Македонија под српска окупација

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Со искри на мудроста како алиби за гушење на слободното изразување со наметнување правец за дијалог во стилот јас како кажам не може да се дојде до демократска разврска во секој и секаков спор.
Основа за расветлување и докажување на секој вид искажано мислење, збор, е ... културната комуникација, не паушалната видивитост лично некому.

Никој не знае кој од членовите какво образование има да се лепат од ракав паушални квалификации.

Можеби има професори по историја, аналитичари експерти за војни тактики и други профили на луѓе, затоа паѓаат во вода не издржаните квалификации за поедини членови.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Незнам како некои луѓе си земаат за право да зборуваат за некои работи....ти вели си фаворизирал страни држави,а истиот ни сам незнае колку фаворизирачки постови напишал за страната држава во која студира,ти вели имаш пристрасност заради родбински врски а истиот никогаш не те запознал,ниту пак осетил како се живее во средина која е пристрасна кон страна држава... но да не должам многу,несакам лични препирки на јавен форум...
И несакам да почнам да пишувам за капиталните објекти што се направени за време на окупација и што се користат и ден денес,несакам затоа што ке ме направат дека сум реинкарнација на Бабунски... факт е дека тука имала крвава репресија врз македонското население за време на српската окупација,и тоа ако некој историчар дали професионален или аматер не го признае,тогаш не е историчар туку пропагатор....но за другите работи и факти место без фрустрации да зборуваме и дискутираме,ние најарогантно лепиме етикети под закрила на патриотизмот ,но кога ке дојде моментот тогаш ке видиме кој е колку,вака сите зборуваат...
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во расветлување, изнесување на збиднувања, вршење на злочини во Македонија како српска бановина во времето на СХС никој не спори и точно е дека имало такви случаи, но од тоа не може да се избега поради фактот дека во тоа време се менувале окупаторите поради континуитетот на војните минувајќи од една во друга од првата балканска војна започната од кралството Црна Гора 1912 година со сојузниците против отоманската империја, втората балканска војна во 1913 година помеѓу Бугарија и нејзините сојузници од првата балканска војна, првата светска војна 1914 година, втората светска војна 1939.
Тука е и Австро-унгарската империја, се империи до империи војни до војни, окупатори до окупатори со вмешани повеќе земји во тие окупаторски заземања.
И... , Македонија во сите тие војни делена неколку пати можела сама да се спротивстави на тие силни војски кои дејствувале на балканот, како? или да биде испотепан целиот македонски род или да тражи сојузник за својот опстанок.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Овде не станува збор за прашање по кое можеме или требало да се “договориме“, туку дискутираме за стриктно утврдени факти кои или ги прифаќате или не, а релативизирањата од тој тип и наклонетоста кон трети страни многу лесно може да биде дел од една перфидна пропаганда свиткана во украсна хартија.

Затоа бидете сериозни ако сакате да дискутирате, наместо да ги рангирате душманите според тоа кој ни нанесол помало зло, тешко нам ако правиме такви споредби врз чија основа ќе си бираме квази пријатели од историски аспект.

Назад на тема!
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Во Кралството Југославија и тоа како постоела тортура. Тоа не била отворена репресија (освен понекогаш). Повеќето случаи се однесувале на “обележаните“ Македонци, кои преку ноќ тивко “исчезнувале“. Другиот вид бил упорната и бескрупулозна денационализација во која биле многу поуспешни од Бугарите, но сепак не толку успешни за да посрбат поголем дел од Македонците.

Граделе Србите во Македонија?! Прво, голем дел од градбите биле градени од Македонците, и освен зградите на државните служби, другите градби биле исклучиво градени од Македонци. И малкуте индустриски капацитети (со многу ретки исклучоци) биле оформени и градени од Македонци.

Најголемата инвестиција на Кралството Југославија биле даскалите, џандарите, поповите и војската кои ги имало во завиден број...

И кој тврди дека ако Македонија не била под српско ропство (ако била самостојна држава) немало да биде 100 пати поизградена? Дали тоа значи дека ние сме биле неспособни да направиме еден офицерски дом? Или да направиме пиварница? Кралските лозја да не ги садел случајно кралот своерачно?

Сето тоа постоело и пред окупацијата, која, како и секоја окупација, била со цел да експлоатира со што помалку вложување. Српската окупација всушност го спречила автохтониот македонски развој, кој верувам дека ќе беше многу поголем од тој што го имало под нивна окупација.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Станува збор за македонска територија која била во состав на Србија како српска бановина во кралството схс како што биле сите 9 бановини во тоа тогашно кралство.
Дискутирањето околу тоа дали била окупација или не, е предмет за анализи. Не сакам да се повторувам околу тоа за зборот ,, окупација,, оти е излишно да докажувам кога и после што доаѓа до окупација на одредена земја или дел на територија на некоја земја.
Заклучоците во тврдењето за релативизирање и наклонетост се докажува со писмен или виден доказ, сето друго е паушално кажување.

Правото на размисливање некој што го изнесува е негово право базирано на учење, слушнато од постари, пишувано во воени книги.

Тврдењето за перфидна пропаганда го побива и го фрла во контејнер ова:

Затворани и измачувани од власта во 1923 година заради соработка со комитите и псуење на Кралството:
( Следува список од 7 лица на возраст од 35 до 62 години)
во кој се наоѓа и мојот дедо.
(1.108) 233

Тука нема никаква украсна хартија туку доказ за патриотизам кој не може никој со ништо да го минимизира и пренасочи во друг правец.

Ч Е Н Т О, 17 јули 2012 Gevara,

Престани со узурпирање на темата заради твоето лично видување и неслагање со терминот "окупација".
Ти беше оставено доволно простор да се искажеш околу тоа.
(y)
Ова е во прилог на демократијата и слободното мислење.

Не е мое лично видување во врска со терминот ,,окупација,,
Напишав меѓународни стручни војни толкувања..во темата.


Еве како мислам, како сакаат други са мислам. Се надоврзувам на поставувачот на темата Трн во око:

Во 1915 година затоа што во Овчеполскиот бунт, одбиле да служат војска и за соработка со комитските чети, кај месноста ,,Млин,, биле убиени: Коте Иванчов, Иван Киселички, Иван Десподов, Никола Ангелов, Ване Чипев, Спасе Ѓоргиев, Атанас Цонев, Давитко Димитров, Демир Прчев, Беќир Кадиев, Мемед Очипалец, Алија Попишко, Ариф Дестанов.
Во 1915 година Николчо Чорбаџиски умрев во Албанија од студ и физички напор.

Во 1914-1915 година заради комитски и дезертерски дејства, во брегалничкиот регион биле осудени Јован Мухтијата, Серафим Царевоселски, Белогаски, Ајтарски, целото семејство Чорбаџиски. Мамут Стамерлиев, Стојан трговецот и уште 11 души.

По атентатот во кафеаната на Спиро Ѓоргиев во 1924 година од обвинетите за вмешаност во тој напад, најмногу затворски казни добиле Црн Велин 16 и Црн Ѓорѓи 20 години.
(2,кн.I.588,742; кн.II.194,198)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Доколку збориме само за територија, тогаш тоа што ти го напиша спаѓа под АНЕКСИЈА - еднострано припојување на туѓа територија на илегален начин.

Доколку српските војски и жандармерија после војната се повлекле од македонска територија, тогаш немаше да станува збор за окупација, туку ќе беше ослободување.

Бидејќи, ослободителот доаѓа, но после си заминува. А во нашиот случај тоа НЕ се случило и македонскиот народ бил потчинет - ОКУПИРАН.

Или можеби на Македонците им беше овозможен избор на државјанство - македонско?:)

Обично на форумов не користиме изговори за туѓ патриотизам, за да ги оправдаме сопствените непатриотски заблуди.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Bratot, денес во 16:53
Или можеби на Македонците им беше овозможен избор на државјанство - македонско?:)


Македонско државјанство стекнавме после осамостојувањео на Македонија до тогаш со векови немавме државјанство поради делењето на Македонија кој како стигне во војните.
И во Југославија сите народи во тогашните Републики немаа републичко државјанство туку Југословенско.

Bratot, денес во 16:53
Обично на форумов не користиме изговори за туѓ патриотизам, за да ги оправдаме сопствените непатриотски заблуди.
:cautious:


Ќе бидете ли отворени и смели да нагласите дека ова се однесува за мене за да на цивилизиран културен начин ја побијам и девалвирам оваа констатација.


......Затворани и измачувани од власта во 1923 година заради соработка со комитите и псуење на Кралството:
( Следува список од 7 лица на возраст од 35 до 62 години)
во кој се наоѓа и мојот дедо.......
Ова.... не е изговор, поготово туѓ патриотизам.


+++++++++++++++++++++++++++++++++
--- надополнето: 9 август 2012 во 22:02 ---
ЗАПИСНИК ОД 41-ТА СЕДНИЦА НА КОМИТЕТОТ ЗА НОВИ ДРЖАВИ
3 август 1919 година.

Анекс (Б)

Член 12
(Предложен од италијанската делегација)

Став 1: Кралството на Србите,Хрватите и Словенците се согласува да им гарантира на областите во Македонија (во границите фиксирани од главните сојузнички и придружни сили) автономија во поглед на јазикот, образованието и религијата, како и во прашањата во локалната администрација.
Став 2: Централниот административен совет, чиешто седиште ќе биде во Битола, и по еден административен совет во секоја област ќе имаат сила да ги регулираат оние прашања, како и другите, чијашто јурисдикција ќе биде гарантирана од законите на државата на схс.
Став 3: Административната поделба на македонската територија ќе се изврши по можност според групирањето на населението од иста националност и религија.
Став 4: Кралството на Србите Хрватите и Словенците се согласува службениците во областите на Македонија да бидат избирани меќу жителите од овие области.

D.H. Miller, My Diary, p. 349-362. Recueil, p. 236-242



Жртви на теророт 1913 - 1915 година:

Поп Костадин
Костадин Жежов
Ефтим Ковачев
Атанас Донински
Захари Гоцев
Ѓорѓи Цинцов
Атанас Петров
Спиро Манчов
Ефрем Симеонов

Незнаено исчезнале

Ангел Донински
Иван Донински
Васил Донински
Костадин Аврамов
Мите Доновски
Христо Цинцов
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Дали темава е тешко разбирлива или само ти се правиш на луд?

Македонија де-факто била окупирана од страна на трите соседни држави, притоа нејзината територија била илегално анексирана.

Завршена расправа.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ СРБИЈА И БУГАРИЈА ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА

Балканските буржоаски држави Србија и Бугарија во 1911 г.
пристапуваат кон преговори за заеднички напад против османлиската империја за поделба на Македонија. За овие преговори е зачуван еден автентичен документ записник (извештај) на д-р Милован Ѓ.Миловановиѓ, тогашен министер за надворешни работи на кралството Србија.
...На 19 септември 1911 г. ми се јави во мин. за надворешни работи г. Ризов (Димитар Ризов1866-1918, дипломат и политичар родум од Битола) поранешен пратеник во Белград, а сега во Рим, и ми соопшти дека дошол во Белград како доверлив пратенок на Гешова( Иван Гешов 1849-1924, бугарски политичар и државник. !911-1913 претседател ба бугарската влада) за да ги измени со мене мислењата за еден српско-бугарски договор.
На 21 септември Ризов дојде кај мене заедно со Н.Пашиќ и Љ.Стојановиќ. Сите главни точки беа тукуречи начелно без збор установени со исклучок на една, онаа од која и порано се разбиваат сите обиди за разбирање: српско-бугарските разграничувања во Македонија. Ризов почнувајќи да зборува истакна две крупни нивини со кои Бугарија и излегува во пресрет на Србија: дека Бугарија се откажува од автономијата на Македонија и оти на Србија и го признава правото на Шар-Планина на еден дела од Македонија со Скопје. Граничната линија меѓу српската и бугарската свера спрема бугарскиот предлог, што Ризов го означи како максимум на бугарските отстапки, би тргнала од изворот на реката Пчиња кај денешната српско-турска граница, па би врвела се по текот на таа река се до нејзиното влевање во Вардар, потоа преминувајќи тука на десниот брег на реката Вардар би врвела по границата на Скопскиот санџак и вилает се додека тој се протега на запад. На тој начин на Србија би и припаднале Куманово, Скопје и Гостивар.
Напуштајќи ги старите свои предрасуди за неделивоста на Македонија, Бугарите направија решителен чекор. Кога Ризов сакаше да ги разбере нашите погледи по прашањето на српско-бугарското разграничување во Македонија ние поставивме ваква гранична линија: од бугарско-тураската граница по текот на реката Брегалница, па преку Врадар кон Охридското езеро меѓу Охрид и Струга, така што и Охрид и Битола да им останат на бугарите, а Велес, Прилеп Кичево, Струга на Србите.
Ризов категорички изјави дека за таквата граница не може ни збор да станува. Тој како поборник на српско-бугарскиот договор не сака и не смее да прими врз себе за таквите српски барања да им ги реферира на својата влада и на својот крал. Ако воопшто останат изгледи за договор дека граничното прашање откако го изнесовме што ние а што бугарите бараат ќе биде оставено на рабитражата на рускиот цар.
Јас, како таквата арбитража наеднаш ми изгледаше за нас не само приемлива..сепак, за нашата прекумерна готовност да не разбуди сомнение кај лукавиот Ризов, барав за тоа да размислам и разговорот за тоа, како и за деталите на граничното прашање да го одложам за утершниот ден на заедничкиот состанок со Пашиќ и Стојановиќ. Ризов со тоа се согласи.
И на тој состанок не се постигна договор.

Констатирајќи повторно, покрај сите спомнати објснувања, дека по заедничкото убедување еднакво и за Србија и за Бугарија единствено е спасот во договорот а гласи вака:

Договорот има да биде сојузнички договор за одбрана и за напад. Него ќе го потпишаат владетелите и министрите на надворешните работи по еден договор на секоја страна и еден за Русија да го одобри како арбитар.

Договорот содржи: безусловен одбрамбен сојуз и заемна гаранција на територијалниот интегритет и државната независност. Офанзивен сојуз против Турција по претходен договор заради ослободување на стара Србија и Македонија . Територијалните придобивки што ќе ги донесе војната се заеднички, но Србија наеднаш и признава на Бугарија полно право на Одринскиот вилает како и Бугарија на Србија правото на Косовскиот вилает северно од Шар-планина и на Скадарскиот вилает. што се однесува на Косовскиот вилает јужно од Шар-Планина и на Битолскиот и Солунскиот вилает, двете страни, ако не биде можно да се разберат непосредно за разграничување, се согласуваат да го замолат Рускиот цар тој како врховен судија, на чија пресуда тие однапред се потчинуваат безусловно, што има да и припадне на Србија а што на Бугарија. Договорот и воената конвенција важат до 31 декември 1916 година.

Договорот е потпишан ан 29 февруари 1912 година

Белград, 31 март 1912 г. ..... Д-р М.Миловановиќ, с.р.
 
V

Vollstandig

Гостин
Македонското прашање во тој период е сосема запоставено, и целосно се нарушува националниот идентитет на македонците, каде присилно се србизирани. Така, македонците наместо презиме на “СКИ“ добиваат пресврт со презиме на “ИЌ“, во школите им се предава на српски јазик што автоматски ги учат дека сите биле срби.
Докасз, еден стар документ, сведителство кога оделе на школо до 4-то одделение. Издадено од школа во македонија, али од српска управа, во 1938 година.Изгледа како свидетелство на човек од србија, а е издадено тука во македонија, каде што учеле македонци.



Да ги прашате постарите луѓе што сеуште живеат изолирано во некои рурални средини “Што се по националност“ дел од нив без размислување ќе се изразат како срби....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Да ги прашате постарите луѓе што сеуште живеат изолирано во некои рурални средини “Што се по националност“ дел од нив без размислување ќе се изразат како срби....
Како на пример каде би требало да ги најдеме тие луѓе?

Претпоставувам имаш листа на тие „рурални средини“ со стари луѓе и нивно евидентирано национално изјаснување.
 
V

Vollstandig

Гостин
Како на пример каде би требало да ги најдеме тие луѓе?

Претпоставувам имаш листа на тие „рурални средини“ со стари луѓе и нивно евидентирано национално изјаснување.
Немаш потреба да ги наоѓаш, спомнав низ муабет дека србизирањето имало голем удел во одамнешни времиња, и некаде сеуште останало.Примерот е моја баба која живее во таков предел, на прашањето како се изјаснува се помисли и вика Србинка...
И викам ние не збораме српски, па кратко и јасно го заврши муабетот со “Низ животот се и сешто бев само човек не“.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Немаш потреба да ги наоѓаш, спомнав низ муабет дека србизирањето имало голем удел во одамнешни времиња, и некаде сеуште останало.Примерот е моја баба која живее во таков предел, на прашањето како се изјаснува се помисли и вика Србинка...
И викам ние не збораме српски, па кратко и јасно го заврши муабетот со “Низ животот се и сешто бев само човек не“.
Глупости...Јас сум прашал едно десетина баби и дедовци по селата и сите си кажуват тоа што се...
И една баба на приателот што ми е вика Србите ја крстиле со Српско име не можеле да ја крстат со Македонско,не дал попот тогаш..

И горда е македонка и ден денес иако има многу,многу години..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Немаш потреба да ги наоѓаш, спомнав низ муабет дека србизирањето имало голем удел во одамнешни времиња, и некаде сеуште останало.Примерот е моја баба која живее во таков предел, на прашањето како се изјаснува се помисли и вика Србинка...
И викам ние не збораме српски, па кратко и јасно го заврши муабетот со “Низ животот се и сешто бев само човек не“.
Се осетив повикан да ти обратам внимание бидејќи користиш потполна шпекулација, а сепак наметнуваш генерална слика за една поширока популација, која во реалноста можеби се сведува само на твојата.. баба.

За разлика од бугарската асимилација, во Македонија главно се спроведувала српска колонизација, меѓутоа асимилирањето за среќа не постигнало некаков резултат, освен кај некој изолиран дел од повисоките општествени кругови кои се обидувале преку придобивање на српските симпатии да живеат попривилегирано под нивниот режим.
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 22:38 ---
Глупости...Јас сум прашал едно десетина баби и дедовци по селата и сите си кажуват тоа што се...
И една баба на приателот што ми е вика Србите ја крстиле со Српско име не можеле да ја крстат со Македонско,не дал попот тогаш..

И горда е македонка и ден денес иако има многу,многу години..

Па тоа, у слободно време ние шетаме по селана и прашуваме стари луѓе како се осеќаат, анкета демек им правиме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom