Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Денеска, 17 ноември 2008 година, Република Македонија покрена правна постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција. Македонија поднесе Апликација до Регистарот на Судот со цел да ѝ се наложи на Грција да ги почитува своите правни обврски предвидени во Времената спогодба од 13 септември 1995 година, која е правно обврзувачка за обете земји.
Согласно член 11 од Спогодбата од 1995 год., Грција се обврзува да не приговара на пријавата за членство на Македонија во НАТО. Меѓутоа, на Самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 год., Грција сепак го попречи упатувањето покана до Македонија за зачленување во НАТО, со што флагрантно ги прекрши своите обврски од Времената спогодба.
Објаснувајќи ги причините за покренување на случајот, кој претставува прво појавување на Македонија пред Судот, г. Антонио Милошоски, Министер за надворешни работи на Република Македонија и нејзин Застапник пред Судот за овој случај, изјавува:
„Ја поднесовме Апликацијата при Меѓународниот суд на правдата со единствена причина да ги заштитиме нашите права од Времената спогодба. Размисливме многу внимателно пред да го покренеме овој случај, но не гледаме друг начин да се задоволи правдата и да ги заштитиме нашите права. Се надеваме дека овој чекор ќе ја поттикне Грција да ги усогласи своите постапки со нејзините меѓународни правни обврски како и дека ќе ги поттикне нашите две земји да постигнат конечно решение за нерешените прашања во духот на добрососедството и соработката предвидени со Времената спогодба.”
Министерот за надворешни работи Милошоски, исто така, потенцира:
„Силно сме уверени дека Меѓународниот суд на правдата ќе ни помогне да го решиме овој правен спор, имајќи предвид дека Судот работи праведно и делотворно и може да дејствува брзо. Не бараме од Судот да разгледува политички прашања, па затоа спорот околу името не е предмет на нашата Апликација. Исто така, сакаме да нагласиме дека остануваме цврсто посветени на сите аспекти од Времената спогодба, особено на преговарачкиот процесот со Грција, со посредништво на Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН.”
Со Апликацијата се бара Меѓународниот суд на правдата: „(а) да утврди и декларира дека (Грција), преку своите државни органи и овластени лица, ја прекршила својата обврска од член 11, став 1 од Времената спогодба;
(б) да ѝ наложи на (Грција) веднаш да ги преземе сите потребни чекори во правец на почитување на своите обврски од член 11, став 1 од Времената спогодба и да престане и да се воздржи од секакво спротивставување, директно или индиректно, на членството (на Македонија) во Северно-атлантската договорна организација (НАТО) и/или во било кои други „меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции” во кои (Грција) е членка, доколку во таквите организации или институции (Македонија) се нарекува согласно предвиденото во став 2 од Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.”

Честито
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
добро е барем нешо почнаа да прават не само да ќутат
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Значи и официјално го отворивме решавачкото поглавје. :)

Но,
Не бараме од Судот да разгледува политички прашања, па затоа спорот околу името не е предмет на нашата Апликација.
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Konecno prevzemaa nesto protiv grcite samo ne znam kolku toa ke pomogne.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
иаме муда ко на бик, тоа ми се сфиѓа. ова требаше порано да се случи. како и да е, браво!!
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Браво. Сега, ке им се стресат гаќите на Америте и Европјаните!
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ајде или Џа или Бу.

Можни сценарија:
1. Гејлада според друг член на оваа спогодба го поништува Македонското барање пред судот.
2. Гејлада не го почитува судот (пример Бугарија).
3. Судот го влечка процесот 10+ години.
4. Оптимизам: Ние тепаме и асвтоматски се зачленуваме во НАТО (Македонија ќе добие покана веднаш штом ќе се разреши проблемот со името - според привремената спогодба името е решено во овој случај и Гејлада неможе ништо).
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Е конечно,само не знам кој ќе биде исходот :toe:
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40
Значи и официјално го отворивме решавачкото поглавје. :)

Но,

Тоа дека спорот за името „ не е предмет на сегашната апликација„ е многу паметен чекор. Ако спорот за името биде внесен во судот во Хаг, тој нема да може да биде внесен подоцна во ООН според меѓународното право. А со таа врата се отвара можността спорот за името подоцна да биде изнесен пред Генералната асамблеја на ООН. Многу паметно е измислено . Конечно тоа е добар чекор и јас мислам дека после решението на овој суд Македонија ќе може да си го врати уставното име или да поднесе молба во ООН за прием под уставното име. Очигледно е дека Грците не го почитуваат договорот од 1995 г. и ако не ги изполнат обврските да не ни сметаат за прием во НАТО и ЕУ , Македонија слободно може да го прогласи договорот од 1995 за неважечки . Мислам дека најсетне сме на прав пат и ќе има некоја разврска , а не како порано 17 години да мрсиме муда и да се лажеме!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Интересно дека МК слепо се држи за договор кој и донесе само штета и има намера и да го продолжи иако веќе нема никакво правно дејство.

Некоја чудна логика за мене необјаснива.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А за што да се држи ?
Нашите мудри државници потпишаа таков договор.
Ова не е тендер за набавки па пу пу не важи ај од почеток.

Незрелоста на оваа држава ја гледам во тоа да не ги осуди политичарите кои го потшишаа овој договор и кои дозволија понижување на Македонија.
Од својот двор се почнува па после ѕиркаш во соседниот.

Подршка за активноста и чекор по чекор до целта.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Ај нека ни е честито и конечно да добиеме правда.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тоа дека спорот за името „ не е предмет на сегашната апликација„ е многу паметен чекор. Ако спорот за името биде внесен во судот во Хаг, тој нема да може да биде внесен подоцна во ООН според меѓународното право. А со таа врата се отвара можността спорот за името подоцна да биде изнесен пред Генералната асамблеја на ООН. Многу паметно е измислено . Конечно тоа е добар чекор и јас мислам дека после решението на овој суд Македонија ќе може да си го врати уставното име или да поднесе молба во ООН за прием под уставното име. Очигледно е дека Грците не го почитуваат договорот од 1995 г. и ако не ги изполнат обврските да не ни сметаат за прием во НАТО и ЕУ , Македонија слободно може да го прогласи договорот од 1995 за неважечки . Мислам дека најсетне сме на прав пат и ќе има некоја разврска , а не како порано 17 години да мрсиме муда и да се лажеме!
Фала Омо за објаснувањето. Се надевам дека го промислиле добро целиов случај.
 

Леон

џаболебар
Член од
16 ноември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
5
Чисто информативно, тоа што комшииве наши ја немаат ратификувано таа спогодба, игра некоја улога во целово ова или нашиве само пукаат ќорци?
Ваљда не е оф топик ова:smir:
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40
Чисто информативно, тоа што комшииве наши ја немаат ратификувано таа спогодба, игра некоја улога во целово ова или нашиве само пукаат ќорци?
Ваљда не е оф топик ова:smir:

Која спогодба ја немат ратификувано ? Таа од 1995 г. е потпишана и од двете страни. Со неа Македонија ја прима референцата ФИРОМ и го менува знамето а Грциа се согласува да помага на Македонија да биде примена во ООН, и другите институции. Е сега чим Гејците ја нарушија спогодбата во Букурешт Македонија може да бира да си го врати знамето и да поднесе барање за прием во ООН под уставно име. Само незнам дали ќе имат муда да одат до крај и да го сторат тоа, или тоа дело во Хаг е само механизам за притисок во преговорите за името.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom