Македонска Втора Лига

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.164
Поени од реакции
3.126
Со одигрување на натпреварите од првото коло ќе започне новото првенство во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), последно во овој формат. Како што беше претходно изгласано на собранието на ФФМ, по завршување на оваа сезона, Втората лига од идната година ќе биде поделена на две првенства.

Во првото коло од ВМФЛ силите ќе ги одмерат:

Хоризонт Турново – Влазерими

Еуромилк - Новаци

Вардар Неготино – Академија Пандев

Металург – Тетекс

Љубанци Кавадарци - Скопје

(Сите натпревари се играат со почеток од 17.30 часот)

Сезонава се чини нема изразит фаворит за првите две места кои носат пласман меѓу прволигашите.

Тетекс во последен момент избегна згаснување и пред една недела ги стартуваше подготовките за новата сезона. Изминатите неколку дена клубот се засили со низа искусни фудбалери како Јанчевски, Галовиќ, Идризи, Билбиловски, па останува да видиме дали на време и како ќе се воигра тимот.
mak-fudbal-vtora-liga-euromilk-teteks-6668.jpg

Годинава за одбележување е што ќе има две екипи од Струмица, Хоризонт Турново кој испадна од ПМФЛ, како и Академија Пандев која се пласираше од Третата лига. Турновци го задржаа најголем дел од тимот, пред се капитенот Сашко Пандев, а го ангажираа голманот Столе Димовски од Тетекс, кој голем дел од кариерата претходно мина во овој клуб. Најмладиот клуб меѓу второлигашите, Академија Пандев остана без Зоран Златковски и Кемал Аломеровиќ, но се засили со Зоран Балдовалиев, Александар Багашовски, Филип Петковски и Диме Димов. Ако се придодадат и Драган Начевски, Филип Деспотовски, Александар Вареловски, Ѓорѓи Марков, тогаш тимот на Горан Пандев секако е еден од фаворитите.

Исто така второлигашкиот фудбал по неколку години се враќа и во тиквешијата, Вардар Неготино влезе од Третата лига, додека Тиквеш се фузираше со Љубанци и сега ќе настапува во Кавадарци. Клубот за тренер го доби Бојан Захариев, а ангажираше и неколку прволигашки фудбалери како Сашко Ристов.

По долги години од Првата лига испадна екипата на Металург, која сега со релативно млад тим, предводен од доскорашниот капитен Миле Крстев, кој сега е тренер ќе настапува во второлигашка конкуренција. Клубот од Железараница се засили со неколку искусни фудбалери меѓу кои и стамениот дефанзивец Леонард Калаба.

Составот на Скопје кој традиционално е незгоден противник за сите, го задржа тимот и се очекува повторно да биде тврд „орев“, за секој тим. Третиот скопски тим по Металург и Скопје кој ќе настапува во ВМФЛ ќе биде тимот на Еуромилк Горно Лисиче, кој остана без првиот спонзор во клубот Слободан Вујчиќ – Брацо, како и поголем дел од фудбалерите кои се преселија во Македонија Ѓорче Петров.

Кичевски Велазерими претрпе поголема реконструкција на тимот, доста фудбалери го напуштија клубот, но беа донесени адекватни засилувања и според многумина клубот ќе атакува на влез во Прва лига. Последниот клуб кој беше потврден за новата сезона, а кој влета во последен момент како замена за Младост Царев двор, е екипата на Новаци. Главни амбиции на клубот од околината на Битола ќе биде опстанокот, а за таа цел беше ангажиран искусниот напаѓач Ерсан Сали.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.804
Поени од реакции
15.878
Вардар - Академија Пандев 1:1, Цвај арена, публика околу 2000, можеби и повеќе.

Прво полувреме посед на топката и играта повеќе ја имаа академците, со тоа и предноста од 1-0 дојде со голот на Балдовалиев, Вардар некако несигурни беа во одбрана, премногу грешки се дозволија да се направат, не знам ни дали имаа шут на голот.
Во второ тотална спротивност од првото полувреме, константно топката беше во посед на Вардар, но катастрофално судење имаше на мечот, неколку чисти фаули не се досудија во корист на Вардар, ама на крајот се се врати со голот во последните минути од мечот(реално од непостоечки фаул, нафрлена топка, ама кој ги ебе :icon_mrgr:), мислам дека овие 1-1 се реални коа ќе се собере се на крајот.
Речиси е изедначен квалитетот на екипите, барем од тоа што можев да го видам, не делеа премногу едната од другата екипа, најголем проблем на Вардар е само одбраната и еден добар шпиц да се земе, секако немаат аспирации за горен дел од табела, за средината ќе биде сосем во ред, 70% од тимот е од ланска сезона, напад само Мико Чаушев, другото е пропаст, средниот ред повеќе од добар за наши услови, одбраната на чело со Владо Данаилов лоша, додуша само тој е очаен, освен да се дере по играчите и да мафта со раце друго и не знае, спор е премногу, го претрчуваат.

Ќе видиме сеа наредна со фузираните како ќе одиграат. Претходно во среда следи куп утакмица со Слога, едно 3-4 ако ни бапнат добро ќе биде.:unsure:
 
Член од
19 август 2015
Мислења
153
Поени од реакции
81
Денеска официјално нашата екипа присуствуваше на првиот натпревар на фк.љубенци...Но се појавивме со пароли против фузијата која ние не ја прифаќаме како подгрупа и сме против тоа !!! Гласно пред цел стадион си го искажавме својето незадоволство пред кавдаречката јавност.. Исто така беше извадена и една парола за прерано починатите наши членови од нашата група !!! Значи на овој натпревар својот став и своето незадоволство пред цел стадион го искажа само нашата подгрупа БРИГАДА"12 Од свето име до политичка цел го убивте духот на градот смел...!!! 13912468_788413894634136_1461027832996215857_n.jpg
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
1.201
Vardar Negotino - Akademija Pandev 1:1 (0:1)
90'+1 Goran Sokolov - 36' Zoran Baldovaliev

Tikvesh - Skopje 1:2 (1:1)
30' Metodija Delov - 20' Furkan Ali, 65' Dario Desnikj

Gorno Lisiche - Novaci 1:0 (0:0)
49' Kristijan Nikolovski

Metalurg - Teteks 1:0 (0:0)
60' Darko Digalovski

Turnovo - Vlazrimi 77 0:0

Ми се чини оваа година ќе биде уште потесно од прво до последно место,ништо не се знае :D
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.164
Поени од реакции
3.126
До кај 7 коло ќе се знае кој за каде е.. Но јас мислам дека уште поизрамнета ќе биде оваа сезона, едино една екипа ако се одвои на врвот..

Тетекс добро се држеше со младиот и брз тим на Металург но 2 полувреме кондиционо паднавме па така и гол примивме..
На Тетекс ќе му треба време да почне со берба на бодови па така наредна сабота со Турново бод ќе значи полна капа.
Во купот не верувам дека повеќето од екипите ќе се замараат..
 
И Вардар веројатноста е голема дека во среда ќе испадне од Слога во купот,така да најпаметно се фокусираат на лигата.Во Металург Миле Крстев бил сега тренер,а гледам ептен млади деца во Металург,Додев е од Неготино прва играл 16-17 години е и лани во прва лига имаше настапи.
Турново задржале битен дел од костурот од лани па според мене,ако сеуште инвестираат газдите,тие би требало да бидат 1 или 2 место.
Но како што кажа до 7 коло појасни ќе бидат работите
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.164
Поени од реакции
3.126
Следно коло
16:30 20.08.2016

1. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ФК ВЕЛАЗЕРИМИ 77

2. ФК ТЕТЕКС - ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО

3. ЗФК НОВАЦИ 2005 - ФК МЕТАЛУРГ

4. ФК СКОПЈЕ - ФК ЕУРОМИЛК ГЛ

5. ГФК ВАРДАР Неготино - ФК ЉУБАНЦИ
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
1.201
Вардар Неготино - Љубанци Кавадарци 2-1 стрелци:За Вардар И.Ивановски,П.Најдов, за Љубанци Дуков.
Вардар 2 класи над Љубанци,имаа една контра од каде што постигнаа гол и другото беше лежење по теренот,ликот од Кавадарци попрво ќе прогледа у Неготино европски утакмици,отколку во Кавадарци,оти играчите им се дрва невидени,скоро истата екипа им беше 3 место во трета лига.
Вардар доколку продолжи со овие игри,според мене би имале загарантиран опстанок,единствено во одрабаната еден играч ни фале,но се на се солидна екипа за во втора лига.
Гледачи имаше околу 2500 доста солидна бројка.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.804
Поени од реакции
15.878
Абе очај беа и двете екипи, фудбал мизерија, која класа кои глупости.
Љубанци секако ќе излезат, не знам што се глупирале и му дале пари на бранителот коа не планирале да го засилат тимот. Шефето со 50 години во напад е само за општинска лига.

Вардар може до средина на табела, ама и тоа на сила ќе им биде и тие ако не земат некој играч што ќе дели.

Посета повеќе од солидна.
 
Извини вака шо очекуваш ти од втора лига?Кој фудбал го очекуваш Барса на мало? 2 пати од линијата а извадија,голманот парадата што а направи уште еднаш не а повторуе у животот,играчите на физички план доста спремни,тоа е максимумот незнам што да се очекуе.
Пари што ги има Вардар се собрани со мака,и таа е силата неможат играчи да се носат од страна,треба смештај и минимум 150-200 евра да му даваш,со вија средства тоа е силата и ја сум доста задоволен.

Едит:Како што ми кажаа,значи чаршиски муабет Илија Јаков би можело да се приклучи на Вардар Неготино,огромно засилување за средината ќе биде ако пак играе,да повторам чаршиски муабет е.
 
Последно уредено:

два паса не може да сврзат, и тие деца што се дојдени од страна не се никакви засилувања
.. Каква Барселона какви бакрачи.
 
Член од
19 август 2015
Мислења
153
Поени од реакции
81
Абе очај беа и двете екипи, фудбал мизерија, која класа кои глупости.
Љубанци секако ќе излезат, не знам што се глупирале и му дале пари на бранителот коа не планирале да го засилат тимот. Шефето со 50 години во напад е само за општинска лига.

Вардар може до средина на табела, ама и тоа на сила ќе им биде и тие ако не земат некој играч што ќе дели.

Посета повеќе од солидна.
Ама ако го земе клубот градоначалникот како кај вас , ее тогаш ќе биде лошо , оти сега неготино цвета у нај убавите години од постоење нели ... Иначе како беше песната што а пеете, Имаш вардар ти верни комитии или винарии .. не слушав нешто ? :D :D :D
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
1.201
Ама ако го земе клубот градоначалникот како кај вас , ее тогаш ќе биде лошо , оти сега неготино цвета у нај убавите години од постоење нели ... Иначе како беше песната што а пеете, Имаш вардар ти верни комитии или винарии .. не слушав нешто ? :D :D :D
Општината дава 20 илјади евра за цела година,70 посто одат на партиципација,играчите зимат по минимални суми како плата,сигурно кај вас 40 дават али ваљда некој си ги зима.
Нешто ти се смени мислењето од европски утакмици кај вас,па бојкотирање на светото име,па градоначалници.
Љубанци ваа година со тој состав сите утакмици да ги купе,играчите ќе неможат гол да дадат,опстанок ви е најголема премија.
А европски утакмици ти кажав пак у трета лига со Обрашани.

Иначе општината последните 10 години бар од кога пратам секогаш давала пари за Вардар,не не земал градоначалникот од сега,од секогаш пари за Вардар се даваа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom