Идеите се секако тие, но спроведувањето на идеите е она што е спорно.
На пример, во Германија не се предвидени само 15 минути за термин по пациент бидејќи 15 минути не се доволни ни за административните процедури што твојот возвишен систем ги предвидува, а камоли ако треба докторот да земе анамнеза (ако прв пат доаѓа пациент) или ако се работи на пример за преглед во тек на зимата кај постаро лице кое треба да соблече пет слоја облека за да го види доктор.
Исто така, не се сите доктори на исто рамниште, кај професор се закажуваат само и најмногу по 8 пациенти во тек на денот и кај нив се праќаат само пациенти што побаруваат соодветно внимание, не професор да гледа расалени газови и затнати носови.
Тоа се само два примера што први ми паднаа на памет, имам и илјадници други, но, не продолжувам ни сега ни кога ќе ме цитираш со „контрааргументи“ за сите ружи што цветаат, чучилиги што пеат и мед и млеко што течеле во тек на изминативе години, а сега се' сурово и безмилосно е раздадено на странски служби нели затоа што дискусијата со тебе е како дискусија со наглува баба со не толку блага форма на деменција што те прашува „А ти дете чија си?“ секој пат ко ќе те сретне.
Твоиве „факти“ (не дека се факти ама ај да ги наречеме така во име на „дебатата“) не стојат ни на стаклени нозе затоа што ниедна од овие точки што ги наведе не се спроведени како треба. Сите резултираа со влошување на веќе и онака релативно лошата претходна ситуација. Фактичката состојба сега е зголемување на морталитет на новороденчиња, зголемување на стапката на онколошки болести, намалување на ефикасноста на излекувањето (поради увозот на „најквалитетни“ лекови), поголеми гужви од било кога во болниците, тортура на пациентите и тортура на медицинските лица. Не знам во кој свет живееш, какви проблеми си имаш, не дека баш и ме интересира, само, аман, престани со заладени изјави и глорифицирање на нешто што реално заслужува да се запише во книги како пример за неефикасност (како најлесен збор со кој може да се опише).