Македонија има 35 мултимилионери

М

Мартин`

Гостин
Ситна боранија се нашиве "милионери" во споредба со 1 милијардер. Иначе најбогат во МК би требало да е Гуштеров а тука некаде и Минчо.
99% од милионериве го направија капиталот во транзицијата (криминалци).

Баш ме интересира дали некој е збогатен после 2002-3 а е на листава и нема врска со владава, тој би бил најреален (Леов можда???)
Го најде најпоштениот на листава секоја чест :pos:
 
B

Bonux

Гостин
Дечко оди во домот на еден милионер.
- Многу ја сакам вашата ќерка, точно е дека сум сиромашен но мојата љубов е толку силна што ништо не може да ме запре!
- Добро. А која од моите две ќерки ја сакате за жена?
- Која ќе ја дадете, господине. :)
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Љазим Дестани, овој спаѓа во групата милијардери.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Љазим Дестани, овој спаѓа во групата милијардери.
за да бидеш милијардер треба да правиш неколку милијарди промет годишно и пак не е сигурно дека ќе постанеш милијардер,во Македонија нема милијардер во евра или долари и нема никогаш да го има
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
А како стигнале до тие нивни 20/30/40/50 милиони евра ??
Познавам луѓе кои земаат/земале солидни плати цел живот или пак работеле по странство и кои биле доста штедливи и успеале да постигнат нешто во животот .......... купиле на пр. нов стан, изградиле нова куќа, отвориле некое ситно бизнисче .............. ама како овие дотичниве бизнисмени стигнале до неколку десетици милиони евра само господ знае !
Инаку карактеристично за сите овие ’’способни‘‘ наши бизнисмени е тоа што скоро сите се блиски(г’з и гаќи)со власта(некои со оваа, некои со претходната), а добар дел од нив и се вмешани во одредени криминални афери ............ со ваквите типци треба да се занимава државата, а не со обичниот народ кој живее од плата и секако во зависност од нивното богатство треба да им се опне и данок ......... неможе некој да има десетици милиони евра, а да плаќа данок исто како некој кој што работи и живее за/од плата .............. ако некој има толку милиони евра треба да си плаќа и високи даноци .......... а пак некој член на темава напишал дека што повеќе милионери во една држава толку повеќе е богата државата, не е точно, што повеќе милионери и милијардери во една држава толку повеќе сиромаштија друже !
И не се само овие 35 мулти-милионери во Македониа, ги има неколкукратно повеќе ............. некои се познати на јавноста, а некои се помалку познати, зависи кој како си се експонира !
Ама само едно е факт во секоја држава политиката и бизнисот се во цврст брак ................ политичари, функционери, директори, бизнисмени, подземје... сето тоа оди некако на купче !
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941

Шо мислиш ти држава ги сака нив од што се лични? Тие им ги финансираат партиите
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Љазим Дестани, овој спаѓа во групата милијардери.
Мулти МИЛИОНЕР значи некој кој има повеке од 20 милион евра така го рачунаат !
МИЛИЈАРДЕРИ ти е сосема нешто друго тоа се империи.....таков Македонец нема сеуште,барем не во Македонија што живее !
Горан Пандев зима над 5 000 евра дневно (има договор со Наполи од над 2 ,3 милиони евра !
 
Член од
8 август 2012
Мислења
108
Поени од реакции
23
Добро бе,мајка му на Груевски ја заборавивте.Она има 5 стана само во Скопје!Плус уште некој во Чешка и Австрија....:P
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Добро бе,мајка му на Груевски ја заборавивте.Она има 5 стана само во Скопје!Плус уште некој во Чешка и Австрија....:P
Да и политичарите(сегашни и бивши) се богати ........... но сепак бизнисмените(крупните) се на прво место по богатство во секоја држава ............ политичарите/функционерите се на второто место, веднаш после бизнисмените(крупните секако) !
Грујо и Бранко се обичен долен веш во споредба со некои тајкуни спомнати на темава во првите постови !
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Македонија има 35 мултимилионери.

Но, Ајде сите да се запрашаме како дошле до овие богатства во ова наша жална држава која 22 години е во транзиција, со затварање на сите фабрики, не отварање на ниту една нова, со дуплирање на невработеноста, - значи со плачкање. Крајно време е државата да си ги побара оплачканите пари назад, а ако незнае како нека побара совет од Путин. А овие бедни во душа фаци ако имаат грам совест одма треба да ја напуштат државата бар да не ги гледаме.

Дали нашите олигарси плаќаат данок?
Дали некоја власт преку УЈП проверила како го стекнале почетниот капитал? Чесно или со криминални дела?
Па ако немаат доказ за тоа како го стекнале богатството тогаш принудна наплата!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Абе способни се дечкиве нема што ............. пазете какви двојни стандарди има во нашава ни држава ......... ако работникот Петко собрал пари и купил да речеме кола или реновирал куќа и сл. сите ќе речат дека Петко е лопов, од кај му пари на Петко за тие нови работи, нели човекот работи за плата ........... но затоа од друга страна кога ќе се каже за некој ’’успешен‘‘ бизнисмен дека во таа и таа година остварил профит од ХХ милиони евра одма сите ќе речат браво човекот е паметен, вреден, успешен... :facepalm: .......... кое лудило и кои двојни стандарди ........... :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom