Македонија доби принц, на ред е кралство!

Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
На 3 Ноември, 2008 година во Нова Македонија, излезе конечно подолго очекуваната информација, околу таинствениот Боге Петер Колоски. За информацијата имам слушнато од одредени кругови, како и од некој од форумов(мислам Мисирков), го спомна истово. Информацијата помина, тивко, без подршка од телевизијата, без ниту едно интервју со принцот.
МЕ интересира кој има, да каже нешто повеќе и конечно да отворам шпекулација околу пророштвото на Нострадамус, за обновувањето на македонското древно кралство во 2012- дали сето ова иде во прилог на пророштвото????!!!!! :wink:




Овој месец ќе се официјализира работата на Кралската фондација во Македонија, која, по многу проблеми, доби дозвола за формирање. Нејзиниот основач е Боге Петер Колоски, кој вели дека е потомок на принцезата Ана од Долна Саксонија од 18 век. Целта на Кралската фондација е да се изучуваат македонските кралски семејства, нивните лози и поврзаноста со светските кралски семејства.
- По официјализирањето на фондацијата ќе се формира кралски институт, кој ќе се занимава со научноистражувачка работа во сите области. Ќе соработува со сродните институти во Европа и во светот и ќе користи нивни материјали - вели Колоски.
Членови на Кралската фондација ќе бидат еминентни стручњаци од сите области. Нивните имиња ќе бидат објавени во ноември.

Колоски имал административни пречки да регистрира кралска фондација во Македонија.
- По првите пречки од Министерството за правда, поради непознавањето на материјата, сега секаде каде што ќе се јавиме имаме поддршка - истакнува Колоски.
Тој се надева дека Владата ќе најде сили да обезбеди локација за изградба на кралски дворец, кој, според него, треба да биде под државна управа и да се користи за прием на странските државници.
За отворањето кралска фондација во Македонија Колоски добил поддршка од многу кралски семејства. Меѓу поддржувачите се принцот Чарлс од Велика Британија, јорданскиот принц Абдалах, принцот Адам од Лихтенштајн, Елена од Шпанија, која е втора по ранг на кралот Хуан Карлос, принцезата Марта од Норвешка, од руската царска лоза, од холандската кралица Беатрис и многу други кралски семејства.
Предвидено е идната година во мај, во Охрид, да се одржи светската кралска средба, која би требало да стане традиционална. Околу 50 отсто од кралските семејства одговориле потврдно на поканата да дојдат во Македонија.
Во 1974 година Колоски ја почнува потрагата за докажување на својот кралски корен. Во тоа време бил уапсен од КОС, затоа што велел дека Македонија ќе биде независна држава. Од 1978-1983 година бил следен од непознати лица, а во Прилеп бил обвинет дека не ги следи социјалистичките текови.
- Трпев и се допишував. Стигнав до кралството што се отцепува од пруското и хановерското „Ромкерхалт“, кое повторно се официјализира во 1986 година. Неговите корени потекнуваат од Македонија. Го посетив кралското семејство и се запознав со кралицата Ерна. По периодот за испитување на лозата, ми го признаа кралското потекло по принцезата Ана - истакнува Колоски.
Тој објаснува дека имало две основи за признавање на „сината крв“: наследството и способноста. Наследството се утврдувало веднаш, а способноста се следела повеќе години. Откако кралицата и кралскиот совет се увериле во способноста на Боге, во 2006 година му ја доделиле грофовската титула. Во април годинава кралицата потпишала указ да ја добие титулата регент-принц (титула со која може да се управува со кралство), но од сејмени причини, поради смртта на татко му, не ја примил. До крајот на годината ќе ја прими и оваа титула, за што ќе биде известена и нашата влада. Тој истакнува дека е наследник на еден од дворците на кралицата Ерна, кој треба да го наследи по нејзината смрт. Со тоа, истакнува Колоски, и Македонија станува наследник на кралскиот дворец.
- Се стремам Македонија да добие кралство, бидејќи кралствата не генерираат криминал. Речиси во сите кралства криминалот е околу три проценти. Тогаш ќе престанат кавгите. Како кралство Македонија ќе биде многу повеќе ценета - истакнува Колоски.


Потомок на принцезата Ана од Долна Саксонија
Боге Петер Колски е потомок на Никола Петер Колаја, кој на многу места се појавува како Рајка, и на принцезата Ана од Долна Саксонија. Ана и Никола се запознале во Неапол, а потоа се вратиле во Охрид, па во Корча и во Елбасан и Голобрдо, за подоцна да се населат во Лакавица, односно Јабланица, Струшко.
На Никола и Ана им се родиле седум сина и пет ќерки, кои се растуриле по Балканот, Германија, Полска. Во овие две земји презимето Колоски може да се сретне илјадници пати.
Боге Петер Колоски влече корен од синот на Никола Петер Колаја, Никола Петер Рајка. Во 1750 година овој клан имал 12.000 луѓе, исто толку овци и околу 2.500-3.000 грла крупен добиток. Наследниците на Никола и Ана до денес се среќаваат под четири презимиња: Поповски, Рајковски, Колоски и Стевовски. Во сите семејства мора да има по едно име Никола.

 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
За многу години нека ни е :smir:

ПС:Царска Руска ложа веќе нема нажалост
 

Ladies'_Man

Страхотен пич
Член од
31 декември 2008
Мислења
156
Поени од реакции
12
Едвај чекав!

Браво!

Во секој случај не може да биде полош од бц!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ајде да видиме што ке испадне од сето ова...
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Потомок на принцезата Ана од Долна Саксонија
Боге Петер Колски е потомок на Никола Петер Колаја, кој на многу места се појавува како Рајка, и на принцезата Ана од Долна Саксонија. Ана и Никола се запознале во Неапол, а потоа се вратиле во Охрид, па во Корча и во Елбасан и Голобрдо, за подоцна да се населат во Лакавица, односно Јабланица, Струшко.
Германска принцеза демек отишла во Лакавица? :uvo:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
тешко е за веруванје,ама дај боже да излезе вистина.
НЕКА Е СО СРЕЌА:salut:
 
F

FilipMacedon

Гостин
Искрено ни го знам човекот,ниту можам да коментирам,но името Боге некако не е име за крал на Македонија
Како и да е со среќа
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Секогаш може Rename да се направи при крунисување :vozbud:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Немојте пак со темава, претходниот пат имаше многу шизофренички јузери :)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Очекував поголема ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ТЕМАВА:toe:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Очекував поголема ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ТЕМАВА:toe:
Кај се медиумите да информираат за ова?

Не отруја више со овој Обама, бил ваму, прднал таму
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Princ od Jablanica Strusko, sto ke e na red drugo, Princ od Mislesevo Strusko, ili pak od Vevcani???
Cista Prevara...:drk::drk::drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom