Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
http://www.redup.mk/site/out/133293-ushte-eden-pritvoren-za-terorizam-vo-„monstrum“

Ovie od mvr ne zaebaja site 30 dena pritovr a e osomnicen za cin terorisam? Pa kade go ima ova bre da mu se pluknam na cela drzavan insititucija mameto nivno
а тебе што не ти е јасно? додека си во притвор терба да се докажува дали си сторител на кривично дело или не си. замисли да ти рече тебе некој абе ти си ми осомничен за убиство ама ај нема да те носам у притвор.. во меѓувремено ти си дома и ако си навистина инволвиран у таков случај можеш да киднеш некаде надвор од државата да речеме....
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.088
http://www.redup.mk/site/out/133293-ushte-eden-pritvoren-za-terorizam-vo-„monstrum“

Ovie od mvr ne zaebaja site 30 dena pritovr a e osomnicen za cin terorisam? Pa kade go ima ova bre da mu se pluknam na cela drzavan insititucija mameto nivno
Информаците објавени во некои медиуми дека МВР привело уште едно лице осомничено за петкратното убиство кај Смиљковци ги демантираше лично министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
- Во последните 24 часа полицијата нема нови приведувања во врска со петкратното убиство кај Смиљковското езеро, ниту нови информации за двајцата осомничени за тероризам по кои е распишана меѓународна потерница, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Таа додаде дека судот во секој момент може да одлучи дел од постојните одлуки да ги преиначи, да преземе нови дејствија бидејќи во оваа фаза, подвлече, истрагата практично ја води истражниот судија.
МВР постапува по сите наредби доколку ги добие и стои целосно на располагање и на обвинителот и на истражниот судија.
- МВР е целосно отворено за се што може да биде потребно за целосно комплетирање на истрагата, колку што е можно побрзо започнување на судењето за тоа кога ќе дојде време, изјави Јанкулоска по денешната крводарителска акција во скопската касарна „Ѓорче Петров“ во рамки на одбележување на Денот на полицијата.
Во врска со најавите за нови протести в петок, министерката Јанкулоска информира дека МВР ја следи состојбата вклучително и социјалните мрежи и сите преписки и полемики кои таму се водат.
- Морам да кажам дека јазикот кој таму се користи е прилично недоличен, но тоа останува на совеста на оние кои го користат. Како надлежна институција ќе ги преземеме сите мерки за да се заштити владеењето на правото и правниот поредок во оваа држава. Доколку некој на кој било начин ги прекрши законите најостро ќе реагираме и ќе го санкционираме, рече Јанкулоска, додавајќи дека МВР до крај ќе опстои во определбата сторителите на овој грозоморен чин да одговараат за петкратното убиство.
Таа изрази уверување дека и судот нема да подлегне под никакви притисоци и обиди правдата да се дели на улица наместо во судница.
Одговарајќи на прашањето дали лицата учесници на одржаниот протест во врска со акцијата „Монструм“, кои дале изјави за медиумите дека се очевидци на настанот и имаат сознанија, ќе бидат повикани во полицијата, Јанкулоска децидна дека апсолутно никој од нив не пријавил никакви сознанија до полицијата и покрај апелите секој што на кој било начин може да и помогне на истрагата, 24 часа може да се јави на телефонската линија 199.
- Сакам да им порачам на оние кои можеби на овој начин сакаат да привлечат внимание, а немаат вистински информации, дека доколку имаат информации должни се да и ги дадат на полицијата. Не давањето информации за сторено кривично дело е прикривање на кривично дело што само по себе е казниво, предупреди Јанкулоска. Таа уште еднаш со порака дека МВР останува отворено за секој оној кој има каква било информација, нови докази, а со единствена цел сторителите на грозоморното убиство да одговараат за стореното.
На новинарско прашање дали полицијата има информации за постоење вооружени групи на Скопска Црна Гора, министерката Јанкулоска истакна дека се врши надзор на целокупната ситуација во Република Македонија. На целата територија имаме контрола над ситуацијата и, подвлече, не ги потценуваме ризиците.
- Не би сакале да се доведеме во ситуација да коментираме шпекулации или буквално секоја злонамерна или незлонамерна информација која ќе се појави во јавноста. Најважно од се е што безбедносните служби, пред се МВР постапува со целосна будност и ќе направиме се што е во наша надлежност да нема дополнителни провокации и ескалација на состојбите, односно граѓаните на Република Македонија да можат да продолжат да живеат спокојно без никакви нарушувања на нивното секојдневие, рече Јанкулоска.
Во однос на обвинувањата од СДСМ дека води политичка битка преку акцијата „Монструм“ и на барањето да се презентираат материјалните докази, Јанкулоска оцени дека СДСМ дури и на Денот на полицијата не може да се воздржи со омаловажување на работата на сите професионалци кои го жртвуваат секојдневно животот во најризичните акции кои ги изведува МВР.
- Нема да подлегнеме на никаков притисок. Ќе опстоиме до крај на нашата определба оние кои ги убија петте недолжни луѓе да одговараат и да добијат најстрога казна. Ниту ние, а верувам ниту судот ќе подлегне на нивните притисоци. Доказите се презентирани таму каде што треба, пред обвинителот, кој потоа ќе ги презентира пред судот. Нема да подлегнеме на нивните барања исто како што нема да подлегнеме на притисоците и барањата на поединци и други кои протестираат да водиме улична истрага и да ги презентираме доказите на улица, наместо во судница, е пораката на министерката Јанкулоска до СДСМ.
Добро е, нагласи таа, што граѓаните не го поддржуваат ваквиот начин на дејствување и досега покажаа висок степен на зрелост и трпение. Јанкулоска изрази уверување дека граѓаните на Република Македонија ќе опстојат на нивната определба да им се даде простор на институциите да донесат одлука врз основа на доказите и нема да подлегнат на повиците од опозицијата или од кој било друг кој повикува на протести против полицијата, против институциите и со тоа подгрева недоверба кон нив.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/uapsen-ushte-eden-osomnichen-za-petkratnoto-ubistvo
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
...
На новинарско прашање дали полицијата има информации за постоење вооружени групи на Скопска Црна Гора, министерката Јанкулоска истакна дека се врши надзор на целокупната ситуација во Република Македонија. На целата територија имаме контрола над ситуацијата и, подвлече, не ги потценуваме ризиците.
...
Значи не демантира дека има вооружени групи.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Па има вооружени групи,тоа се знае, но исто многу битно е дека тие се стационирани во места каде локалната власт е на ДПА.
 
Член од
25 април 2010
Мислења
91
Поени од реакции
107
Па има вооружени групи,тоа се знае, но исто многу битно е дека тие се стационирани во места каде локалната власт е на ДПА.
Нека се стационираат,не се ни свесни дека гробовите веќе си ги ископале.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Нека се стационираат,не се ни свесни дека гробовите веќе си ги ископале.
Не верувам во нов конфликт,ова е нивниот начин да се вратат на власт па не бираат ни средство ни начин.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Нека се стационираат,не се ни свесни дека гробовите веќе си ги ископале.
Дајте не навивајте за такви работи, жалосно е и тешко ми паѓа дека толку лесно се давате на провокации. И едните и другите. Без трошка одговорност си ги вадите очите а треба да се гледа како-така некако заедно да се живее.

Ако има нов конфликт, заборавете на визна либерализација и ЕУ. Штета. Пак наназад уште 20 години.

Комплетна демотивација ова. :(
 
Член од
25 април 2010
Мислења
91
Поени од реакции
107
Дајте не навивајте за такви работи, жалосно е и тешко ми паѓа дека толку лесно се давате на провокации. И едните и другите. Без трошка одговорност си ги вадите очите а треба да се гледа како-така некако заедно да се живее.

Ако има нов конфликт, заборавете на визна либерализација и ЕУ. Штета. Пак наназад уште 20 години.

Комплетна демотивација ова. :(
Toa не мора да значи дека ќе има војна.Ако се групираат паравоени формации во една држава кои сакаат да убиваат,уништуваат и сеат страв откако им се дадени сите можни права кои постојат никој повеќе нема да ги нарекува борци за човекови права,туку ке ги нарече со нивното вистинско име ТЕРОРИСТИ!
А со терористи се знае како се постапува.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Значи не демантира дека има вооружени групи.
Многу јасно дека не демантира. индиректно кажува дека е вистина. ја кај мене гледам од косовска граница према визбегово кружат хеликоптери.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Многу јасно дека не демантира. индиректно кажува дека е вистина. ја кај мене гледам од косовска граница према визбегово кружат хеликоптери.
:facepalm: Денес или вчера гледаш??
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom