Македонија ќе добие нов државен грб

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Претпоставувам да се разликува од бугарскиот и да се избегне непријатната општествена дебата дека новиот грб е бугаризација на државата. Со тоа и се постигнува поширока прифатеност на истиот.

На Албанците убеден сум дека им е сеедно дали лавот е жолт или црвен. Ама ако беше жолт и на темава и во општеството дебатата ќе беше многу поплукачка.
Мислам дека за тоа сте се погрешиле малце, редовните плукачи ќе плукаат, но ќе беше прифатен и тој, дури и повеќе од овој сегашниов предлог, кој кај многумина предизвикува чудење, љубопитност но и одбивност, одосно делува како уште еден компромис.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.779
Поени од реакции
21.187
И просто е језиво да се чита колкава омраза имаат некои членови кон Бугарите. Сепак 70те години континуирана белградска пропаганда си го направила своето.
Колку што може да се зебележи и софиската пропаганда не седеше со скрстени раце :cautious:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Мислам дека за тоа сте се погрешиле малце, редовните плукачи ќе плукаат, но ќе беше прифатен и тој, дури и повеќе од овој сегашниов предлог, кој кај многумина предизвикува чудење, љубопитност но и одбивност, одосно делува како уште еден компромис.
Редовните плукачи секако плукаат, ама не мислев на нив. Има во државава добар процент на југоносталгично население кое има одбивност кон Бугарија. Тоа ќе го отфрлеше таквиот грб од прва. За овој што е сега презентиран, истите (бар по моето искуство) викаат не беше приоритет, ама зошто да не.

Дополнително, грбот во институции во 90% се употребува како резба или во мермер, на посош само со една боја над позадинската, боите се исти само инверзни, значи разликата во блазонот не би била суштинска. Во ред, јас можам да прифатам дека е компромис, ама мислам дека е добар компромис.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.138
Поени од реакции
8.229
@Inglourious Basterd, поназад напиша дека за одлуката за менување на грбот ќе следи дополнителна реакција од ДУИ (Ахмети).

Ќе биде како со консензуалниот кандидат за претседател, тепање деца по автобуси и улици, протести, или нешто сосема друго?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
@Inglourious Basterd, поназад напиша дека за грбот ќе следи дополнителна реакција од ДУИ (Ахмети).

Ќе биде како со консензуалниот кандидат за претседател, тепање деца по автобуси и улици, протести, или нешто сосема друго?
Ако не го сакаат грбот ги имаат сите законски механизми да го спречат. Нема потреба овде од покажување сила, треба само да гласаат против. На човекот му стана јасно дека не влегуваме во ЕУ, па сега си прави алтернативен пат.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Редовните плукачи секако плукаат, ама не мислев на нив. Има во државава добар процент на југоносталгично население кое има одбивност кон Бугарија.
Не мислам дека во толку голем процент, можеби се влијателни. И умре Југославија во секој вид и форма. Не можат веќе да се кријат зад југоностагијата.

Тоа ќе го отфрлеше таквиот грб од прва. За овој што е сега презентиран, истите (бар по моето искуство) викаат не беше приоритет, ама зошто да не.

Дополнително, грбот во институции во 90% се употребува како резба или во камен на посош само со една боја над позадинската, боите се исти само инверзни, значи разликата во блазонот не би била суштинска. Во ред, јас можам да прифатам дека е компромис, ама мислам дека е добар компромис.
Значи компромисот е со "југоносталгичарите", а не со албанците. Заради "југоносталгичарите" не можеме да го имаме македонскиот лав како грб, кој БТЊ е различен од бугарскиот - две опашки, круна...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Не мислам дека во толку голем процент, можеби се влијателни. И умре Југославија во секој вид и форма. Не можат веќе да се кријат зад југоностагијата.
Значи компромисот е со "југоносталгичарите", а не со албанците. Заради "југоносталгичарите" не можеме да го имаме македонскиот лав како грб, кој БТЊ е различен од бугарскиот - две опашки, круна...
Југоносталгичари ми беше ублажување на антибугарски расположени, чисто од практични причини, да избегнам непотребни цитирања. Ама ете, ако инсистираш. Во Македонија има многу луѓе што ја мразат Бугарија. За ова верувам дека ќе се согласиш?

И да, инверзијата на боите е „компромис“ со нив. Бидејќи, нели, симболот треба да стане општоприфатен. И зошто побогу компромисот со Албанците би бил бојата на лавот? Се знае кој е симболот на Албанците.

Да инсистираа тие на компромис, на грбот ќе имаше некоја комбинација со лав и орел, или уште поточно, воопшто немаше да има нов грб.
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2012
Мислења
174
Поени од реакции
77
Добро бе луѓе која е таа чудна потреба да се мразиме,те срби те бугари.Не ли може да се дебатира без гнев и омраза,што ни се криви луѓето што живејат во соседството и тие се на исто дереџе ако не и бетер.Кого да мразам јас што сум роден македонец со сопруга србинка и роднини по бугарија ?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
незнам зашто одат со недоквакани предлози...најнапред не може Лав без Орел, а имаат малку и блгарите право, па нивната валута е ЛЕВ.
Зашто бегаме од автохтоното Магаре, тоа посилно рика од Лавот а е и пообдарено:D. Мислам само Парагвај го користи како симбол а со нив нема да имаме проблем :)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Добро бе луѓе која е таа чудна потреба да се мразиме,те срби те бугари.Не ли може да се дебатира без гнев и омраза,што ни се криви луѓето што живејат во соседството и тие се на исто дереџе ако не и бетер.Кого да мразам јас што сум роден македонец со сопруга србинка и роднини по бугарија ?
Вмровците.
Мене ме обвини на една друга тема дека сум штабски платеник заради обичен коментар. Ме навреди неколку пати а сега кога некој навредил бугар или србин или не знам што стануваш миротворец. За тебе на пример нема ништо спорно што некој себеси се нарекува македонски бугарин и треба да го сослушаме ама ако поддржал некој потег на власта тогаш не може да коментира. Огромен демократски капацитет и доказ за патриотизмот. И држи се до темата не брани бугари.
 
Последно уредено:

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Др-Стојан Антонов, Претседател на Бугарското хералдичко и вексилолошко здружение

Република: Македонија има нов предлог за Грб.

Антонов: Го видов на Фејсбук, да.

Р: Многу лавови има на Балканот и во Европа- Австрија, Унгарија, Бугарија, Македонија, па и Англија, Франција. Колку се слични а колку различни и постои ли период кога сите тие биле исти?

Антонов: Во хералдиката нема значењедали некаде го има лавот или го нема лавот. Секој еден од тие лавови е во контекст или на некоја хералдичка традиција односно историја. Во практика, сите хералдички лавови се еднакви затоа што тоа е една фигура, една фигура за грб. Исто како што сите букви А се еднакви. Може да се малку различно нацртани, но сето тоа е буквата А. Истото е и со хералдичкиот лав. Тој како хералдичка фигура е еднаков, нема значење дали е албански, македонски, бугарски, англиски, или чешки на пример. Тоа нема големо значење. Има значење каква е бојата, но повторно- сите црвени лавови се исти и сите златни или жолти лавови се исти.

Р: Грбот на ВМРО е златен лав на црвен штит, а предлогот за државен грб на Република Македонија е црвен лав на златен штит. Која од овие две комбинации е повеќе поврзана со македонската историја и, додатно, има ли сличности со бугарските симболи?

Антонов: Не можам да зборувам ниту за македонска ниту за бугарска хералдика, пред создавањето на државите. Кога се појавуваат тие грбови, без оглед на тоа дали се златни на црвено или црвено на златно, тоа се е дело на западноевропските хералдичари. Тие грбови кои што се среќаваат во грбовниците од средновековието се од западноевропски извори. А таму се среќаваат двете варијанти. Како за Македонија, така и за Бугарија. Кога се во еден грбовник се различни- ако бугарскиот е црвен на златно, македонскиот е златен на црвено; или обратно..
Coat_of_Arms_of_Macedonia_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_(1741)

Грбот на Македонија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

Р: Ако добро разбрав, западноевропските хералдици кога ги цртале грбовите правеле разлика во боите за да се разликуваат едниот од другиот- македонскиот од бугарскиот?

Антонов: Точно така.
Coat_of_Arms_of_Bulgaria_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_(1741)

Грбот на Бугарија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

Р: А тоа не е поврзано со состојбата на терен?

Антонов: Па ние немаме домашни извори, на пример тука да имало хералдика, која ќе каже дека имало точно таков грб. Значи, кога се ослободува Бугарија 1878, земале од Стематографијата на (Христофор) Жефаровиќ, таму е златен лав на црвено, од тука го земаат и од тука натака тој станува бугарски. И од таму почнува хералдичката историја. Истото време дека во истата книга на Жефаровиќ го има и македонскиот грб- Црвен лав на златно. Ако тогаш била создадена и Македонската држава- паралелно со бугарската- многу веројатно тоа би бил грбот. Иако тоа неможам сега да го кажам тоа нема никаква вредност, може да си кажуваме прикаски колку сакаме. Факт е дека од тогаш се користи бугарскиот грб како златен на црвено.
Знамето_на_Разловечкото_востание 2

Лавот на знамето на Разловечкото востание 1876 год.

Има два примера за црвен лав на златно- а тоа е Разловечкото востание и второто на кое се присетувам е грбот на династијата Караѓорѓевиќ-српската, а потоа југословенската династија. Штитоносците на тој грб имаат знаменца,едното е жолто со црвен лав, а другото е сино со глава на вепар. Второто е симбол на Шумадија/ Трибалија. Првото жолтото со црвен лав. Тоа бил знакот на Стара Србија- а тоа тогаш се разбирале Косово и Македонија.
crop

Детал од грбот на династијата Караѓорѓевиќ

Ако зборуваме за вистинска употреба вон западноевропските грбовници, кои се западноевропски традиции, а не се месни, локални тррадиции, јас се сеќавам за овие два факта на употреба. За хералдиката не е важно кој ја употребува- Срби, Бугари, Македонци, Грци- важно е за која територија се однесува.

Така има грбови кои се вклучени, англискиот крал го има и францускиот грб. Се знае дека е грб на Франција и нема значење дали го користи англискиот крал или францускиот или некој друг претендент.

Во суштина, логиката е дека во еден ист контекст неможе да нема два еднакви грба. И секогаш може да се направи да се разликуваат . Ако сакаме да се разликуваат, може тоа да го направиме- едниот да има круна другиот да нема. Или едниот да има двојна опашка а другиот да нема.

Р: Што значи тоа „двојна опашка“ има значење или е само уметничка замисла?

Антонов: А, тоа со сигурност има некое значење, но ние не го знаеме. Тој што го измислил знаел што имал предвид. Ние не може да го интерпретираме значењето.А сега немаме извор кој вели „ го направивба со двојна опашка заради…“

Р: Дали има општо значење како се читаат на пример како позицијата на коњите на бистите на војсководците, далли со една нога дигната или двете во воздух- дали бил ранет или загинал во битка?

Антонов: Ние знаеме како се викаат, но не знаеме што значи. Има различни трактати од ренесансата за тоа во која ситуација може да се употреби некаков таков грб. За овој „рампант“ на лавот и на македонскиот и на бугарскиот грб, да речеме, ние го викаме „во скок“, „во динамика, не е статичен“, „кој скока, се готви за битка“, тој е разгневен… Општо земено, секој може да дава какво сака објаснување кога станува збор за хералдиката, во смисла дека еден збор може да има многу значења зависно од контекстот и дали се користи како метафора.

преземено од http://republika.mk/?p=356404
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Ако може jonovski да го појасни значењето на муралната круна на грбот. Предлогот за грб ми се допаѓа, но ваква круна листајќи по интернет ја најдов кај 90% грбови на градови, а кај државите кај Малта (град-држава). Дали има некој друг начин да се изрази републиканскиот карактер на државата, и дали ова е конечен предлог или следи „фина доработка“ како рамка на штитот и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom