Македонија меѓу трите најбарани дестинации за инвестирање во светот

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ НАЈБАРАНИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО СВЕТОТ
Македонија меѓу топ трите најбарани дестинации за инвестирање во светот, веднаш после САД и Франција, објави во јунскиот број ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс.

Мониторингот на светскиот интернет пребарувач Google покажал дека овие три земји се најбарани “инвест ин” локации. Ваквиот влез на нашата земја е опишан како изненадувачки, бидејќи за разлика од САД и Франција кои и досега беа најпосакувани за инвестирање, Македонија воопшто ја немаше на ранг листата на Google. Сега после нас во табелата се Шпанија, Германија, Финска, Кина, Данска, Шведска, Грција и Турција.

Од Агенцијата за странски директни инвестиции во Македонија, велат дека успехот е резултат на напорната работа во изминативе речиси 2 и пол години од почетоткот на кампањата за инвестирање, од кога бројот на посетители на нашата веб-страна се зголемил за 4 и пол пати.

- Ова се должи на рекламирањето на нашата земја на сите странски телевизии, на веб-сајтовите... Интересно е да се спомене дека единствена друга земја од Источна Европа која е меѓу првите 20 на ранг листата е Полска - истакна Виктор Мизо.

Податоците велат дека во првите 6 месеци од годинава, Македонија ја посетиле странски компании за 35% или 15 фирми месечно повеќе од лани. Според резултатите од Народна банка, само во првите 3 месеци од 2009 година, во нашата земја влегле 55 милиони евра странски инвестиции. Странците не се откажуваат од инвестирање во Македонија, вели директорот на Агенцијата, Виктор Мизо, туку поради кризата само привремено ги замрзнуваат вложувањата. Тој потенцираше дека спорот со ЕВН не ги плаши странците и не влијае на нивната одлука дали да инвестираат во Македонија.


http://www.google.com/search?q=invest+in&hl=en&client=firefox-a&rls=org.mozilla:en-US:official&hs=AX4&start=10&sa=N




http://sitel.com.mk/?ItemID=67DCA16FE6014F4BBA6BFD4F9D89157F

Тој што прави нешто, е подобар од тој што не прави... ништо.
 
С

Спенсер

Гостин
лелелел...:vozbud: сега Грујо и компанија ке се испофалат како упалила рекламата инвест ин македонија...али кај се инвестициите??
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Како бе така? Ами нашите "експерти" велат пред банкрот сме биле...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Сите не` бараат али не можат да не најдат :( :helou:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
лелелел...:vozbud: сега Грујо и компанија ке се испофалат како упалила рекламата инвест ин македонија...али кај се инвестициите??
Треба да следат наскоро.
Она што е важно е дека
ПОРАКАТА Е ПРАТЕНА.
 
С

Спенсер

Гостин
Треба да следат наскоро.
Она што е важно е дека
ПОРАКАТА Е ПРАТЕНА.
дај боже...да се надеваме дека ке инвесира некој...али без влез у Нато, инвестиционерите нема да бидат сигурни во безбедноста на Македонија...
 
M

marsovka

Гостин
лелелел...:vozbud: сега Грујо и компанија ке се испофалат како упалила рекламата инвест ин македонија...али кај се инвестициите??
пази го моментов влегле во рвиот квартал 55 милиони инвестиции кои 50 од нив се реинвестирање на капиталот :vozbud:
знаеш тоа што кажува:vozbud:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
дај боже...да се надеваме дека ке инвесира некој...али без влез у Нато, инвестиционерите нема да бидат сигурни во безбедноста на Македонија...
Па Тајван и Норвешка не се во НАТО:toe:
Нема никаква врска нато со инвестиции.
 
С

Спенсер

Гостин
пази го моментов влегле во рвиот квартал 55 милиони инвестиции кои 50 од нив се реинвестирање на капиталот :vozbud:
знаеш тоа што кажува:vozbud:
е шо кажува??? демек заработиле пари у Мк и сеа пак инвестираат за поголема заработка...???
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ПОРАКАТА Е ПРАТЕНА.
Ставена во шише и фрлена во море...:helou:

е шо кажува??? демек заработиле пари у Мк и сеа пак инвестираат за поголема заработка...???
Дека не заобиколуваат во голем лак:toe:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
објави во јунскиот број ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс.
Мониторингот на светскиот интернет пребарувач Google покажал дека овие три земји се најбарани “инвест ин” локации.
ова не го изјавила владата ..
ова се статистички податоци од надворешни институции :toe:
или Грујо и нив им команда а?
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ве молам без празни муабети... Ако нема инвестиции зошто се гради нова индустриска зона на средината на патот помеѓу Радовиш и Струмица?.. Затоа што од таму некаде па се до Струмица покрај главните патишта и подлабоко се ГРАДИ, нон-стоп изникнуваат нови фабрики и огромни згради, изложбени салони, огромни зданија и тоа во криза која изгледа не постои за овие.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сега уште малку па ЕВН ко ќе ни опне 1.5 милијарда евра инвестиции..абе кај ќе ни е крајот:pos2:

На google.....најпосакувана е Jenna Jameson:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom