- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 6.773
- Поени од реакции
- 4.246
Тачи: Независноста ќе се прогласи утре
Косовскиот премиер Хашим Тачи потврди денеска дека независноста на Косово ќе биде прогласена утре, денот кога, според него, „ќе биде имплементирана волјата на граѓаните на Косово“, јави АФП.
„Утре ќе биде спокоен ден, ден на заемно разбирање и ден на ангажирање на државата за исполнување на волјата на граѓаните на Косово“, изјави Тачи по средбата во Приштина со религиозни претставници.
Тачи повика прославите да се одвиваат со „достоинство... на денот на прогласувањето на независноста, на големиот ден, на историскиот ден... денот на благодарноста за суверено и независно Косово“.
Без да ги посочат изворите, неколку весници во Приштина денеска објавија дека прогласувањето на независноста ќе се случи околу 15 часот по локално време со звуците на „Одата на радоста“, химната на Европската унија, посочува АФП.
САД и неколку големи држави од ЕУ во изминатите седмици ја изразија намерата да ја признаат независноста на Косово брзо по нејзиното прогласување.
Властите во Белград, со поддршка на Русија, и косовските Срби кои се околу 10% од населението на Косово, се спротивставуваат на едностраната независност на покраинатa.
http://www.a1.com.mk/vest.aspx?VestID=89753