Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
ПРЕД ЦРКОВНОНАРОДНИОТ СОБИР ВО САД
Во пресрет на црковнонародниот собир што треба да се одржи од 2 до 4 септември во Детроит, САД, вчера на влезот во Македонската православна црква "Рожденство на Пресвета Богородица" беше поставена најголемата мозаична икона со ликот на Богородица во светот, потврди ексклузивно за "Дневник" претседателот на Управниот одбор на овој храм Светле Стамевски.
- Иконата ја изработи романски мозаичар, кој живее во Америка. Тој учествуваше во проектирањето на храмот. Тешка е 400 килограми. Составена е од пет милиони мозаични камчиња во сите бои. Висока е 12, а широка е шест метри. Се изработуваше една година. Ја плативме 105 илјади долари, донација на нашите сонародници главно од Тетовско и од Преспанско, но и од другите краишта на Македонија што живеат во Детроит. Ова е наш најголем дар пред одржувањето на големиот собир - вели Стамевски.
Тој вели дека се е подготвено за досега најголемиот и најмасовен црковнонароден собир. Изнајмени се два хотелски комплекса, "Хилтон" и "Мериот", веднаш до црквата, и се резервирани околу 2.000 апартмани. Поканети се сите црковни и политички претставници од власта и опозицијата во земјава.
- Присуството го потврдија владиката Кирил, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Поканети се и Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и поглаварот Стефан. Премиерот се двоуми, бидејќи на 11 септември требало да патува во Вашингтон на отворањето на македонската амбасада, но драго ќе ни биде сите да дојдат. Сите ќе можат кусо да им се обратат на собирот без разлика дали се власт или опозиција, оти за нас Македонија е единствената - вели Стамевски.