Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Додека го пишував мојот коментар во темата за Арбен Џафери Acid со брзина на светлината ја избришал темата како да знаел дека човекот не е достоен да му се отвори тема на најмасовниот форум во Македонија.Па затоа со copy>paste ќе го префрлам овде за мојата интересна случка денеска:D

Бев денеска цел ден во Те и шта да ти причам.На плоштад мислам дека беше знамиња што се продаваат албански по тезги ставени на средина од бајракот:confused:Ај викам да не напраил некоја грешка и си продолжив и оп на друга тезга исто,и се прашувам што е работава(не укопчав за ова со Бени)и се осмелив да го прашам еден постар продавач зашто му се поставени на средина.И ми вика ама ти македонац си а???o_OДа одговарам.Вика ај пошто си македонац и се осмели да прашаш јас ќе ти кажам и ме вика спроти тезгата да седнеме и ме понуди со кафе.Му викам чиче фала на понудата ама се брзам,а неее вика ќе ти земам малце од твоето драгоцено време (Онака културно го рече) и ќе те почастам едно кафе и една баклава или тулумба.Викам фала ама нема да земам ништо пошто ти постиш ќе постам и јас.Ми се смее и ми вика абе кој пости, му одговарам абе па вие не постите??Вика дечко кажими ти мене која будала ќе пости на ова време???Да постот треба да се почитува ама Алах во вакви времиња дозволува да се внесува течности и многу малце храна во организмот а јас еве денеска со тебе ќе го направам тоа.И добро ај бидна тоа што бидна се вративме на муабетот за знамето.И вели можеби тебе тоа не те интересира ама денеска почина Арбен Џафери.Јас уплашен од тоа дека се наоѓам среде чаршија каде што врие од албанци а јас уште седнат малце подоле од седиштето на ДПА во Тетово му велам аха тоа е значи,епа лесна му земја и подстанувам со намера да платам и да одам демек се брзам.Ми вика седи бре кај ќе одиш немој да се плашиш никој ништо нема да ти направи.Му велам од кај увиде дека се плашам,ме прекина со прашање погледни малце околу тебе:oops:На радиус од 2км нема ниеден македонац вели.Ти си едини што така среде бел ден се шета во овој дел од градов и тоа е за пофалби.Вели кај се сеа овие од телевизија да снимаат да видат дека и овде има соживот меѓу нас, а не само кога има тепачки да критикуваат.Се наврати на муабет со Бени.Ми вели ти може го знаеш него од телевизија како претседател на ДПА.Да му велам.И почна да ми збори за него.Ми вели он не е Македонец-албанец он е косовар,интелегентен провокатор,манипулатор кој според многумина(албанска страна) е заслужен за рамковниот договор.Го прашувам па добро нели он беше главниот од ваша страна.Вика каква наша страна бе.Ме прашува дали знам за 2001?Да му одговарам.Ми вика од каде толкава храброст да се осмели да крене востание кога 95%од албанското население беше против тоа.Од каде па сеа ова си викам.Јас ќе ти кажам нешто што многумина не го знаат.Пред таа фамозна 2001 во западниов дел партиски војници одеа од куќа до куќа и бараа потписи дали се согласуваат за востание.И што беше одговор на тоа само 5% сакаат притоа ми напомена дека се прашувале само албанци староседелци.Па добро бе од каде толкава масовност на протестот,од каде толкава поддршка со опрема итн.Се смее и ми вели еее тука иде делот што вие не го знаете.Ми вели дали се сеќаваш на 1999??Да?Дали знаеш колку само бегалци имаше во полошкиов крај.Да?Е сеа сетисе што ти кажав на почеток?Викам дека Бени е косовар онака одговарам со збунета фаца.Ме прашува ама тебе уште не ти јасно а??Вика ај ќе ти објаснам сеа притоа понудувајќи ми уште еден колач од слаткарата.Бени важеше за голем човек во предвоено Косово и после.Кога почна бегалската криза во Косово он ги користеше своите врски како политичар за што повеќе луѓе да се прифатат како бегалци во МК.Притоа од разни разни донации како што ни мачкаа очи нас што живеевме тука а уствари тоа беа пари од партијата која ние сами ја финансиравме им даде куќи,ниви,коли и им отвори разни бизниси како овде така и после во Косово.Е сеа некаде крајот на 2000год на Бени му било ставено до знаење(Од страна на македонскиот политички врв)дека овие луѓе мора да се вратат во родното Косово зашто више војна нема.Бени тука наидува на голем отпор од страна на неговите косовари.И он им вика епа ако е така помогнетеми во намерата да ве задржам овде со Протест.Ама ако дојде до конфликти сами снаоѓајте се.Тогаш некои луѓе со помош на паравоената војска на косово се илфитрираат на Шара во близина на калето значи во случај ако има обиди да се спречи протестот вие да реагирате без притоа да размисли за последиците.За најлошото сценарио кое се случи.Ете ја главната причина зашто дојде до конфликт таа 2001год. ми вели.И кажи ми ти мене што добив јас со тоа,што доби ти со тоа ништо.Добија само бегалците.И на крај почна да ми оправа за политичките партии и слично.После добри два саати муабет дојде време да одам,но некако како што на почеток бев нестрплив да одам на крај бев тажен што дојде време да одам.И ми рече во партииве има млади луѓе кои се флексибилни и дека од сега ќе се слуша друга песна(пази ова попријателска песна) само уште некои да си одат. Е сеа знаеш ми вика зашто се знамината на пола.Па добро де ако не го поштуваш човекот зашто си ги померил знамината.Ми покажува само со прст(со правец кој седиштето на ДПА) се смее и ми вели затоа.Се поздравив и тргнав да платам ме допре и ми рече кај си тргнал му викам да платам а нее вика никако јас ќе платам.Кога станав да излезам до нас седеа некои луѓе (тројца беа на возраст од 45-50год) и го слушале цел разговор,кога поминав низ нивната маса само станаа и ме поздравија со насмевка .Ја уплашен што да ти причам.Излеговме од слаткарницата и отидов до неговата тезга.Го прашувам зашто ме поздравија кога не ме познаваат.Се насмеа и ми рече тоа било знак на благодарност од нивна страна што сум седнал во таа слаткара и дека едниот од нив бил сопственик на слаткарница,дека сум првиот Македонец кој влегол во слаткарата и дека му било чест:D

Забегав малце од темава ама морав да ви ја кажам случкава од денеска.И сеа нека види некој дали вреди овој човек да се поштува или не?
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951

Ок е за чуекот си посупил ептен коректно,ама ситуацијата у те, е далеку од розова.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Па и он самиот си призна дека нечини мислејќи од економски аспект,ама незнам што му значеше тоа дека има пофлексибилни луѓе во партииве.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Па и он самиот си призна дека нечини мислејќи од економски аспект,ама незнам што му значеше тоа дека има пофлексибилни луѓе во партииве.
Се е во ред со муабетот што ти го направил чичето во Тетово ама фактот е јасен: Се додека одговорните за 2001 не ја сносат одговорноста за гомнариите што ги направија ќе лебди немир во воздухот. Ни дипломатии ни муабети ни преговори ни компромиси ни ништо не помага мора гестови на добра волја да има а тоа е да има одговорност за хашките случаи па се до тепачки по автобуси. Амнестија, каква амнестија бе за терористи алооо дардании, принцови размислете малце и за правата на другите а не само за вашите права.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Македонци на плоштадот во Тетово се движат секојдневно и многу е мала веројатноста да си првиот Македонец што седнал во слаткарата (тоа е можно ако слаткарата била отворена дента). Арбен Џафери е македонски Албанец, роден во Тетово. Тоа дека 95% од Албанците биле против кревање бунт е филм. Зошто тогаш локалното население по албанските села им даваше закрила и помош на борците на УЧК? Зошто македонската полиција беше избркана од тие села од истото локално население? Зошто денес сите Албанци ја ценат улогата на УЧК? Македонската полиција не реагираше на собирот, туку учесниците на собирот ја нападнаа македонската полиција. Притоа УЧК беше одлично укотвена во повеќе села. Кај се тие 95% лојални Албанци да пријавеле дека со месеци во истите села се копаат ровови?

А тоа дека во партиите има млади луѓе кои сакаат да остане истава ситуација е многу логично за албанските партии. Бидејќи овој пат на кој се движиме води кон федерализација и отцепување. Ќе добијат и трета држава на Балканов без војна. Нема зошто да не го поддржуваат овој лицемерен соживот.
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
hmm i zosto nato gi podrzavase Albancite hmmm ???? da ne e vo prasanje nesto drugo a, od se sto se desi ovde kaj nas najlogicno nesto mi e daka zapadot od 1992 do 2001 si otvarase koridor za drogata odnosno davackite za transport se platija unapred mesto sega nekoj lokalen bos da im ja carini robata tie unapret ja platija carinata so toa sto od albanija do slovenija nigde ne ke treba da platat nisto sekako lesno e niz italija i normalno se se stacionira u svicarska koja e centar za se
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Незнам дали да сме смеам...место да не револтира тоа што неквалификуван кадар на големо се вработува во администрацијата само заради националност(што воедно од тоа ке имаме и идни административни проблеми),ние се потресуваме што еден министер одадол почит на оние кои ради нивни заслуги сега тој е министер...незнам дали нашинциве забегуваат,или слабо ни работи вагата па незнаеме да измериме за што е повредно да се крева паника...
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Македонци на плоштадот во Тетово се движат секојдневно и многу е мала веројатноста да си првиот Македонец што седнал во слаткарата (тоа е можно ако слаткарата била отворена дента). Арбен Џафери е македонски Албанец, роден во Тетово. аТоа дека 95% од Албанците биле против кревање бунт е филм. Зошто тогаш локалното население по албанските села им даваше закрила и помош на борците на УЧК? Зошто македонската полиција беше избркана од тие села од истото локално население? Зошто денес сите Албанци ја ценат улогата на УЧК? Македонската полиција не реагираше на собирот, туку учесниците на собирот ја нападнаа македонската полиција. Притоа УЧК беше одлично укотвена во повеќе сел. Кај се тие 95% лојални Албанци да пријавеле дека со месеци во истите села се копаат ровови?

А тоа дека во партиите има млади луѓе кои сакаат да остане истава ситуација е многу логично за албанските партии. Бидејќи овој пат на кој се движиме води кон федерализација и отцепување. Ќе добијат и трета држава на Балканов без војна. Нема зошто да не го поддржуваат овој лицемерен соживот.
Очигледно не си го прочитал цел пост па затоа прашуваш нешто за кое многу јасно даде одговор.Е сеа треба малце да читаш по целосно за го добиеш одговорот.
Прочитај па пиши дали го најде одговорот,ако не ќе одиме јас и ти на кафе и баклава и ќе ти кажам.:D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.992
Поени од реакции
83.366
Збори со други Албанци и ќе видиш дека многу моменти од твојата приказна врска немаат.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Очигледно не си го прочитал цел пост па затоа прашуваш нешто за кое многу јасно даде одговор.Е сеа треба малце да читаш по целосно за го добиеш одговорот.
Прочитај па пиши дали го најде одговорот,ако не ќе одиме јас и ти на кафе и баклава и ќе ти кажам.:D
Добар филм ти раскажале.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Уште не ли свативте дека браќата пред нас се прават абе ние соживот ние нејкеме војна , а во чајџилница се удираат во гради и само за војна и отцепување на З.МАкедонија зборат
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Уште не ли свативте дека браќата пред нас се прават абе ние соживот ние нејкеме војна , а во чајџилница се удираат во гради и само за војна и отцепување на З.МАкедонија зборат
Не можеш ти да знаеш подобро од мене што се зборува.

Најголем дел од албанците велат дека македонците не мразат нас повише , него што ние нив.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Не можеш ти да знаеш подобро од мене што се зборува.

Најголем дел од албанците велат дека македонците не мразат нас повише , него што ние нив.
Не е како да се нема добри причини за тоа.......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom