Македонија земјоделска само на хартија

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
http://www.makdenes.org/content/article/26692588.html
Македонија земјоделска само на хартија
И додека нашата земја е окарактеризирана како земјоделска, податоците покажуваат дека во земјава има поголем увоз отколку извоз на храна. Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како сè одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати.


Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија, 2012.



Зорана Гаџовска Спасовска
15.11.2014

Доматите, пиперките или цвеклото од македонските ниви се преработуваат во соседните земји и се враќаат во македонските продавници како вкусна зимница или кечап. Смокви, вишни и сливи од јужните делови на земјава по краток пат до соседството ни се враќаат во тегла како мармалад, компот или слатко. Преспанските јаболка ни се враќаат во тетрапак пакување. Ниту третина од асортиманот на негазирани сокови во македонските маркети не е од домашно производство, иако овошје имаме во изобилие. На рафтовите покрај македонскиот ајвар, лутеница, корнишони, стојат и увезени од Србија, Хрватска и други земји, каде што Македонија најмногу извезува зеленчук.

Увезуваме сокови, шеќер, месо, кафе, сурово сончогледово масло. Некои производи, како на пример јаболка, колкава количина увезуваме, толку и извезуваме.
Поголем увоз отколку извоз на храна

Традиционално, на странските пазари најмногу се пласираат македонски домати, пиперки, зелка, како и јаболка, грозје, бостан. Но годинава традицијата беше нарушена, Владата го прифати барањето на земјоделските индустриски производители за намалување на увозните давачки за индустриска пиперка и доматно пире. Земјоделските индустриски производители досега плаќаа 50 отсто од овие давачки, а сега ќе плаќаат нула. Одлуката важи до крајот на оваа година.


Увезуваме сокови, шеќер, месо, кафе, сурово сончогледово масло. Некои производи, како на пример јаболка, колкава количина увезуваме, толку и извезуваме.

Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како се одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати.
И додека нашата земја е окарактеризирана како земјоделска, податоците покажуваат дека во земјава има поголем увоз отколку извоз на храна, па поради тоа епитетот земјоделска останува само на хартија. Во услови кога може да се произведува и извезува квалитетна храна, благодарение на географската местоположба и благодатите што ги дава климата, Македонија е зависна од увоз на прехранбени производи и пијалаци.


Домашното производство на жита, месо, масло за јадење, млеко или шеќер, ниту оддалеку не ги задоволува потребите на населението. Од странство не се купуваат само егзотични овошја, кафе или морски плодови. Купуваме пченица за да имаме доволно леб, смрзнато месо за да може да работи преработувачката индустрија, како и сончоглед, кој одамна го нема на македонските ниви. Увезуваме и риби и преработки од риби, чај, какао и зачини, јајца и додатоци за исхрана. Од странство се купува и добиточна храна и ѓубрива.

Ако се зголеми финализацијата на земјоделските производи, ние ќе имаме многу поконкурентен извоз и ќе имаме намалување, некаква супституција ќе направиме, а тоа е голема зависност од жита, од масло за јадење, од шеќер.
Борис Анакиев, универзитетски професор.
Зголемен е увозот на речиси сите прехранбени производи, од земјоделска до разна готова храна, а главна причина за тоа е македонското дефицитарно производство. Опаѓањето на обработливи земјоделски површини, лошото планирање на проносите и произведените вишоци, расцепканите и нефункционални парцели, старата механизација се само дел од проблемите кои што го следат земјоделството.


Драстично намалено обработливото земјиште

За 20 години во Македонија драстично е намалено обработливото земјоделско земјиште, се намалува производството на некои од главните земјоделски култури, а сè повеќе се зголемува увозот на храна. Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како се одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати. Недостасува дебата на тема земјоделство во земјава, вели пензионираниот професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет. Тој објаснува дека Македонија не може да се ослободи од зависноста на увозот на храна.

Субвенциите во земјоделството многу придонесуваат, бидејќи земјоделството спаѓа во ниско продуктивни гранки, непрофитабилни, затоа субвенциите практично ги надополнуваат загубите, ако ние сакаме да постигнеме некој поголем и поатрактивен и квалитетен сток во самото производство, субвенциите треба да бидат малку повисоки.
Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.
„Ние имаме голем дефицит меѓу увозот и извозот на храна, главно затоа што ние имаме лоши природни услови за конкурентно производство на жита, добиточна храна, а со тоа оди и целото сточарство базирано на ниски приноси, скапа добиточна храна, неконкурентно, и не се заинтересирани земјоделците да произведуваат добиточни производи.“

Анакиев вели дека дефицитот во трговијата со храна е голема болка на Македонија. Не можеме да си ја задоволиме потребата од жито, затоа што имаме релативно неповолни услови и затоа увозното е поевтино. Скапото жито, повлекува и скапа добиточна храна и со тоа и месото станува скапо и неконкурентно. Освен житото и месото, најголем дел од дефицитот се должи и на маслото за јадење и на шеќерот додека во земјава има суфицит во производството на овошје и зеленчук.


„Тука ни фали уште многу за финализација, ако се зголеми финализацијата на земјоделските производи, ние ќе имаме многу поконкурентен извоз и ќе имаме намалување, некаква супституција ќе направиме, а тоа е голема зависност од жита, од масло за јадење, од шеќер. Сето тоа се континентални култури, кај кои приносите во Македонија не можат да бидат конкурентни.“

Оние земјоделци кои имаат своја земја од дедо, прадедо, тие и да немаат субвенции, тие ја работат, ако нема сметка оваа година, ќе има другата, не се откажуваат, произведуваат храна за себе, а нешто ако малку стане да го продадат.
Тоде Лазаревски, земјоделец.
Милиони за субвенции, а фајде?

Во споредба со пред 10 години во земјава има 20 отсто помалку посеви со пченица, 15 отсто помалку јачмен, 10 отсто помалку домат, има помалку посеви со тутун. Слична е и состојбата и во сточарството. И покрај милионските субвенции, статистиката покажува дека во изминатите 10 години има помалку говеда, речиси двојно помалку овци, помалку свињи и сериозно помалку живина. А за 20 години драстично се намалило обработливото земјиште.


Во последната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2014-2018 е наведено дека партијата покажала како се дава поддршка на земјоделците и дека во следните четири години се планира инјекција од 600 милиони евра, односно по 150 милиони евра годишно.

Најмногу пари даваме за месо и преработки од месо, 125 милиони евра, за жито 90 милиони, за кафе, чај, какао, зачини околу 60 милиони евра. Исто толку трошиме и за увоз на овошје и зеленчук.
Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2011-2015 на тема земјоделство тие ќе напишат дека и понатаму ќе бидат „земјоделско влада“ и ќе продолжат со зголемувањето на финансиската поддршка за аграрот и руралниот развој. Па оттука се наметнува и прашањето колку субвенционирање на земјоделството придонесува за намалување на цената на храната и колку тоа помага за да се зголеми извозот на македонскиот земјоделски производ.

Земјоделци чекаат да поднесат барање за субвенции
Земјоделието не може да опстои без субвенциите

Да не се субвенциите земјоделците одамна ќе се откажеа од производството, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.

Јас имам информации, бидејќи сум често на терен, дека голем дел од земјоделците, ќе посеат, ќе побараат субвенции и не се ни враќаат на површините, дали со пченка, дали со други земјоделски производи, тоа не е добро, и нешто треба да се направи во таа насока.
Илија Каровски, универзитетски професор.
„Субвенциите во земјоделството многу придонесуваат, бидејќи земјоделството спаѓа во ниско продуктивни гранки, непрофитабилни, затоа субвенциите практично ги надополнуваат загубите, ако ние сакаме да постигнеме некој поголем и поатрактивен и квалитетен сток во самото производство, субвенциите треба да бидат малку повисоки“, вели Шаклев.


За споредба во регионот земјоделство двојно повеќе се субвенционира да за може со таа мерка да се поттикне поголемо производство и извоз, објаснува Шаклев.

Статистиката покажува дека четири години домашното производство на месо е намалено за една петтина. Кај производството на говедско месо има пад од 13 отсто, а на пилешкото од 50 отсто. Годишните потреби на Македонија од 22 илјади тони за телешко месо исто толку за пилешко месо во голем дел се задоволуваат од увоз.
„На пример во Словенија зимаат околу 250 илјади евра годишно, а ние имаме околу 150 милиони, а развиеноста и големината на земјата е скоро иста, значи тие зимаат скоро дупло повеќе од Македонија и сега за да го постигнеме тоа ниво на раст, словенското, ќе ни требаат малку поголеми вложувања.“

Тоде Лазаревски, кој се занимава со садење житни култури, вели дека земјоделието не може да опстои без субвенциите.


„Оние земјоделци кои имаат своја земја од дедо, прадедо, тие и да немаат субвенции, тие ја работат, ако нема сметка оваа година, ќе има другата, не се откажуваат, произведуваат храна за себе, а нешто ако малку стане да го продадат“, вели Лазаревски.

Она што сè уште е голем недостаток кај субвенционирањето во земјоделството е тоа што голем дел од субвенциите се користат како социјална мерка,
„Осврт на развојот на земјоделството по Македонија во последните десет години“, труд на Габриела Димовска од Центарот за економски анализи.
Додека земјоделците кои што имаат земјиште под концесија ќе се откажат од производство ако не се субвенциите, вели Лазаревски.

„Едвај се излегува на крај со субвенциите. Луѓето секогаш ни префрлаат, викаат –вие земате субвенции, не земаме ние, земаат граѓаните – потрошувачите, за да ние произведеме поевтина храна и да ја продадеме, ни даваат субвенции и тоа на производите им се дава, за да произведеме поевтино, ако не се субвенциите храната ќе биде многу поскапа, не ќе може населението да ја купува.“


На пример кога станува збор за пченицата македонските земјоделци не можат да им бидат конкуренција на српските.

„Србија и Бугарија имаат од 8 до 10 тона по хектар, ние имаме едвај по три тона и тие имаат сметка да ја даваат пченицата по 10 денари и под таа цена, ние не можеме под 15 денари, еве оваа година со по 7, 8 денари не можеме да опстанеме, за да влеземе во игра. Армија луѓе се вработени во земјоделието, ако запреме ние, ќе запрат и други со работа, ние купуваме репро материјали, ѓубрива, заштитни средства, ќе оставиме се и ние ќе бараме работа“, вели Лазаревски.

Субвенциите помогнаа само во неколку гранки за зголемување на извозот но се уште не сме на ниво да произведување на вишоци кои ќе може редовно и во големи количини да се извезува.

„Кај нас тешко оди ова зголемување на производстовот, имаме вишок на производи во полјоделството, во лозарството, во овоштарството, во градинарството имаме најмногу резултати, меѓутоа се уште е рано, да се каже дека одиме во побрз чекор напред, ни треба уште време. Додека субвенциите што се даваат за руралниот развој, навистина имаме добри ефекти, во голем дел механизацијата е променета, имаме нова механизација, и тоа нормално дава добри резултати“, вели Шаклев.

Најмногу пари даваме за месо и жито

Од извозот македонските производители во првите девет месеци од годинава заработиле речиси 400 милиони долари што е за 20 милиони долари помалку од истиот период лани. Во 2012 та од извозот е заработено 264 милиони евра.

Најмногу пари даваме за месо и преработки од месо, 125 милиони евра, за жито 90 милиони, за кафе, чај, какао, зачини околу 60 милиони евра. Исто толку трошиме и за увоз на овошје и зеленчук. Од нивниот извоз, пак, најмногу и заработуваме, речиси половина од вкупниот прилив на средства од извозот на храна, или 136 милиони евра отпаѓа на овошјето и зеленчукот. Заработуваме и од месните преработки, околу 30 милиони евра, како и од житата и преработките.

Од сегашниот македонски извоз на храна, две третини отпаѓаат на два производа - тутунот и пијалаците.

Според податоците од Државниот завод за статистка, околу 25 до 30 отсто од суровината за месни преработки е од домашно производство, останатото се увезува.

Статистиката покажува дека четири години домашното производство на месо е намалено за една петтина. Кај производството на говедско месо има пад од 13 отсто, а на пилешкото од 50 отсто. Годишните потреби на Македонија од 22 илјади тони за телешко месо исто толку за пилешко месо во голем дел се задоволуваат од увоз. Сумите на девизи кои се одлеваат за увоз на месо секоја година се зголемуваат и според Државниот завод од 71,7 милиони евра во 2007 година во 2011 година пораснале до 93,9 милиони евра.

До неодамна Македонија располагала со околу 8 илјади тони домашно производство на говедско месо. Претходната година производството се намали на околу 5 илјади тони, а останатите 14 до 16 илјади тони се увезуваат од Полска, Австрија, Аргентина и други земји. А за да биде парадоксот поголем земјава располага со преку 600 илјади хектари неискористено земјиште, што е одлична подлога за производство на говедско месо. Што се однесува до субвенциите за овој сектор, експертите посочуваат дека не се доволни. За споредба во Србија се дава 185 евра субвенции за грло говеда, додека во Македонија 2.800 денари по грло и плус оние субвенции за заклано во кланица сумата достигнуваоколу 4.000 до 5.000 денари, а тоа е релативно недоволно споредено со регионот. Значи треба сумите да се зголемат, и ефектот ќе биде видлив посочуваат експертите.

Злоупотреба на субвенциите

Професор Илија Каров од Земјоделскиот факултет вели дека субвенциите придонесуваат за зголемување на квантитетот и квалитетот на македонскиот земјоделски производ, но мора да се обрати внимание на неколку клучни работи. Прво треба да се внимава на злоупотребата на субвенциите, посочува Каров.

„Јас имам информации, бидејќи сум често на терен, дека голем дел од земјоделците, ќе посеат, ќе побараат субвенции и не се ни враќаат на површините, дали со пченка, дали со други земјоделски производи, тоа не е добро, и нешто треба да се направи во таа насока.“


Субвенции за социјален мир

Подобрувањето на патната инфраструктура, на водоводната и канализациската мрежа, здравствена заштита во селата, полесен пристап до локалните пазари се неколку мерки што се во насока на подобрување на условите за живот во рурална средина. Покрај ова и субвенциите кои ги нуди Владата треба да стигнуваат до вистинските земјоделци велат експертите.

Габриела Димовска од Центарот за економски анализи во својот труд „ Осврт на развојот на земјоделството по Македонија во последните десет години“ посочува дека она што сè уште е голем недостаток кај субвенционирањето во земјоделството е тоа што голем дел од субвенциите се користат како социјална мерка, иако би требало да придонесат за зголемување на конкурентноста, за создавање на крупни носители на производствениот процес кои потоа ќе придонесат за зголемување на извозот. Субвенциите кај земјоделските производители создаваат привиден мир.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Се убила од пишување текст за да потенцира дека Македонија не била нешто што никогаш не ни може да биде.

Општи карактеристики на релјефот
Дури 80% од целокупната територија на државата се планини, додека само 20% се зарамнето ниско земјиште.

Повеќе од доволна причина зошто Македонија не е, а и никогаш нема да биде земјоделска земја.
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Македонија има доволно рамнини и почва за обработување за да прехрани многукратно повеќе население од ова денес.

Нерентабилни сорти, слаба механизација, неедуцираност на земјоделците и преживување со парите од субвенции, наместо нивно реинвестирање во нови сорти и механизација. Да, денес земјоделците преживуваат со парите од субвенциите, а заработката ја користат да ги покријат трошоците за наредната сезона.

Или со други зборови, земјоделието е вештачки одржувано на апарати за дишење, затоа и од година во година се зголемува увозот на странска храна. Целта на ваквите мерки не е да се развива земјоделието, а да се држи во џеб земјоделецот.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Македонија има доволно рамнини и почва за обработување за да прехрани многукратно повеќе население од ова денес.

Нерентабилни сорти, слаба механизација, неедуцираност на земјоделците и преживување со парите од субвенции, наместо нивно реинвестирање во нови сорти и механизација. Да, денес земјоделците преживуваат со парите од субвенциите, а заработката ја користат да ги покријат трошоците за наредната сезона.

Или со други зборови, земјоделието е вештачки одржувано на апарати за дишење, затоа и од година во година се зголемува увозот на странска храна. Целта на ваквите мерки не е да се развива земјоделието, а да се држи во џеб земјоделецот.
Тоа е јасно но, ова влече проблеми
1. Земјоделците ностат стотина илјади гласови и секогаш ќе гласаат за својот самоинтерес.
2. Државни долгови се таложат
3. Повелекување на мерките, субвенциите ќе значи уште поголема катастрофа
4. Постои популарност и кај неземјоделците за овие мерки од разни мотиваци- сожалување, национализам и милитаризам(заштита на основни ресурси при конфликти), верување дека ќе бидат поефтини земјоделските производи ако се домашни.
5. Социјален Феномен на омраза кон странско и непознато
6. Лоша алокација на ресурси и недостаток на ресурси кои може да одаат во гранки кои полесно би станале профитабилни
7. Морален хазард ако еднаш дадеш се надеваат и на друг пат и си ги вкалкулуваат приходите од субвенциите во проекциите за долгогодишно производство и прават инвестиции врз база на нив.
8. Додворување на истиот електорат од опозиција со уште поголеми мерки најверојатно за субвенции има поголем концензус отколку за името кај партиите.
http://24vesti.mk/sdsm-za-4-godini-do-zemjodelcite-ne-stignale-140-milioni-evra-subvencii
има и други ама тоа ми доаѓа на памет сега.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
150 milioni godisno podobro da ne gi davaat a da gi namalat cenite na zelencuk, air ce vidime cela drzava. Za koj kur od moi danoci se davaat na nekoja budala u gostivar, za toj na mene mi prodava lubenici po cena od 25 denari vo mesec juli!?

Da ne ja spomenuvam lakomosta na zemjodelcite i trgovcite za vreme na veligdenskoto pazaruvanje. Im posakuvam na tezgagjiine vo tetovskiot pazar da im zamrzne siot asortiman sto go kupile!
 
А

Атомската мравка

Гостин
1. Кај нас луѓе што работат 2-3 хектари се кажуваат како земјоделци притоа тие 2-3 хектари им се на 5-6 различни парчиња (места) значи прво и основно потребно е окрупнување.
2. Огромен дел од земјоделците се необразовани, чист пример ти е ѓубрењето на земјоделските култури научиле само да фрлаат 3x15 и демек готово таман е, а никогаш не направиле педолошки анализи на почвата да видат кои минерали точно фалат па да го прилагодат ѓубривото на тоа. Али што ќе прават анализи кога кај нас повеќето се ситни земјоделци колку за да преживеат..
3. Имаме недоволно развиени системи за наводнување и малку откупни центри па затоа трговците често пати им ги зимаат по ниски цени земјоделските продукти а на пазарите после трговците ќарат скоро дупло (резултат>) ем земјоделците незадоволни од ниските цени ем крајните потрошувачи се жалат на високи цени на производите.
4. Треба да се забрани во повеќето региони садење на пченици, јачмени итн (или барем да не се дава субвенции за нив) оти во Македонија никогаш не може да има исти приноси за да биде конкурентна со таа пченица во Војводина на пример. Треба да се зголемат и преусмерат субвенциите на овошни/лозови култури кои повеќе се исплаќаат.

И за крај тие 150 милиона годишно државата секако си ги враќа назад (немој да мислите дека така ги фрлаат) само проблемот е што тие субвенции треба да придонесат да се развие земјоделството а не да стои во место што е случај кај нас. Заклучок - во министерството за земјоделие ни фали прав човек..
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Прво да се разбереме, македонија е земја на лопови, и дифтари. Од таму и во подем се деловите од земјоделието што е субвенционирано од државата, и од ИПАРД да речеме. Така да, кај има за крадење таму сме најуспешни.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Ме интересира зошто млиновите барем по Кумановско не земаа жито од Македонија со образложение дека оној од Србија е по квалитетен а нашиот не ги содржи потребните состојки? Може така да постапат?
 
П

Пепси_

Гостин
1. Неразвиените земји и земјите во развој 50 од населението е земјоделско (што тука влеваме и ние)
2.Земјоделството кај нас 99 % се работе на примитивен начин

Како може да се реше/ава проблемот

1.Да се изработе педолошка карта
2. Реонски даноци или данок на доход
3.Креирање задружници каде во пракса е покажано дека најмногу е исплатливо. За жал кај нас е обратен тренд односно цепење на нивите по 5 декара по земјоделец шо е смешно.
4.Комплетна замена на механизацијата = помалку трошоци = повеќе приноси= подобар плод= поголема цена


Интересна работа е што данска,англија,ирска имат нај мал процент на население шо се занимава со земјоделство а имат суфицит на храна.

Кај нас повеќето калории се од житните култури шо дава до знаење колку ви е јака владата,али они јадат октоподи и лигњи не се запознаени баш. :icon_lol:
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се убила од пишување текст за да потенцира дека Македонија не била нешто што никогаш не ни може да биде.

Општи карактеристики на релјефот
Дури 80% од целокупната територија на државата се планини, додека само 20% се зарамнето ниско земјиште.

Повеќе од доволна причина зошто Македонија не е, а и никогаш нема да биде земјоделска земја.
Наполно се согласувам
Македонија никогаш не била земјоделска земја
Нема ниту почва ниту вода
Низ историјата - Македонија била рударска земја
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.813
Сеа патриотите одкоа го пуштија DuPont во Македонија, ќе видите земјоделие.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Владата дава субвенции на нивни луѓе, место тие да уложат си ги ставаат парите во џеб и се е супер. Зборувам за милионски суми.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Македонија е повеќе сточарска земја по карактеристичниот вид на стоката од милион и кусур која што ја населува.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
47
Поени од реакции
2
Сеа патриотите одкоа го пуштија DuPont во Македонија, ќе видите земјоделие.
Незнам само луѓето дали знаат за која фирма станува збор(Monsanto)и какви манупулации прават со земјоделците?Нека го погледнат ова видео па после ќе зборуваме https://www.youtube.com/watch?v=_t803MZZXVE[DOUBLEPOST=1417195003][/DOUBLEPOST]
Владата дава субвенции на нивни луѓе, место тие да уложат си ги ставаат парите во џеб и се е супер. Зборувам за милионски суми.
Како прво, владата и не дава субвенции,доцни со години,тие шо ги дава идат по партиски список прво како шо кажа и ти кај луѓе кои и незнаат баш што е мотика ,а субвенции на земјоделците во сите земји во светот освен Македонија се даваат за производство кое е наменето само за извоз а не како кај нас
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom