Македонската кошарка!

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Го памети ли некој Марк Дин?
Може еден од најбољи странци што играле у мкд, која игра ја имаа со Куртовиќ во Мзт
Финале на купот во радовиш, не ми текнува со кој играа, мирза му намести цепелин од пола терен...уште го памтам ц ц ц
стварно тоа беа времиња, евро лига, ратиофарм улм, реал мадрид, бугари имаше некои....утката на блажевски во португалија со бенфика во последна секунда, во осмина финале.....ах
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
ДВОЈКИ 5. КОЛО

ДЕНЕСКА:

МЗТ СКОПЈЕ - ФЕРШПЕД Р. 18.00ч (мтв)

Сала " Јане Сандански" - Скопје

Судии: Златевски, Денковски, Николовски. Делегат: Пиперков

ТОА СУМ ЈАС - ВАРДАР ОСИГ. 19.30ч.

Сала СРЦ " Кале" - Скопје

Судии: Диковски, Мицевски, Теофиловски. Делегат: Хорват

СТРУМИЦА 2005 - ПЕЛИСТЕР 20.00ч.

Сала " Парк" - Струмица

Судии: Милојевиќ, И. Митровски, Терзиевски. Делегат: Јосифовски

ТАБЕЛА

1. ФЕРШПЕД Р. 22 20 2 1985:1568 42

2. МЗТ СКОПЈЕ 22 18 4 1893:1727 40

3. ВАРДАР ОСИГ. 22 13 9 1694:1684 35

4. ПЕЛИСТЕР 22 13 9 1711:1733 35

5. ТОА СУМ ЈАС 22 12 10 1675:1635 34

6. СТРУМИЦА 2005 22 8 14 1855:1881 30

ПЈЕЈ - АУТ ЛИГА

ДВОЈКИ 3. КОЛО

ЦРН ДРИМ - ВЕЛЕС 2000

ЦЕНТАР - МАВРОВО

ТАБЕЛА

1. ЦРН ДРИМ 19 8 11 1515:1546 27

2. МАВРОВО 20 5 15 1664:1814 25

3. ВЕЛЕС 2000 20 4 16 1562:1746 24

4. ЦЕНТАР 19 4 15 1546:1807 23
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
ВЕЧЕРВА (18 Ч МТВ) ГОЛЕМОТО ДЕРБИ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА, МЗТ СКОПЈЕ - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ

МЗТ Скопје - Фершпед Работнички или обратно, сеедно е. Натпревар за кој се живее, кој се чека со големо нетрпение. Ако се знае дека по подолго време еден против друг ќе бидат првиот и вториот на табелата во Супер-лигата, ете простор " Јане Сандански", конечно, да биде оној вистинскиот. Не дека оваа сезона не е добро исполнета, но доаѓањето на лидерот, на актуелниот шампион и најлутиот ривал треба да означи и "обнова" на ривалитетот и тоа до највисок можен степен, без оглед на условите во кои "живее и работи" нашата кошарка.

Вечерва треба да е празник на кошарката во главниот град, интересно, на другата страна од Скопје ќе се игра и фудбалското, скопско дерби. Но погледите на вљубениците на кошарката ќе бидат во " Јане Сандански".

ТВ преносот и не баш идеалното време не треба да бидат пречка за оние кои ја сакаат кошарката, да дојдат и да видат што може да им понудат "вечните".

МЗТ СКОПЈЕ

ПРВА ПЕТОРКА

Ј. Петровски; А. Антиќ; Д. Гаштарски; М. Ѓуроски; Ѓ. Талевски

КЛУПА

И. Пенов; Д. Миленковиќ; Н. Караколев; А. Штериев; М. Деспотовиќ; Б. Јакимовски; Е. Рамадан;

ТРЕНЕР: А. Петровиќ

ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ

ПРВА ПЕТОРКА

О. Стојановски; В. Поповиќ, Д. Јовановски, Д. Тасовски; Т. Симиќ

КЛУПА

Т. Стојчевски; Г. Веселиновски; Д. Вегов; Ѓ. Кочов; М. Ѓуров, Б. Трајковски; Д. Петрушев;

ТРЕНЕР: Ј. Давитков
 
betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
KOJ POBEDI JA GLEAV SAMO PRVO POLUVREME: ((
 
Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Кој не ја гледаше може само да жали. Ваква утакмица и атмосфера немало во последниве 5 години. 2000 луѓе во сала, две навивачки групи (конечно дојдоа и City Park Boys за да го направат вистинско дерби) тесна утакмица, одлично навивање и на крај МЗТ победи :)
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
МЗТ СКОПЈЕ - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ 71:67

МЗТ СКОПЈЕ - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ 71:67

(12-20; 23-10; 14-20; 20-17)

Сала " Јане Сандански". Гледачи: 2.000. Судии: Златевски, Денковски, Николовски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје

МЗТСкопје и Фершпед Работнички испишаа уште една убава страница од книгата наречена "вечно дерби на македонската кошарка".

Овој пат, во извореден амбиент во " Јане Сандански", каде се собраа повеќе од 2.000 фанови на мак-баскетот, страницата беше обоена во сино-бела боја, онаа на МЗТ Скопје.

По голема борба до последните секунди, што се вели "на пенали", МЗТ Скопје го совлада Фершпед Работнички (71:67). Ги имаа "металците" во своите редови смирените Петровски и пред с$ капитенот Гаштарски во пенал-завршницата, доволно за голема победа и приближување до големиот ривал на чекор до првото место на табелата.

Малку ветувачки за нив беа оние 3-15 некаде во 8. минута од натпреварот. Одлично го отворија гостите вечното дерби, посебно новото лице во нивната екипа Владимир Поповиќ (девет поени во почетниот период од играта). Од друга страна "металците" влегоа некако збунети, веројатно импресионирани од важноста, но и амбиентот која оамна го немало на нашите паркети.

Но како многу пати досега во овие натпревари, МЗТ Скопје не "падна". Напротив, кога Фершпед Работнички малку подзастана, домаќинот почна да се враќа во игра. По неверојатната тројка на младиот Караколев од центарот и со звукот на сирената, МЗТ Скопје дојде и до педност (35:30) по половина од средбата.

Тоа беше убава најава за подобро второ полувреме, во кое и двете екипи имаа свои моменти. Тони Симиќ, покрај Поповиќ, можеби и единствениот кој може да добие преодна оценка кај шампионот, беше играчот кој го врати составот на "шпедитерите". На себе својствен начин, со две врзани тројки во 27. минута донесе изедначување (45:45) и најави уште поголема драматика. "Металците" кои имаа проблеми во шутот, тактиката ја "префрлија" на Талевски. "Златното момче" од " Јане Сандански" беше играчот кој го држеше "сино белиот" брод во "мирни води". Кога требаше, погодуваше, скокаше и тоа под двата коша, секако најзаслужен што МЗТ Скопје ја пробиваше одбраната на противникот кој имаше минимални (50:49) на истекот од третиот период.

Можеби гостите успеаа во обидот да го сопрат Јане Петровски. Младиот бек беше "активен" но само во поле. Но затоа лидерот немаше вистински решенија во нападот, особено ако се знае дека Тасовски "пукаше" со "ќорци" и тоа се до 39 минута, кога поради пет лични грешки седна на клупата со само два поени. Недоволно подготвениот Јовановски, не влезе во ритам, истото важи и за Стојановски, па и Веселиновски, кој како по обичај повеќе внимание посвети на дефанзивата.

МЗТ Скопје повторно беше екипата која се одлепи, не на многу високи (55:50), што беше и најголемата предност до крајот.

Сепак, решението за победникот падна во последните 74 секунди во кои се влезе со минималец за домашната екипа (59:58). Во нив, во центарот на вниманието Димче Гаштарски. Го преценија противниците искусниот бек на МЗТ Скопје кога решија врз него да прават "брзи лични грешки". Погоди "десетката" на "металците" во финалните секунди секогаш кога требаше да држи "дистанца". Тројката на Ѓуров на неполни 7. секунди за 67:66 донесе кулминација. "Врати" Талевски со двата "пенали", а по половичниот ефект од истото место на Стојановски, пресудата, повторно од линијата за слободни фрлања ја донесе Петровски доволна за голема радост и "бис" во " Јане Сандански", секако во чест на победникот.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
КФМ СО СВОЈ ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ

С$ за мак-баскетот на www.basketball.org.mk

Во иднина сите оние вљубеници во македонската кошарка, но и пошироко, ќе може да добијат многу повеќе информации на новиот веб-сјат на кошаркарската федерација на Македонија.

Креаторот на www.basketball.org.mk, Александар Гижаровски, освен желбата оваа страница да биде промотер на македонската кошарка, побара поддршка за овој проект од сите клубови членки на федерацијата во смисла на отворање на нови и официјални сајтови на прволигашките екипи, како на пример, оној на Вардар Осигурување чија "промоција" ќе се случи на 11 април.

Засега функционира само македонската, а многу скоро ќе биде изготвена и англиската верзија на овој интернет портал.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Значи какви пациенти ни се МЗТ, пак ги шлакнавме во Битола. Атмосферата лудници, судите почнаја нешто да дупат, ко рече тренеро влегвам втерен тепам мавам по судите, збеснување публиката шишиња да летат, чакмаци, сончоглед :icon_lol:, не знаеја кај терат скопјани. Тренеро попи исклучување, летна втрибини, ама судите после со страв и со почит некако ми свиреја. Незнам шо да речам многу јаки сме на домашен терен.

НАПРЕД ПЕЛИСТЕР!!!!
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Sindikat напиша:

ke se presmetame vo strumica za kupot!se nadevam na terenot a so toa i na tribinite no moze i nadvor od niv.pozdrav i cestito pobedata se gleame u strumica

NAPRED SKOPJE NAPRED SKOPJE
SITE VO EDEN GLAS
CEL AERODROM E SO TEBE
POBEDUVAJ ZA NAS!!!!!OOOOOOO:pehar:
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Sindikat напиша:
Значи какви пациенти ни се МЗТ, пак ги шлакнавме во Битола. Атмосферата лудници, судите почнаја нешто да дупат, ко рече тренеро влегвам втерен тепам мавам по судите, збеснување публиката шишиња да летат, чакмаци, сончоглед :icon_lol:, не знаеја кај терат скопјани. Тренеро попи исклучување, летна втрибини, ама судите после со страв и со почит некако ми свиреја. Незнам шо да речам многу јаки сме на домашен терен.

НАПРЕД ПЕЛИСТЕР!!!!
ова ми личи на нецивилизирана утакмица, после на судиите нека судат објективно
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
marketar напиша:
С$ за мак-баскетот на www.basketball.org.mk

Во иднина сите оние вљубеници во македонската кошарка, но и пошироко, ќе може да добијат многу повеќе информации на новиот веб-сјат на кошаркарската федерација на Македонија.

Креаторот на www.basketball.org.mk, Александар Гижаровски, освен желбата оваа страница да биде промотер на македонската кошарка, побара поддршка за овој проект од сите клубови членки на федерацијата во смисла на отворање на нови и официјални сајтови на прволигашките екипи, како на пример, оној на Вардар Осигурување чија "промоција" ќе се случи на 11 април.

Засега функционира само македонската, а многу скоро ќе биде изготвена и англиската верзија на овој интернет портал.
:icon_lol::icon_lol:
братучед ми ја правел страницава?? хахаха види го ти него
 
BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Абе македонскава кошарка абер нема,нема никаква организација во играта!!!
Центар во екипата место да оди под кош да се тепа,седи на тројка и чека за шут-па плејовите нека скокаат ако сакаат
Забивања строго забрането затоа што човек од 210цм. неможе да скокне колку за еден лист да му протнеш под нозе!!!
Сега за сега нема иднина тука кај нас
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
BusHav напиша:

Не треси зелени, на таа тактика србија сто пути стана шампион, нека ти текне шо праи гарнет, дивац...
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
Иначе ја сум најдобриот странец у македонската кошарка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom