Многу ми е полесно сега откако Мирка тоа го кажала, сеа се осеќам многу подобро, знам дека ако ме збрца некој утре, нема да биде дека ме нејќе и дека немам иднина со него овде во земјава, туку дека странска служба го натерала, нормална против негова воља.
Нешто да разберете и ти и Мирка и сите што глумите размислување во некои “пошироки смисли’’ , сфатете дека без средени внатрешни односи, без државен суверенитет на целата територија, ние ни можеме да напредуваме како држава, ни да се интегрираме во тие европатнански сојузи(кои се изговор број 1 за ова меѓу простаците од двете страни). Во овој момент таа Држава се Грујо и Гордана, од нив јас очекувам ред и безбедност, справување со странски служби, акции на ДПА или било која кооперациска теорија, ништо од овие понудени муабети не ги вади нив од одговорност за ова, па сто Мирки и Миленковци нека пењават по телевизија везден во нивни прилог.
Ние не може да сме Тунгузија, туку Тунгизија може да е Македонија.