бод со Детонит дома за да влезат во бараж. Да не речам 100%, баражот е Лабуништа-Тиквеш.

Детонит ги стигна Плачковица за местото кое евентуално може да носи во трета лига (многу веројатно).
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Тетекс со два гола во последни 5 минути, го тепаше Генч Калемлер и сам ќе си ја решава судбината во последно коло. Задачата ќе биде многу тешка, но има надеж.

Лабуништа-Влазрими 1-1
Тетекс-Генч Калемлер 2-1
Гостивар-Кораб 1-1

Очекуван икс на Гостивар и Кораб. Но, очекував Лабуништа да им ја даде на Влазрими. Со овој резултат се отвори шанса за Тетекс за опстанок.

Влазрими 34
Кораб 33
Тетекс 32

Последно коло:
Кораб-Скопје
Влазрими-Тетекс

Кораб ќе ја купи со Скопје.
Тетекс и Влазрими во директен дуел. На Тетекс им треба само победа.

ЕДИТ:

Ништо од горново не важи. ФФМ јавува Лабуништа-Влазрими 1-1 завршена (на нивната страна и по 30 минути од крајот стои дека натпреварот завршил 1-1), ама порталиве објавуваат дека уствари Влазрими тепал 1-2. Значи и тука паднала местенка на крајот.

Влазрими 36
Кораб 33
Тетекс 32

Значи нема шанси за Тетекс...
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.163
Поени од реакции
3.125
Да копилињата од ФК Скопје им дале збор на Кораб.. Продаден е натпреварот..
Аххх тиа гнаси колку ни се должни..
Најпреварантска екипа дефинитивно е Скопје..
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Скопје ако им ја даде на Кораб бараж ли ќе игра за да останат у втора лига?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Изгледа Дојранско езеро се откажале од играње во втора лига. Слилна судбина како Победа Валандово. Толку да не може од тој регион да се најде асална екипа?
И Тиверија не сакале да играат втора лига.
Наводно местото им било понудено на Детонит, но и они немале амбиции. Се чини дека Саса ќе опстане во лигата.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Колку е котизација за учество во втора лига?
И мора ли да имаат пријавено 2 младински категории за да играат втора лига, или не мора?
Оти не верувам Питу Гули да има пријавено младински екипи
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
мора да имаат две младински екипи со што не е битно во која категорија ама мора да се У19, У18, У17 или У16.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Аце Стојков потпиша за Осогово. Од аспект на клубот одличен трансфер. Не се сеќавам некогаш во Кочани да играл некој со репрезентативно искуство.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Аце Стојков потпиша за Осогово. Од аспект на клубот одличен трансфер. Не се сеќавам некогаш во Кочани да играл некој со репрезентативно искуство.
Зошто не навиваат Сејмени да не имаш информација?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Зошто не навиваат Сејмени да не имаш информација?
Не знам дали навиваат моментално. За жал до сега не најдов време да отидам на натпревар оваа сезона.
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
108
Поени од реакции
42
Зошто не навиваат Сејмени да не имаш информација?
Тие го презедоа клубот и сеа се управа, додека не се создаде нова генерација на навичи за жал Осогово ќе биде без организирана навивачка група.

Sent from my Nokia 7.1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom