Македонија 2010 - срамотилаци

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Еве вести од само еден ден кои успеаа да ме разочараат. А вакви ги има по неколку во нашето секојдневие. Одговорноста во сите!!!

„Македонска“ култура!?

Полицајци мократ покрај пат?



Што прават овие специјалци? Канал 5 дојде до овие фотографии. Оние што ги сликаа тврдат дека 10тина припадници на МВР стојат на прометниот пат Битола Скопје и уринираат. Според истите, ова се случило пред 2 дена кога специјалците ги придружувале комитите на натпреварот Пелистер Вардар и застанале да одморат. На патот Битола Скопје има повеќе бензиски пумпи но сепак специјалците за своите физиолошки потреби искористиле јавен и отворен простор. Токму за вакво прекршочно дело е предвидена парична казна од 50 евра. Во законот стои дека
Заради обезбедување на чистота на јавните површини меѓу другото е забрането и вршење на физиолошки потреби. Казната висока 3000 денари на лице место ја пишува токму полицаец.
Од МВР велат дали ке им казна ќе одлучеле откако фотографиите ќе им бидат лично доставени.

30.03.2010, 15:39​



Македонски железнички сообраќај !?

Со Кенеди и Горбачов по пругата на Тито

Ло­ко­мо­ти­ви стари и до педесет години ги влечат вагоните на "Македонски же­лез­ни­ци" во кои секојдневно се возат стотици луѓе. Чиста среќа е што досега не­ма­ло несреќа со жртви, вели членството на Синдикатот на машинскиот пер­со­нал во Железници, кое минатата недела на прес -конференција го повика ра­ко­водс­тво­то и државата итно да ја подобри безбедноста на железничкиот со­об­ра­ќај во државава. За 20 години независност, Македонија нема изградено ни метар нова пруга. Целата железничка мрежа е поставена уште во време на СФРЈ, а се подновува само кога кога се крадат шините. Според Синдикатот, и во­зо­ви­те и шините се распаѓаат, а дел од локомотивите, кои се стари по по­ло­ви­на век, слободно може да бидат музејски примероци.
"'Ке­не­ди' вози до Битола и Кичево. Тоа е дизел-локомотива, стара педесетина го­ди­ни, од времето на американскиот претстедател Кенеди. Само оваа ма­ши­на може да ги искачи висините до двата града бидејќи железницата на овој дел од Македонија не е електрифицирана. Оваа локомотива има и парен по­гон кој зиме треба да ги затоплува вагоните, но бадијала што го има бидејќи не функционира оти цевките низ кои треба да поминува пареата се за­тнатни од 'рѓа. 'Горбачов', пак, кој од СССР од времето на Горбачов, сообраќа од Та­ба­нов­це до Скопје и од Скопје до Гевгелија по коридорот 10 кој води до ЕУ. И 'кенеди' и 'горбачов' локомотивите се во очајна состојба и ако под итно не се обноват, не дај боже може да бидат кобни", ни рекоа вчера членовите на Син­ди­ка­тот.
Тие не беа сигурни кога последен пат компанијата купила нови вагони, но ве­лат дека лани било направено репарација на неколку локомотиви. Ма­ши­но­во­за­чи­те објаснуваат дека за нивна лична безбедност и безбедност на пат­ни­ци­те, иако предвидената максимална брзина за возовите во земјава е 100 км на час, ретко кога ја постигнуваат.
Ра­ко­водс­тво­то на "Македонски железници АД Транспорт" вчера не одговори на прашањето на "Вест" кога последен пат се купени нови локомотиви и ва­го­ни. Генералниот директор Благоја Крстевски во неговиот писмен одговор об­јас­ну­ва дека за проектот "Реформи во железницата" досега се вложени 9 ми­ли­о­ни евра.
"Нап­ра­ве­на е модернизација на две електрични локомотиви на кои им е вгра­ден нов систем на кочење, а 4 маневарски машини добија екомотори и систем за кочење. До крајот на годината сите четири треба да пристигнат за екс­пло­а­та­ци­ја", вели Крстевски.
Крс­тев­ски најавува дека е во тек и набавка на 36 плато вагони, а во 2010 го­ди­на е предвидена поправка на дизел-моторен воз и 10 патнички вагони, за која се предвидени 68 милиони денари.

Македонски спортски дух!?

Со камења по минувачите на битолското шеталиште

Со камења по минувачите на битолското шеталиште
Вардарови играчи нападнаа 12-годишно дете на полувремето
БИТОЛА. - Иницијалната каписла за дивеењето на "комитите" на релацијата Битола-Скопје во неделата беше активирана во финишот на дербито Пелистер-Вардар. По канонадата од петарди и други предмети што ги фрлија на теренот на стадионот "Под Тумбе кафе", бесот од поразот на своите миленици гостинските навивачи го истурија и врз недолжните минувачи на битолското шеталиште.

Во еден момент, група од 20-ина "комити" преку заштитната ограда ги гаѓаше шетачите со камења и шишиња и дури по интервенцијата на полицијата, напаѓачите беа вратени во автобусите, по што ја напуштија Битола. Покрај "комитите", за осуда е и потегот на неколкумина играчи на Вардар, предводени од голманот Горан Симов, кои пред почетокот на второто полувреме физички нападнаа 12-годишно момче, собирач на топки, кое, исто така, беше мета и на скопските навивачи. Иако беше сведок на настанот, делегатот Добре Иваноски, место да го санкционира некоректното однесување на гостинските фудбалери, го правдаше овој пропуст со намерата дополнително да не ја вжештува атмосферата на теренот и трибините.
Без оглед на пласманот на екипите, дербито во Битола привлече околу 3.000 гледачи, кои создадоа прекрасен амбиент на стадионот.

Македонски начин на справување со невработеноста!?

НЕГУВАТЕЛКИТЕ ЌЕ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД
Министре, вие сте виновен
Не­гу­ва­тел­ки­те, воспитувачките и техничкиот персонал, кои во градинките ра­бо­тат со договор на дело, најавија штрајк со глад. Од повеќе градови, тие вчера дојдоа на протестот пред Министерството за труд и социјална по­ли­ти­ка во Скопје. Порачаа дека директен виновник за евентуалните пос­ле­ди­ци од штрајкот ќе биде министерот Џељаљ Бајрами.

"Очиг­лед­но е дека министерот има желба од ресорот труд да нe префрли во ресорот социјала. Ако го решававте постапно проблемот откако сте дој­де­ни на позиција, проблемот немаше да постои. Велите дека има прев­ра­бо­те­ност и нестручност, а фактите се во наша полза", порачаа вчера не­гу­ва­тел­ки­те.
274 не­гу­ва­тел­ки и воспитувачки работат со договор на дело со години. Ми­нис­терс­тво­то за труд и социјална политика нема намера да ги вработи и одговорноста ја префрла кај општините.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
2.43


он:

Која мизерија се нашиве новинари човек да ги стрела ! :costumed2 :violent1::violent1:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
А кога се на пат, т.е. на терен треба да бараат ВЦ за мокрење?:tapp:
Не бе ќе мочаат во гаќи. :toe:

Сепак шала на страна и ова не е во ред. Па полицајци се да му невиди, ако немале некоја хитна работа можеле да застанат на некоја бензинска и да отидат во WC како што пишува и погоре во текстот. Да се брзеле некаде на некоја интервенција не ни верувам дека би имале време и дозвола да мочаат на среде автопат, ама ајде било поминало да се надеваме дека нема да се повтори.:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
А кога се на задача/на терен полицајциве пак мора да бараат бензинска со клозет?
Ептен и новинарите се испозанесоа. Башка за да влезе у вц треба 10-15 кила опрема да симне оти не го ни збира низ врата.
Новинарско глупирање или толку им сече.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ako ти одиш да се измочаш ќе треба да платиш казна која ќе ти ја пишаат баш овие полицајци. Малку важно. Тие имаат јавна и поучна фукција за граѓаните на Македонија, тие го спроведуваат редот и мирот во оваа земја , а тоа не значи само фаќање крадци, тепање хулигани и тн ... нивна задача е и заштита на природата и чистотата во Македонија. Ова е срамота , а и чуди фактот како тоа на сите 5-6 им се примочало во истиот момент!? Како што рекол новинарот има доста бензински станици попатно кои имаат тоалети, не постои никакво оправдување за ваквото простачко однесување од било кого! :kesa:
Македонија во 21 век.... треба уште многу работа :wink:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
...Заради обезбедување на чистота на јавните површини меѓу другото е забрането и вршење на физиолошки потреби........
Дај бе не заебавате......надвор од секое населено место..природата, дивината... јавна површина!!!!!!!!....:helou:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
А кога се на задача/на терен полицајциве пак мора да бараат бензинска со клозет?
Ептен и новинарите се испозанесоа. Башка за да влезе у вц треба 10-15 кила опрема да симне оти не го ни збира низ врата.
Новинарско глупирање или толку им сече.
Немора да бара WC.Можеле барем малку да се подзакријат а не на самиот пат да мочаат.Кога би дсе потрудиле малку да се подзатскријат никој не би ни приметил.Вака?На секои неколку секунди поминуваат други возила.Во тие возила се возат и жени.Не дека незнаат што имаат полицајците но нее пријатно.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не е само тоа.Јас низ град имам видено неколку пати како џандари плукаат по улица.И кој ќе ги казни жити се?Никој ништо не им може.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Вие па.Немора да се мочаат можда си ги мерат.:pos2:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Српско млеко се продава под македонски бренд




Откако фармерите јавно проговорија за ниските откупни цени денеска се огласи Битолска млекара. Се брани – цените се реални, откупот на млеко зголемен како и секоја година во овој период. Сепак фармерите и денеска предупредуваат млечната криза ќе биде реалност.

- Ќе има вишок поради зголеменото производство во пролетниот период и ќе го истураме млекото - изјави Славче Атанасовски

Фармерите реагираат што во услови на вишок млеко на домашниот пазар, млекарница под брендот и во амбалажа на БИ милк продава српско млеко на домашниот пазар.

- Битолска млекара сака да си увезува млеко, на ИМБ Битолската млекарница, му е само да увезува млеко, не му е во интерес да го откупува нашето млеко вели Душко Илиевски .

Откако информацијата излезе во јавноста, се огласи и менаџментот на Битолска. Велат ваквиот увоз бил реализиран само еднаш,бидејќи во тој момент на македонскиот пазар немало квалитетно млеко. (Koја комедија !!! Подобар изговор неможел да смисли, снемало квалитетно млеко моментално :pos2: )
Според неофицијалните информации од ветеринарната управа само во трите месеци од оваа година увезени се 684 тони вакво млеко. Млекарите веќе подолго време апелираат дека со пропаѓањето на Сведмилк , повторно на македонскиот пазар нема конкуренција во овој бизнис. Се жалат дека се принудени да ги продаваат кравите, купувачи се јавуваат од Косово и Србија.

Љупка Камчева

09.04.2010, 16:57
Жив срамотилак! Ова е само еден од многуте вакви и слични примери низ Македонијава наша. Вака се уништува и економија и држава и нација. Некој мора ова да го сфати сериозно и да го сотре еднаш засекогаш, за век и векови.​
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Се знае во оваква ситуација што се прави, бојкот.
Јас го купувам би милк, од денеска престанувам.
Никој не е посилен од свесната единка.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се знае во оваква ситуација што се прави, бојкот.
Јас го купувам би милк, од денеска престанувам.
Никој не е посилен од свесната единка.
Како побрзо и поефикасно да се освестат сите „единки“ во Македонија?
Сточарот е само еден од нив, меѓутоа многу голем број граѓани се засегнати т.е. оштетени од фирми и институции со сличен или идентичен начин на менаџирање како овој.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
оштетени од фирми и институции со сличен или идентичен начин
Можеби помасовен бојкот на битолското млеко, но пред тоа поставува прашање дали е млекара виновна, сточарите или некој трет.
Од друга страна, доколку некој од нас има фирма за млеко (или друг производ), што би сторил? Би земал поефтини суровини (како секој нормален трговец или производител), што значи дека млекарата (ако им го откупува, но по пониски цени или не им го откупува ако немаат договор) не е баш виновна во случајов. Можеби поефтино производство/намалување на трошоците во говедарството што не зависи од нашите млекарници.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Можеби помасовен бојкот на битолското млеко, но пред тоа поставува прашање дали е млекара виновна, сточарите или некој трет.
Од друга страна, доколку некој од нас има фирма за млеко (или друг производ), што би сторил? Би земал поефтини суровини (како секој нормален трговец или производител), што значи дека млекарата (ако им го откупува, но по пониски цени или не им го откупува ако немаат договор) не е баш виновна во случајов. Можеби поефтино производство/намалување на трошоците во говедарството што не зависи од нашите млекарници.
Не можам да дадам стручно мислење , но би предложил нешто вакво - „забрана на било каков увоз , додека не се исцрпат сите домашни извори“, исто како што е ангажирањето на работници, од странство, во други земји т.е. можат да издадат работна дозвола на странски државјани, само доколку во нивната држава не постојат незапослени луѓе од оваа струка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom