Македонија низ призмата на еден „домородец“!

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Под дејство на: Correatown – All the World

Често се наоѓам себе си како бдеам во некоја точка, онака сосем рандом одбрана. Најчесто тоа е миленцето на телевизорот, некој постер, прекинувачот за сијалицата и други помалку важни објекти.
Секогаш во позадина постои некоја меланхолична мелодија, која е грижливо одбрана и ги поминува сите мои емотивни и ментални филтри додека се најде на YouTube плејлистата.
Термопечката фучи покрај мене. Белата неонска сијалица навидум дава некоја си реална природна светлина во собата, но сепак ми недостига жолтата светлина на Сонцето. Веќе е доцна за него. 22:42.

… Умот ми е некаде далеку, на моето омилено место во последните десетина години. Мојата ветена земја...поточно мојот ветен град – Париз.



Секој човек во себе има направено свој рај, каде се е како што треба, се е така убаво, смирено и бавно. Свет чист од гадотии, мали и бедни души, свет во кој вие сте апсолутен владател со вашиот живот и се она што вам ви се случува е волшебство од креативни моменти, моменти исполнети со љубов, емоции, страст, радост, хумор, а понекогаш и малку меланхолија која ќе даде еден баланс на убавината.

Грижливо сум го градел овој имагинарен Париз. Улиците. Мирисот на градот, светлината, тоновите на боите, ветерот кој е вечно присутен и ги нишка гранките, тонирањето на сива или жолта боја е постојано присутна во зависност од годишното време. Бидејќи сме на сред есен, замислете го овој град обоен во сите бои, со влажни улици, опојниот мирис на лисјата кои гнијат на асфалтот и постојаната потреба за топлина која допира до вашите коски и оддава топло чувство за потреба од топло кафе, чоколадо или чај.

Прекрасно нели?

Искрено никогаш не сакам да го напуштам овој свет. Сакам едноставно да заглавам, да не го вратам клучот од порталот и за век и веков да останам таму на тие улички, во тие кафулиња, пиејќи го моето омилено кафе кај имагинарниот messier Жан Лафон со голем стомак, проќелавена глава, смешна „свинска“ насмевка и секогаш насмеана дебела сопруга која од љубов го псуе постојано зошто доцни со порачките. Го знам дури и тонот на ѕвончето кога доаѓаат новите муштерии, мирисот на чоколадо, пециво и кафе испомешани во воздухот и топлината на самото кафуле.



После едночасовно шетање по тој свет, клучот од порталот преработува во форма на довикување, телефонски повик, па дури и звукот на нечиј водител, спикер на некоја од националните или локалните телевизии.

Започнуваат вестите. Веќе однапред знаеш за што ќе се препукуваат денес. Политика, кој за што е крив, зошто не чини здравството, судството, полицијата, образованието, земјоделството, сточарството, патиштата, железницата, „независното“ новинарство, тек –тук некое убивство, сообраќајка и се знае реклами за детергенти, возила, банки и осигуртелни компании.

... Ми се гади...

Погледнете околу вас (или ете замислете). Со 99,99% сигурност можам да тврдам дека на 50 метра од вас се наоѓа човек (без разлика дали е маж или жена),чиишто образовни, морални, естетски и општествени вредности се наоѓаат на минимум или далеку под тој минимум. Во основа тука е и проблемот. Клетката на нашето општество - ТИ.

За илустрација. Човек кој чита многу книги е ненормален, човек кој слуша рок музика (квоут „оние што ги мафтаат главите ко ненормални“) е ненормален , додека да се восхитувате на деколтето на Цеца (и слични на неа) е скрооос нормално. Човек кој има чуден смисол за хумор, вози чудна марка на возило, не носи модерна облека, не оди на правен или економски факултет, не сака да биде бизнисмен и не сака да има многу пари – е означен како шугав, ненормален, чуден, „уметник“, џаболебар, несоодветен за нивната ќерка или син, наркоман, нешто „му/и фали“ и слични кафе-муабетни дијагнози.

Супер... Гледате како бројот на овие луѓе се множат во вашата перцепција? Од неколку стануваат, стотина или илијадници. Доаѓа стадиумот на здружување во стадо – партии. Овчарот е лидерот, претседателите на општинските организации се кучињата, а рајата (членовите) се стадото овци. Ако си шута овца и не припаѓаш во никое стадо, никој не те сака. Дури и оние „понапредните“ кај младата генерација. Нивната општествена должност и допринос го гледаат низ искривениот диоптер - дека секој придонес во општеството е низ партискиот живот и партиската определеност.

...Арх ...Умот...чкртаница...

Дами и господа...проблемот е во самите нас.
Јас...ти...таа...тој... човекот со палтото што го гледате низ прозорот и комшивката што го пржи (читај:гори) кромидот на соседната тераса.

Простодушен, необразован, ограничен народ, без никаков компас за морални, етички, естетски и социјални вредности.

И не...не....придонесот во општеството не се прави преку политички партии, гледање на турско/индиски серии, кроењето план како да скратите плата од вработените за да го зголемите обемот на вашиот газ кој бара да се сонча на некое монденско место.

Ми се превртува во стомак, кога некоја ситна душичка се радува на споменици, мостови, а некој од дебелогазовците ги наполнал џебовите од проценти, местени тендери.

Ми се превртува во стомак, кога ме гледаат чудно дека плукам по сето она што има ниска вредност (турбо фолк, кич облека, заостанато патријахално воспитување, апатија кон материјалното, шпанско/турско/индиски серии)...

Ми се превртува во стомак, кога сфаќам дека нашата младина е толку ограничена и слепа, која навидум прифаќа американски модни трендови (потенцирано е ова модни) само да се почувствува дека е дел од светското движење во некаква си квази мода, квази размислување и сл., а реалноста е сосема поинаква.

Шлаг на тортата е што не знам, навистина не знам... како успеваме да го измолкниме најлошото од се. Филм, книга, разговор, дело, размислување...Секогаш сме тука присутни некого да жигосаме, навредиме, да го исполниме нашето его со ниски страсти и вредности, Пировата победа да биде најсјајна од сите и сите оние убави вредности само да ги препишеме на некоја далечна култура која е налудничава и на која на хартија им се восхитуваме.

Менатлното клопче и она клопчето во стомакот се повеќе и повеќе се замотуваат. Преминуваат во болка и тивко страдање. Повторно ја барам точката во моите безначајни предмети. Повторно потреба од Париз. Повторно потреба за мојот свет.


 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Има паметни и начитани луѓе и меѓу оние кои ти ги презираш, зошто се разликуваат од тебе. Не прави го тоа, што не сакаш да ти го прават.
Во дел од текстот се пронајдов, море во повеќе делови, а во некои... па не се сложувам.
Во секој случај, одличен текст ;)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Има паметни и начитани луѓе и меѓу оние кои ти ги презираш, зошто се разликуваат од тебе. Не прави го тоа, што не сакаш да ти го прават.
Во дел од текстот се пронајдов, море во повеќе делови, а во некои... па не се сложувам.
Во секој случај, одличен текст ;)
Се разбира дека ги има. Ако се 1% (а верувам дека се) навистина ќе биде супер.
--- надополнето: Nov 29, 2011 7:29 AM ---
многу си контрадикторен, ама имаш палец горе за трудот.
И тоа е некогаш убаво во нечии очи нели? :) Фала за лајкот :)
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Пријателе, сите ние сакаме да избегаме подалеку од сивилото на секојдневието. И сите си имаме некој наш посебен свет. Твојот е Париз, мојот вклучува матрјошки, црвкви со златни кровови, студ и руска музика.
А сум од оние девјки кои ја сакаат американската мода, ја слушам и Цеца, ама и Балашевиќ, и слушам и рок, и сакам да бидам во тренд. Но читам и книги, и ни на крај памет не ми беше да се запишам на правен, или скраја да е, економски.
Нејсе. Од тука и од она што не опкружува скоро и да нема бегање.
Затоа сакај си го Праиз. Замислувај дека шеташ на Шанзелизе, а не на улица Македонија, дека нашата порта Македонија е Триумфалната капија... Направи го нашиов град да биде она место каде што сакаш ти да бидеш. И не ги перцепирај оние окулу тебе. А ако на некој не му чини твоето мечтаење и имагинарно живеење во Градот на светлината, насмевни му се и опцј го на француски! :icon_lol:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
интересен текст се сложувам со некој работи (особено поврзано со турбофолкот) но не ми се свиѓа премногу "плачење" тоа на никого не му помогнало не ми се свиѓа еднострано гледање на работите онака ги изруга спомениците и само дегенерици може да им се свиѓаат премногу еднострано ....
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
интересен текст се сложувам со некој работи (особено поврзано со турбофолкот) но не ми се свиѓа премногу "плачење" тоа на никого не му помогнало не ми се свиѓа еднострано гледање на работите онака ги изруга спомениците и само дегенерици може да им се свиѓаат премногу еднострано ....
ОК, ова е едно субјективно гледиште на работите. Не е манифест на кој треба некој да повикам на социјална револуција. Не дека не ми е дојдено до тоа, но не знам колкав ќе биде одзивот :) :) :)

Како и да е...фала за критиката, како и на другите :) Ги почитувам вашите лајкови (допаѓања)
--- надополнето: Nov 29, 2011 2:55 PM ---
Гледам мнозинството ги мрзело да прочитаат :)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Кога сме кај домородци, прочитајте го писмото на еден индијански поглавар до европските окупатори и да видите уште пред 150 години како ја предвидел моралната деградација што ја носи таа "модерна" западна цивилизација, истата таа која е виновна за сета корупција која денес ни се случува. Ќе речете има технолошки напредок и видливи резултати од истата, да но каква е целта кога ултимативно таа тежнее кон самоуништување?

http://www.taratur.com/node/28258
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Се разбира дека ги има. Ако се 1% (а верувам дека се) навистина ќе биде супер.
--- надополнето: Nov 29, 2011 7:29 AM ---
Повеќе се од 1%, верувај. Ако не си конформист, секогаш ќе бидеш етикетиран, тоа е нормално, но немој да мислиш дека другите ,,етикетирани,, се помалку паметни/начитани/свесни од тебе.
Јас мислам дека најголем наш, колективен проблем, е пасивноста. Ништо не правиме, за да ја промениме реалноста која не ни се допаѓа. Be the change you want to see in the world, рече еднаш еден мудар човек......
--- надополнето: Nov 29, 2011 7:10 PM ---
ОК, ова е едно субјективно гледиште на работите. Не е манифест на кој треба некој да повикам на социјална револуција. Не дека не ми е дојдено до тоа, но не знам колкав ќе биде одзивот :) :) :)

Како и да е...фала за критиката, како и на другите :) Ги почитувам вашите лајкови (допаѓања)
--- надополнето: Nov 29, 2011 2:55 PM ---
Гледам мнозинството ги мрзело да прочитаат :)

Па ете, јас не мастурбирам на спомениците, но ми се допаѓаат (повеќето, на некои не им ја разбирам смислата).
Ако ти беше целта да укажеш дека луѓето се лишени од критички став (критички став и постојано плукање, не е исто) успеа.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Повеќе се од 1%, верувај. Ако не си конформист, секогаш ќе бидеш етикетиран, тоа е нормално, но немој да мислиш дека другите ,,етикетирани,, се помалку паметни/начитани/свесни од тебе.
Јас мислам дека најголем наш, колективен проблем, е пасивноста. Ништо не правиме, за да ја промениме реалноста која не ни се допаѓа. Be the change you want to see in the world, рече еднаш еден мудар човек.......
Токму тоа...пасивноста...особено на реактивната младина...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Можеби требаше пак да напишам „скандалозен“ текст...очигледно повеќето се мрзливи да читаат :)
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Браво :)
ОК, ова е едно субјективно гледиште на работите. Не е манифест на кој треба некој да повикам на социјална револуција. Не дека не ми е дојдено до тоа, но не знам колкав ќе биде одзивот :) :) :)
А и не е којзнае колку недобра идеа (нема веза :))
Сеа што прочитав некои коментари од погоре, би рекол дека би било поробро луѓето да те читаат малку и меѓу редови, да ја дофатат мислата, и логиката, да повразат би рекол. Мислам дека добро те сфатив што мислиш и што сакаш да кажеш и што кажа :)
(сеа нешто поврзано со твојот текст и мисла) Знаеш, една мисла правилно да се развие и треба слободен простор и чист ум (ЧИСТ). Сеа се надевам дека ти ке ме сфатиш а и самиот си знаеш дека е така, само за разлика од тебе несакам да бидам толку директен и контрадикторен, а можеби и не би требало да сакам така :) Ако ми се допаѓа, стварно е добро
 

Kajgana Shop

На врв Bottom