Македонска Вселенска Програма

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Денес на прес-конференција во Мелбурн, на голема радост на сите македонци низ целиот свет, а и пошироко, за прв пат беше најавена Македонската вселенска програма, од страна на здружението на Самосвесни Патриотски Едуцирани Револуцинерни Македонски Афирматори од Австралија и Нов Зеланд. Тие, во соработка со македонски гастербајтери од САД, Канада и западна Европа решија да ја финансираат оваа вселенска програма која има за цел да ја издигне Македонија за скалило погоре и да го потврди, веќе докажаното, научно реноме на Македонија и Македонскиот народ.

Џонатан Делчев и Мајкл IV Македонски, во хотелот Хилтон, пред неколку илјадна публика, ја изнесоа својата замисла за оваа вселенска програма. Во ова соопштение беше изјавено дека уште во првата четвртина во 2016 година, во мариовскиот крај, треба да се започне со изградба на ракетодром, а паралелно да се започне со изградба на научно-истражувачки комплекс во Бунарџик. Исто така во 2020 година треба да се лансира првата ракета во земјината орбита, до 2023 да слета првиот македонец на месечината, а веќе во 2028 да се слета и да се започне со градење на базенти на Марс. Од здружението велат дека финансиите за оваа програма ќе бидат одделени од македонската дијаспора.

Научниот тим на оваа мисија ќе биде составен од врвни македонски научници, на чие чело ќе стојат Ушко Војовски, Ниче Македонски и Стојмир Симјаноски. Овие реномирани експерти имаат докажано познавање од физиката, машинството, астрономијата и историјата. За голема среќа имавме можност да разговараме со нив и тие ни открија дел од програмата, односно видот на леталата и нивниот принцип на работа.

„ Леталата нема да бидат ништо налик ова што досега го познаваме, тие ќе бидат нешто револуционерно и македонски, дадено од господа“ - вели Ушко. Изгледот на вселенскиот брод ќе биде во облик на кочиите кои биле користени од Филип II и Александар Македонски™. Иако изгледот е необичен, конструкторите се одлучиле на овој дизајн порадо докажаноста на овие кочии во битките со Хелените и Персијците. Овој вселенски брод како оружје ќе користи 16 метарски сариси, а како оклоп ќе се користи најквалитетна македонска бронза, произведена во Италија, премачкана со семоќниот минерал Лорандит ископан директно од Алшар. Оваа заштите е ставена во случај да има проблеми со вонземјаните кои често доаѓаат во посети на Штип, Кокино и Цоцев Камен.
Alexander_the_Great_in_Skopje.jpg

Погонувањето на овој вселенски брод е ремек дело на научникот Ушко. Погонскиот агрегат ќе биде базиран на принципот на работа на неговиот Перпетуум Мобиле. Како што ни беше објаснато, Ушко има изработено ворп погон, како тој од Стар Трек, кој работи на принципот Перпетуум Мобиле. Имено во центарот има поставено воденица која е погонувана од вода, а со своето забрзано ротационо движење перките го искривуваат простор-времето и причинуваат придвижување на вселенскиот брод со огромна брзина.
Navigator1Italy.jpg

Овој неверојатен проект има за цел да ја докаже големината на Македонската нација и народ и неговата доминација над светот. Со овој проект се докажува дека Македонија е никулец на целата цивилизација во светот и дека се потекнува од нас. Овие големи Македонски умови повторно ќе ја вратат големината на Македонија како во времето на Александар Македонски™.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.727
Поени од реакции
23.478
Денес на прес-конференција во Мелбурн, на голема радост на сите македонци низ целиот свет, а и пошироко, за прв пат беше најавена Македонската вселенска програма, од страна на здружението на Самосвесни Патриотски Едуцирани Револуцинерни Македонски Афирматори од Австралија и Нов Зеланд.
Oh Gawd.
Случаен win?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.939
Тек тогаш Македонија ќе се прослави со летечкиот Аце...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Bull shit all story
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.541
Поени од реакции
3.018
Ако го напиша ти ова +1 за effort.
Дај нешто како tl:dr верзија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.694
Поени од реакции
17.432
Друже, дај малку детали, ептен е голема вест ова.
Дали е вистина дека скоро целосно ќе бидат домашно производство во партнерство на Брако и Колска од Велес (истиот принцип како на првиот домашен камион) и дали се точни тврдењата на Наса, дека дизајнот на возилото е копија на Роверот од Марс?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Друже, дај малку детали, ептен е голема вест ова.
Дали е вистина дека скоро целосно ќе бидат домашно производство во партнерство на Брако и Колска од Велес (истиот принцип како на првиот домашен камион) и дали се точни тврдењата на Наса, дека дизајнот на возилото е копија на Роверот од Марс?
Јок.
Дизајнот е целосно базиран на античко македонски кочии и воопшто нема врска со масонските дизајни на НАСА. Производството ќе се одвива во новиот научно-истражувачки комплекс во Мариово.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.080
Поени од реакции
7.281
Аристотел Тентов ќе бил координатор на операцијава. :D
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.730
Поени од реакции
15.249
Кочани има вселенска програма веќе години уназад. Ова е телепорт до станицата у форма на количка да се залаже јавноста. Тајни..

 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.080
Поени од реакции
7.281
Го потврдувам истото^, лично јас два пати се имам телепортирано.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Кочани има вселенска програма веќе години уназад. Ова е телепорт до станицата у форма на количка да се залаже јавноста. Тајни..

Количкава е лага. Ова е количка која е донирана од масони со цел да го наруши континуитетот и квалитетот на македонскиот фудбал. Нели е преголема коинциденција фактот што после донирањето на оваа количка, македонската фудбалска репрезентација постојано бележи падови и неможе да ја победи ни една Шпанија?
Точно е дека оваа количка е телепорт, поточно портал, која пренесува зли души и демони од пеколот кои шират негативна енергија и го уназадуваат македонскиот фудбал. Што мислиш зошто е зелена боја и е во форма на триаголник?
kolickata.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom