Македонија домаќин на футсал квалификаците за ЕП

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Македонската футсал репрезентација од 18. до 21.март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во 2016 година. Покрај Македонија на турнирот ќе учествуваат и футсал репрезентациите на Шпанија, Унгарија и Швајцарија.



Пласман на ЕП ќе избори првопласираната репрезентација (Шпанија е најголем фаворит), додека второпласираната селекција ќе избори бараж за пласман на континеталното првенство во фудбал.

„Можноста да се игра на домашен терен секако е голема предност, но за да се создаде вистинска атмосфера која ќе ги понесе домашните фудбалери, потребна е и публика. Ни гостуваат две врвни футсал репрезентации Унгарија и Шпанија, со исклучително квалитетни и атрактивни фудбалери, што само по себе е празник за љубителите на малиот фудбал. Ова се квалификации во кои изненадувањата се реални, важно е играчите да бидат добро психолошки подготвени, и верувам дека доколку се понесени и од публиката ќе имаме позитивни резултати. Ја повикуваме публиката да дојде на овие натпревари, а ние ќе ветиме максимално ангажирање, пожртвуваност и атрактивен фудбал“, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Според прогнозите, Шпанија е фаворит, а за втората позиција на табелата ќе се борат Македонија и Унгарија.

Токму Унгарците ќе им бидат противници на македонските футсал репрезентативци во првиот меч на турнирот (18.март во 19 часот). по мечот со Унгарија, Македонија ќе игра против Швајцарија (19.март) и Шпанија (21.март).

Како дел од подготвките за квалификацискиот турнир Македонија два пати ја совлада репрезентацијата на Грузиja.

извор виа Кајгана
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Водиме 2:0 на полувреме.
Стрелец на двата гола Мартин Тодоровски.
Многу мал интерес има кај нас за футсалот. Се надевам дека ќе победиме денес и ќе завршиме втори во групата, па во бараж да си ја бараме среќата за пласман на ЕП.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Резултатов е одличен. Само да издржиме уште малку. Унгарциве играа добар пресинг на почеток, потоа малку паднаа и ние тоа убаво го искористивме.

Ако ја добиеме оваа, а на добар пат сме, тогаш баражот ни се насмевнува.

Штотуку примивме гол. 2-1.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.289
3-3 конечен :(
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
сега ќе одлучува гол разликата против Швајјцарија ќе мора да пумпаат, лошо е само што они играат утре со нив а Унгарија игра во Сабота.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Глупо голче примивме, ама сеа за сеа добри се нашиве.
Следната е денеска?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Глупо голче примивме, ама сеа за сеа добри се нашиве.
Следната е денеска?
толкава слика си ставил во прв пост па прашуваш денеска ли е :D, да од 19:00 против Швајцарија и ќе треба добра разлика да направат денес
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Мораше да пишам
Да се дешава нешто на темава :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Фуриозен старт против Швајцарија. 3-0 за само три минути.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Фуриозно и заврши со победа од само 1 разлика, Македонија 7-6 Швајцарија.
Така да, нашите шанси за позитивен пласман на овој квалификациски турнир се еднакви на нула.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
на 5-1 игра со голман играч незнам што мислеше Скендеровски 20-1 да тепаат изглеа
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
не сме биле нешто спешл како што ги јачаат по медиумиве..
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Да не беа наивните грешки ќе си продолжевме следна фаза.

-Првиот меч против Унгарија, при крај примаме гол и губиме добиен меч.
-Вториот против Швајцарија, од одлична гол разлика доаѓаат до само +1. Ама нели победа е, и сите се задоволни.
-Со Шпанија се знаеше дека ќе не "потопат", ама сами сме си криви што кога можевме не си ја решивме судбината.

Добра е футсал репрезентацијата, али еве вака со глупави потези сам себе го убијал...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom