Македонска Втора Лига

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
1.078
@Harry Potter да не имате грешка во резултатот за Влазрими-Ѓорче на сајтот?
http://www.gol.mk/fudbal/lavovite-so-presvrt-slavea-kaj-velazerimi
Кај вас стои 1-0 за Влазрими, овие објавиле дека 1-2 завршило. Што е точно?

Инаку, вториве лиги ептен израмнети.
Секоја екипа може да испадне, а голема е битката и за прва лига.
Борец беше главен кандидат за прва лига од истокот, демек ќе се прошетаа низ лигата, на крај испадна дека Беласица и Брегалница ќе ја водат главната трка.
Влазрими на пол-позиција во западот, за разлика од фаворитот Гостивар кој се изнагуби бодови.
Од каде Гостивар фаворити? Единствено Филип Деспотовски вреди. Си ги видел Струга?
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
мислам дека е редно да се смени сезоната во насловот на темава, уште стои ланската.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Вардар Неготино во втора лига после една година пауза.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
interesna situacija pola od timovite ne se licencirani ili nemat pominato kontrola a listata e objavena. dva od timovite nemat pari za kotizacija a 3 nemat osnovni uslovi za igra.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
значи ова е листа на клубови кои според пропозициите за натпреварување се стекнаа со право за играње во втора лига. крајниот рок за лиценцирањето не е поминат! кога ќе помине, тек тогаш може да се прават измени на клубови.

пс. никаде не пишува дека мора да се игра на сопствениот стадион. доколку немаш стадион кој исполнува услови можеш комотно да пријавиш стадион во друг град. па веќе такно нешто се прави во прва лига со години, а не па во втора.
 
Утре е краен рок за лиценцирање и комисијата од ФФМ треба да објави резултати кој, што и како... мислам дека во моментот се оддржува состанок на таа тема и во текот на утрешниот ден треба да се објават резултатите од лиценцирањето. Не се проблем само терените. Исто и играчите и финансиите. Треба клубот да има пријавено играчи во младински категории минимум 2 и уплатена котизација за натпреварување. Доколку не се запазат сите тие критериуми тогаш лесно може да се случи случајот Турново па на 4-5 кола одкако ке почне првенството да се праве измена на цела лига или добивање службени бодови и слично... како и да е ќе почекаме до утре па да видиме која одлука ја има донесено ФФМ.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
утре на пладне е ждрепката за новата сезона.

пс. и дај некој модератор нека смени наслов на темава. заглавени сме во минатото...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Распоредот нека го стави некој.[DOUBLEPOST=1533734297][/DOUBLEPOST]Како може бе три саати поминаа од ждребот и уште на ФФМ не ставиле распоред...
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Саса М.Каменица прва го напушта „бродот што тоне“ ВМФЛ Исток. Партизан Обршани да издржат највеќе до 5-то Коло, Уште 3 екипи сеуште немат платено котизација... со колку екипи ке биде на крај на прва полусезона лигата, а уште не е ни започната..???
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Саса М.Каменица прва го напушта „бродот што тоне“ ВМФЛ Исток. Партизан Обршани да издржат највеќе до 5-то Коло, Уште 3 екипи сеуште немат платено котизација... со колку екипи ке биде на крај на прва полусезона лигата, а уште не е ни започната..???
Зошто Саса прва го напушта бродот ? Обршани вчера ги гледав со Борец. Очај! Ние од форумов за нив сме Реал Мадрид
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
811
Поени од реакции
1.180
Зошто Саса прва го напушта бродот ? Обршани вчера ги гледав со Борец. Очај! Ние од форумов за нив сме Реал Мадрид
Али пак затоа на домашен терен тие се Реал Мадрид :D Не верувам на таа нивата од терен да им дозволат да играат Обршани.

Како што разбрав Тиквеш со 180-200к буџет ќе биле и главен фаворит за во прва лига,незнам Борец дали се со истите амбиции.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Али пак затоа на домашен терен тие се Реал Мадрид :D Не верувам на таа нивата од терен да им дозволат да играат Обршани.

Како што разбрав Тиквеш со 180-200к буџет ќе биле и главен фаворит за во прва лига,незнам Борец дали се со истите амбиции.
Митко ли им е спонзор?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Обршани ќе играат на стадиончето кај могилата во Прилеп.
Гледав неколку нивни тренинзи минатиот месец. Веројатно го смениле целиот тим со кој настапиле во трета лига, бидејќи цела екипа беше составена од млади играчи меѓу 18 и 25 години (максимум до 28). Не знам како се вика тренерот, ама типчето беше комедии, дерење цел тренинг.
Не знам зошто воопшто влегувале во втора лига, не го гледам ќарот од нешто такво.

Саса барала на позајмица млади играчи од Скопските прволигаши, не ми се верува дека би се откажале.

Инаку, Тиквеш и Борец ќе се борат за прво место, а своја шанса ќе чека и Брегалница. Митко спонзорира во Тиквеш и донесоа солидни играчи за втора лига. Сепак, во втора лига се мести на големо и решавачка улога може да има пазарењето надвор од зелениот терен. Со оглед на тоа што Борец е тим на општина која е на власт, може да се очекува да има поголема помош од другите екипи, отколку Тиквеш.

Што да се очекува на западот?
Гостивар или Скопје?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom