“Смрт за ФИРОМ“, “Призрен 1878“ испишани по згради и споменици во Гостивар
Илирида, Смрт за ФИРОМ, Призрен 1878, убиј го македонецот се само дел од навредливите и националистички паролите кои може да се забележат низ Гостивар.
Графитите се пишувани со црн и црвен спреј, а ги има на ѕидовите на спортската сала, катастарот, болницата, на неколку места во градскиот парк, алејата на народните херои и споменикот на паднатите борци.
Институции, јавни места и споменици во Гостивар деновиве се испишани со пароли со недолична национална содржина на албански и англиски јазик. Графитите се пишувани со црн и црвен спреј, а ги има на ѕидовите на спортската сала, катастарот, болницата, на неколку места во градскиот парк, алејата на народните херои и споменикот на паднатите борци.
Кој и зошто ги пишувал ваквите пароли се уште не е познато. Графитите се испишани во периодот од први до четври месецов на повеќе јавни места на потегот од Основниот суд до градскиот стадион од засега непознати лица, стои во официјалната информација на МВР.
Илирида, Смрт за ФИРОМ, Призрен 1878, убиј го македонецот се само дел од навредливите и националистички паролите кои може да се забележат низ Гостивар.
Споменикот на паднатите борци од НОВ беше прв на мета на вандалите и тоа токму ноќта на први август спроти големиот празник Илинден. Со осуда на сквернавењето реагираше гостиварската боречка организација потенцирајќи дека ваквите случаи се зачестени последниве години и тоа обично пред одбележување на значајни истириски датуми. Од локалната самоуправа побараа поголема грижа за заштита и зачувување на спомениците.