Монтгомери и Гејнс со две години суспензија
Американските спринтери Тим Монтгомери и Кристи Гејнс се виновни за допингување и добија двегодишна суспензија во завршницата на најголемиот допинг-скандал во американската атлетика. Судот за арбитрација во спортот (ЦАС) објави дека ги поддржува одлуките на Американската анти-допинг агенција (УСАДА) од јули 2004, поради што тие добиваат двегодишна суспензија почнувајќи од 6 јуни 2005.
Монтгомери, за кого ова значи губење на претходниот светски рекорд на 100 метри од септември 2002 и сите резултати од 31 март 2001, заедно со Гејнс, Алвин Херисон и Мишел Колинс беа обвинети во јуни 2004 за допингување и покрај тоа што немаа позитивен тест, како дел од истрагата на БАЛКО скандалот со тетрахидрогестринонот (ТХГ).
ЦАС го прифати ова објаснување иако ја одби предвидената четиригодишна суспензија. Монтгомери беше обвинет по сведочењето на сопственикот на БАЛКО лабораторијата, Виктор Конте (кој сега отслужува четири месеци затвор), кој исто така ја обвини и партнерката на Монтгомери, освојувачката на пет медали од Сиднеј 2000, за допингување. Џонс не е формално обвинета од УСАДА.