Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
^bbbbbb

Предолг ти е постот, затоа не те цитирам, и ќе пробам да бидам краток.

Кире нека е најдобриот спортист на Македонија, нека е и најдобриот играч после Пепи... Го ценам уште од времето кога хараше во Пелистер, и секогаш ќе ми биди еден од омилените играчи :).

Ама за доброто на репрезентацијата, не смее ниту тој, ниту Мојсо да го прават списокот кои играчи ќе играат а кој не. Потребно е да се расчистат работите во федерацијата, људождерите како Начевци треба да се дистанцираат еднаш од федерацијата, не се вечни ни тие, ни Михајло, ни Минчо... :cautious:
Потребен е тренер кој самиот ќе си го формира тимот и нема да биди само пиунче таму долу на паркетот и кој ќе има апсолутен авторитет врз секој од екипата!

Околу Кире, јесте беше најдобар стрелец во Хрватска, ама ракометот е колективен спорт, никако не смееме цела тактика да ја темелиме врз него, затоа што веќе сме прочитани ко селски буквар. Шо ќе биди кога еден ден нема да игра Кире за репрезентација?
Да, тој е капитен, тој треба да превземи одговорност и тој треба да се крени и да чукни гол кога другите не се осмелуваат, ама тој уште не почната акцијата гледа да ја заврши.
4/11 денес од десен бек, Темелков 0/0... Кој треба да пушти на десно крило? Мојсо? :eek:
Со Шведска промашва пенал, наредниот пенал пак тој си ја зема топката... Никој не смее да му писни на терен, камо ли да се осмели да шутни. Па кај го има тоа? :confused:
Да се разбериме, никаде не сум плукал по Лазаров, исклучително го ценам, ама ваква слобода ни во Р.К Лазарови не треба да си земи, а не пак во репрезентација...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Добро бе луѓе треба да смо горди на нашиве изигравмо мушки до крај свака част јунаци наши :cuc:знам дек поразот ни паѓа тешко на сите ама тоа е тоа судиете си го напреаа своето за тоа нема да коментирам за лазров шо да кажем пенал може да му се деси да промасши на секој тоа е имаше не резонски удари ама не треба да се плука затоа што нашата репрезентација не е иста со него и бес него и сами знаете туку сеа се добива на тежина што го немамо стојанович на местото на филип лазаров ја не знам толку да не може да шутне да навлече играч:facepalm: немам коментар
исто читам за мансаков зборите па немоје бе луѓе ко ги даде голојте беше добар а саквте да им се даде шанса на младите што сакате повеќе тоа е среќата ни го сврте грбот исто ко што дамјан промаши тоа е немамо среќа и уште едно браво за петар аѓелов кој што избрани одлично арно ама немаше кој да ѓи прифати топќете што ги бранше како и да е уше ништо не е изгубено мислим дека ќе ги добиемо чешка идемо напред спортцки поздрав
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Браво херои за денешната игра!!! Со ваква пожртвуваност ќе следат победи сигурен сум дека првата ќе биде веќе во четврток!! Изиграа храбро без страв од противникот, со многу искуство но среќата не не посака...
И нема потреба да се напаѓа Кире за неколкуте избрзани шутеви, клучни грешки направија Диви и Манасков но како колектив покажавме дека можеме да играме со најголемите.
Одиме на победа во четврток!!!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
ehf_mafia.jpg Колку да забележиме со слика.За жалбата 97% сме свесни каков ќе е епилогот.
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 02:08 ---
ehf_mafia.jpg Колку да забележиме со слика.За жалбата 97% сме свесни каков ќе е епилогот.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Чист како солза, срамота за ЕХФ ова не е фудбал и треба да се донесе одлука да се регистрира голот со резултат 24:24 !!! Нашите поднеле жалба!
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Браво херои за денешната игра!!! Со ваква пожртвуваност ќе следат победи сигурен сум дека првата ќе биде веќе во четврток!! Изиграа храбро без страв од противникот, со многу искуство но среќата не не посака...
И нема потреба да се напаѓа Кире за неколкуте избрзани шутеви, клучни грешки направија Диви и Манасков но како колектив покажавме дека можеме да играме со најголемите.
Одиме на победа во четврток!!!
аааааааааааАјде мансков али не го кривим има тој уште да учи али за анќелов не знам една грешка што направи а сколку само топќи фати само што све им доаѓсе у рука на швабите тоа е неманје среќа
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
^bbbbbb

Предолг ти е постот, затоа не те цитирам, и ќе пробам да бидам краток.

Кире нека е најдобриот спортист на Македонија, нека е и најдобриот играч после Пепи... Го ценам уште од времето кога хараше во Пелистер, и секогаш ќе ми биди еден од омилените играчи :).

Ама за доброто на репрезентацијата, не смее ниту тој, ниту Мојсо да го прават списокот кои играчи ќе играат а кој не. Потребно е да се расчистат работите во федерацијата, људождерите како Начевци треба да се дистанцираат еднаш од федерацијата, не се вечни ни тие, ни Михајло, ни Минчо... :cautious:
Потребен е тренер кој самиот ќе си го формира тимот и нема да биди само пиунче таму долу на паркетот и кој ќе има апсолутен авторитет врз секој од екипата!

Околу Кире, јесте беше најдобар стрелец во Хрватска, ама ракометот е колективен спорт, никако не смееме цела тактика да ја темелиме врз него, затоа што веќе сме прочитани ко селски буквар. Шо ќе биди кога еден ден нема да игра Кире за репрезентација?
Да, тој е капитен, тој треба да превземи одговорност и тој треба да се крени и да чукни гол кога другите не се осмелуваат, ама тој уште не почната акцијата гледа да ја заврши.
4/11 денес од десен бек, Темелков 0/0... Кој треба да пушти на десно крило? Мојсо? :eek:
Со Шведска промашва пенал, наредниот пенал пак тој си ја зема топката... Никој не смее да му писни на терен, камо ли да се осмели да шутни. Па кај го има тоа? :confused:
Да се разбериме, никаде не сум плукал по Лазаров, исклучително го ценам, ама ваква слобода ни во Р.К Лазарови не треба да си земи, а не пак во репрезентација...
Значи се сложувам со ова што го кажуваш на почетокот околу костурот на репрезентацијата и во тоа не навлегувам. Апсолутно. Дека тактика подобра требало да се подготви и тоа. Ама таа тактика сепак треба некој да ја оствари. И тоа седум луѓе, а не да не можат да се ослободат топка да добијат, а не па позиција да изградат.
Околу пеналите секаде и во речиси секој тим играч што важи за сигурен шутер на пенали, ако промаши првиот шутира и втор пат. ако не се менува. На сите им се случува да промашат, па и на него.
А за тоа дека никој не може да му писне, не е баш така. Нема за Што да си пискаат треба да соработуваат. Но и да е така сигурно има причина зошто е така. Мува ако ти зуе ќе смачкаш со рака, ама лав ако ти ржи...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
А има ли камера што ја снима гол линијата?
Нека ја прегледаат снимката од таа камера со последниот шут на Кире и ке видат дека било чист гол.
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
^bbbbbb

Околу Кире, јесте беше најдобар стрелец во Хрватска, ама ракометот е колективен
патем не само во Хрватска, туку и во Л.Ш., на сите времиња (до денес). ;)

Не се сомневам во неговите квалитети воопшто иако е забележително дека ја нема силата од пред пар години, што е нормално. Но очекувам страотна партија против Чешка, и виза за Београд.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Абе знаат гол виделе ама пак ништо караванот врви кучинјата си лаат тоа тие ништо нема да сменимо дај боже да грешим ама не знам
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Браво херои за денешната игра!!! Со ваква пожртвуваност ќе следат победи сигурен сум дека првата ќе биде веќе во четврток!! Изиграа храбро без страв од противникот, со многу искуство но среќата не не посака...
И нема потреба да се напаѓа Кире за неколкуте избрзани шутеви, клучни грешки направија Диви и Манасков но како колектив покажавме дека можеме да играме со најголемите.
Одиме на победа во четврток!!!
Диви
Диви
Диви


се заебаваш нели !? :cautious:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Не треба да очекуваме некој фантастичен исход од жалбата, во најдобар случај ќе „прогласат“ погрешна судиска проценка и можеби парична казна, која сепак нема да влијае врз промена на резултатот.

Она што мене ме радува е што одигравме силно и воинствено, што и покрај сите грешки и аномалии докрај се држевме со една моќна Германија, име и презиме во светскиот ракомет.
Да не зборуваме за дисконтинуитетот во европските/светските натпреварувања (второ учество на ЕП после цели 13 години)...

Верувам дека имаме сили за победа против Чешка и влегување во вториот круг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom