Македонија и Македонците во Прва светска војна

Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Гледам дека нема ваква тема на Кајгана а богами и по нетов нема некој голем извор за Македонците во Македонија за време на Првата светска војна, нивниот секојдневен живот за време на окупациите, регрутирањето и борбата во странските војски и против нив и слични работи. Особено ме интересира дали воопшто има некои наши борци од тој период коишто ги преживеале сите овие турбулентни времиња за после да раскажуваат што како било.
Би сакал да слушнам и Ваши приказни за Вашите блиски од тој период доколку ги имате.
И како за крај дали воопшто има некои наши кои што биле одликувани од државата и кои што достигнале доста стара возраст. Секое пишување е добредојдено.
Благодарам однапред.
 
Ф

Флеш

Гостин
Македонија, почетокот на Првата Светска Војна ја затекнал разделена помеѓу трите соседни држави Бугарија, Србија и Грција во чие што владение македонското население беше крајно асимилирано и малтретирано, подложено на најтешки казни, онакви со какви ни најголемите убијци не се казнуваат, а не пак невини луѓе.

Уште со почетокот на војната македонскиот народ бил мобилизиран од армиите на соседните земји, во српската околу 53.000 Македонци, во бугарската 33.000, а во грчката армија 20.000 Македонци. Македонците во сите овие армии секогаш се наоѓаа на првата борбена линија на фронтовите, едноставно беа користени како топовско месо.

Во Бугарија исто така била и организирана 11 македонска дивизија на чело со генералот Крсте Златарев, а додатна воена формација претставувале и четите на Тодор Александров кои пак единствено нешто што постигнале бил теророт после Валандовската афера, кога српската војска вршела невиден терор врз населението како одмазда за провокацијата од страна на ВМРО на Тодор Александров.

Пред самиот почеток на војната на 14 август 1914 година Димитрија Чуповски и Крсте Петков Мисирков поднесуваат опширен меморандум во кој се опишани македонската етнографска и национална посебност од соседните држави, со верување дека Македонија ќе биде независна и обединета, а со самото тоа ќе настапи мир на Балканот.

Наце Димов исто така ќе поднесе еден Меморандум до рускиот министер за надворешни работи во 1915 година, но и по тој Меморандум нема да има никаква измена на границите на Балканскиот Полустров.

Македонскиот народ како и предходно, ќе биде залажуван со тоа дека ако се борат во некоја од армиите на соседните земји таа што ќе победи ќе и` ја даде слободата на Македонија и конечно ќе дојде до нејзино обединување.

Најсилна во овие ветувања била Бугарија, токму онаа која што се вклучи во војната откако и` беше ветена цела Македонија, а од друга страна ветува дека ќе и` ја подари на Македонија долгочекуваната слобода.

Како што понатаму ќе се развива военото дејство, силите на Антантата полека полека ќе ја ослободуваат заземената територија, од страна на војските на Централните сили, и кога веќе ќе се гледа крајот на војната истите сили ќе капитулираат, а со самото тоа и аспирациите на соседните држави кои биле дел од таа геополитичка и воена формација.

Со Версајскиот договор ќе се стави крај на на четиригодишната војна која ќе одземе безбројни жртви, а ќе остави исто толку ако не двојно повеќе сираци и вдовици.

Според договорот ќе се постави таканаречениот Версајки систем на граници, кои што до ден денешен не се во голема мера изменети, а според кои Македонија повторно е поделена и сега Вардарскиот дел ќе припадне кон новсоздаденото Кралство СХС, додека двата други дела следствено на Букурешкиот договор ќе се најдат повторно во власта на Бугарија и Грција.

По војната Македонецот повторно ќе биде асимилиран и запишуван под разни имиња и националности, а не бил ни еден од нив и токму тука се крие вистина и пропаѓа во вода дека Македонецот е Бугарин, Србин, Грк. Зарем не е најголемиот доказ во тоа што со употреба на сила станувал се` и сешто, а во мирно време се искажувал како Македонец.[DOUBLEPOST=1537912366][/DOUBLEPOST]Непосредно пред започнувањето на Првата светска војнаМакедонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. По започнувањето на Првата светска војна сите три држави извршиле мобилизација на население од Македонија во своите војски, при што биле мобилизирани околу 200 илјади луѓе - во српската околу 50 илјади, во бугарската околу 120 илјади и во грчката околу 20 илјади души.[1]

Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
Тоа што го цитирате не е историја - тоа е пропаганда.....

Сите тие се родени во Македонија - и се горди со униформите.
Татарска работа...

И овој бил горд на униформИТЕ?????

Регрутацијата на Македонците во Балканските војни
https://forum.kajgana.com/threads/Регрутацијата-на-Македонците-во-Балканските-војни.37802/

„Во Првата светска војна Македонија е подложна на нови окупации. Србија присилно регрутира 53.000 Македонци, Бугарија - 33.000, а Грција - 20.000.“
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Ме интересира од каде можам да најдам пишани извори за разните работи што се случувале во околината на скопско во периодот на Првата светска војна? Прво под српска администрација на почетокот на војната и после под бугарска кога паѓа до крајот на војната. Ме интересира за животот и секојдневието во тој период. Дали имало мали битки тука, дали имало регрутирани војници од скопските села, поточно ме интересира за оние под Скопска црна гора.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
http://www.vbm.mk/cobiss/

Еве овде можеш да видиш, има голем избор на книги.

Гледаш кај што пишува Мојата Библиотека, и стискаш потоа на влез, кога ќе стиснеш ти се појавуваат три избори кај да стиснеш, ти ќе стиснеш на Барање, и од како ќе стиснеш таму, кај што пишува клучни зборови од десната страна на празното ќе пребараш за Скопје и Скопско, има сигурно и за Скопска Црна Гора.

Од кое село си од СЦГ, или онака те интересира?
 
Едниот дел од фамилијата ми е од Љубанци и периодов ме заинтересира што како се случува порано во селото и околината.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=DISP&id=1604575230356835&rec=10&sid=1
http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=DISP&id=1604575230356835&rec=2&sid=2

Ако не си проверил до сега, еве интересни книги, може да те заинтересираат, во библиотеката Браќа Миладиновци можеш да ги позајмиш на 15 дена. Само треба прво да се зачлениш, а месечна беше 100 или 200 денари, годишна мислам 300 беше не сум баш нај сигурен.

Јас сум од Бутел 2, имам другар по потекло од Љубанци што е. Иако сум блиску до црногорието, уште ги немам прошетано селата таму што се, освен во Побожје каде што имам идено три пати пред 15тина години кај куќни пријатели. Љубанци е баш големо село, после Кучевиште мислам најголемо во црногорието.
 
Не ми ги отвора резултативе што си ми ги пратил, но претпоставувам дека тоа се двете книги од Бојко Стојановски, бидејќи прееска убаво пребарав за тоа. Едната ја имам дома и иако дознав информации за моите предци преку неа, што моите роднини ги заборавиле, како на пример дека мој прапрадедо примал илинденска пензија, сепак би сакал повеќе информации за животот во минатото во селото и околината. Поради тоа што знам дека прапрадедо ми учествувал во Илинденското востание, а дедо ми (на профилната слика е тој) во Втора светска војна, се надевам дека има информации некаде и за други мои предци коишто исто така имале некое учество во некоја од војните во тој период или други улоги. На крајот на краиштата, сепак сфаќам дека многу е тешко некој обичен селанец којшто учествувал во некој важен настан да се избори за место во историјата и да не се заборави неговото дело, но нели надежта последна умира. Инаку и јас сум од Бутел, ама од кецот, во куќа што дедо ми ја има добиено за учество во Втората светска војна, па затоа и барам повеќе информации за минатото нивно, на крај можеби ќе дознаам и дека нешто друго ми припаѓа од нив хахахахахха. Поздрав другар и секое добро.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Да од Бојко Стојановски се двете книги. Епа убаво, баш ми е мило што те интересира за предците, убаво е да се знае историјата. И јас многу се интересирам за тоа, еве од на дедо ми страната ги знам предците до крајот на 18ти век. А од на баба ми страната пак имам дедо што учествувал во илинденското востание, и има аплицирано за илинденска пензија, ова го дознав од книгата илинденски сведоштва :)
Поздрав и до тебе. :)
 
А како се вика тој што аплицирал за илинденска пензија ако не е тајна? Многу ме интересираат вакви теми на муабет. Инаку и јас планирам да проверам дали го има прапрадедо ми во Илинденски сведоштва. Ја имаш купено ти книгата или?
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Софронија Гаврилов Карафилоски од село Врбјани, Дебарца, а кога аплицирал бил преселен во Издеглавје.

Јас ја имам том 2, дел 2, 1000 денари ја земав од архивот. А во библиотеката св. Климент Охридски има исто така една, можеш да провериш ако сакаш.

Кажи како се викал прадедоти, јас ќе проверам во оваа книга што ја имам.
 
Еј голема работа ќе ми завршиш ако не те мрзи да провериш, Блажо Црвчов или Црвчев од Љубанци. Инаку колку книги вкупно има Илинденски сведоштва?
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
За жал неможам да најдам за Блажо Црвчев, зошто во мојава што ја имам има само за К, Л и Љ. По презиме оди така да за твојот дедо би требало да биде меѓу последните книги, иначе мислам дека се вкупно 9 книги.

Оваа книга јас што ја имам, има 1570 страни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom