Macedonia>>Europe
Faster Than Light
- Член од
- 6 јуни 2007
- Мислења
- 2.582
- Поени од реакции
- 836
Спектакл во август: Македонија - Шпанија
Македонија ќе го пречека европскиот фудбалски шампион Шпанија во Скопје на 12 август, кога ќе биде пуштена и северната трибина на стадионот Филип II во Скопје.
Одлична вест ни доаѓа од ФФМ. Касиљас, Пујол, Фабрегас, Чави, Торес, Иниеста, Рамос, Виља и останатите ѕвезди од Црвената фурија ќе ги гледаме во август во Скопје.
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески се договорил со првиот човек на шпанската фудбалска федерација Виљар на конгресот на УЕФА во Копенхаген, да се одигра пријателски меч меѓу Македонија и европскиот првак на 12 август во Скопје.
Со големиот спектакл, гостувањето на ѕвездениот состав на „Црвената фурија“ ќе почне прославата на јубилејот еден век фудбал во Македонија, наведува ТВ А1 додавајќи дека свечено ќе биде пуштена во употреба и новата северна трибина.
Што мислите, ќе не собере ли сите?