Македонија-Тунис 16.01. (33-25 ГАЗЕЊЕ)

Како ќе заврши мечот Македонија-Тунис?


  • Вкупно гласачи
    107
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.684
VS


Време е за ракомет :icon_mrgr:
Деби мечот на ова светско првенство од кое Македонската јавност има големи очекувања е еден од клучните натпревари од кои ќе зависи нашиот пласман во понатамошниот тек на првенството.
Противникот истотака ќе атакува на високите позиции во групата, но иако не се вбројува во категоријата на фаворити во првенството, сепак треба да се внимава на нив, особено што имаат млад тим кој ќе има дополнителен мотив да се докаже пред останатите.
Во последниов период некако преголемо значење им се даде на Тунижаните и на форумов и по порталиве од земјава. При извлекувањето на групите, покрај од Хрватите, воглавно сите бевме исплашени од Австрија која игра се подобро и подобро, а многумина посакуваа да ја избегнеме и Босна и Херцеговина откако го елиминираа Исланд во баражот. Тунижаните како да беа ставани во ист аутсајдерски кош со Иранците, ама непосредно пред почетокот на првенството како да се сменија гледиштата на фановите.
После одличниот подготвителен период во кој покосија неколку силни репрезентации, Тунижаните почнаа да се вбројуваат и како кандидати за втрото место во групата, веднаш зад Хрватска.
Од друга страна ние немаме некои големи математики. Сакаме висок пласман, сакаме да се пласираме на ОИ, па во секој меч мораме да одиме на победа.
На хартија имаме подобар состав од Тунис. Нема да згрешам ако кажам дека досега не сме имале подобро покриен тим од сегашниов. Имаме по двајца добри играчи на секоја позиција, истите играчи играат заедно со години, имаа солиден подготвителен период, солиден тренер, па нема веќе простор за никакви оправдувања како што било во минатото.
Горе-доле се знае нашиот стартен состав, Манасков и Георгиевски крила, Наумче, Миркуловски и Кире стартни бекови, Борко на голот и Стојанче како пикер.
Доста често на подготвителните натпревари се пробуваа разни комбинации со Прибак, Фичо и Вугринец, па Недановски на крило, Никола Маркоски како пикер кој би играл и напред и назад итн.
Имаме многу повеќе играчи за ротација од минатото и се надевам дека овојпат ќе ротираме многу играчи и нема да се случува некои играчи да играат по 60 минути на секој меч и да испоцркаат до наредната фаза како што се случувало во минатото.
Тунижаните се предводени од пикерот од антиката, Теј (или Теж не знам точно како се чита :D), а секако лидер во нападот се очекува да им биде младиот Жалуз кој од Кил премина во Барселона сезонава и му е тимски колега на Кире.
Жалуз мене ми е играч од типот на Гребил што не наполни кога Вардар играше со Монпеље, ако му дозволиме да се рашутира 15 гола ќе ни стегне, ако го затвориме како што сме правеле со Јиха во минатото, во голема мерка ќе ја неутрализираме нивната игра. Тука е и Хмам кој е истотака голема опасност од бековска позиција, а имаат уште неколку играчи кои играат пред се во Француско првенство, како Буганми, Гарби, Шуриеф, Туми и Туати кои играат во тимови како Данкерк, Монпеље, Нант и Трембле.
Познати се по агресивната игра во одбрана, што може да биде голем проблем за нас. Многумина ги споредуваа со играта на Французите во одбрана, но сепак мислам дека малце претераа луѓево во споредбите :D
Мое очекување е дека Миркуловски и Прибак треба да одработат многу за да се направат добри позиции за бековите шутери. Очекувам и добра соработка со Столе на пикер и добра игра од Манасков на крило.
Имаме доста изработени акции во напад, разновидни сме и мислам дека тука нема да имаме многу проблеми.
Проблемот може да се јави во одбраната. Веќе е дискутирано дека има слаба комуникација меѓу Јоноски-Маркоски и голманите, па огромен проблем ни се шутевите од далеку. Ако изиграат они на ниво, лесен залак ќе бидат Тунис.

Се надевам дека ќе ги оправдаат очекувањата на јавност. Пораз против Тунис во голема мерка ќе ни ги помати плановите, додека победа во овој дуел уште толку ќе ни ги зголеми апетитите, па дури ќе може да кажеме дека сигурно ќе бидеме патници во наредна фаза. Се надевам само дека нема пак да лапаме дијазепами и дека нема да го имаме истото отварање како во Хрватска кога Тунижаните не плеснаа со еден разлика.
:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2012
Мислења
3.294
Поени од реакции
5.495
Па ако се земи индивидуално позиција по позиција, не би се согласил дека имаме подобри играчи по позиција од Тунис.
п.с. Утре ќе видиме :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.289
Hey, македонска ракометна репрезетнација, are you сунетџии во слободно време ?

Because што ги ебете ќе ги сечете.

ЗА МАКЕДОНИЈА !


:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.684
А се надевав дека темава ќе помине без клипов :ban::bance:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Најголемиот малер ја отворил темава, губиме сигурно.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.684
:kuracc:
Зошто би се надевал дека темава би поминала без амајлијата за сите спортски настани ?
Дека во последно време се што можеше изгубивме при постирањето на "амајлијава" :D

Негоооо, слушам на канал 5, стручна анализа за пласманот на Македонија ќе дадела САРА МЕЈС. Оу мај факинг гад...
Во најавата оди, дали Македонија ќе освои медал или ќе има неуспешно првенство. Дали имбецилите очекуваат дека се освен медал е неуспех? :icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.289
Дека во последно време се што можеше изгубивме при постирањето на "амајлијава" :D

Негоооо, слушам на канал 5, стручна анализа за пласманот на Македонија ќе дадела САРА МЕЈС. Оу мај факинг гад...
Во најавата оди, дали Македонија ќе освои медал или ќе има неуспешно првенство. Дали имбецилите очекуваат дека се освен медал е неуспех? :icon_mrgr:
Па да бидеме реални треба малце да се узобилиме и да идеме со таков мајндсет..доста беше со "Па шо знам..ако тепаме нешто..ок ако не битно сме таму шо знам.."

Ма да..1/4 финале е целта.пораз во 1/4 финале и пласман во топ 6 би било успех..ама па и зошто да се задоволуваме со малце :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Апсолутно се согласувам дека на хартија појак состав никогаш сме немале. Ама хартијата не игра на терен, па ќе видиме како ќе оди. Она што мене најмногу ми се допаѓа е што од 16мината само 3ца се играчи во еден правец (браќата Лазарови и Наумче), сите други може да играат во два правци и се надевам дека тоа ќе значи минимизирање на бројот на голови од контра кои ги примаме додека вршиме измени. Особено е тоа важно против двата главни конкуренти сега Тунис, а подоцна и Австрија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.684
@daveeba ака Снеуи, ако ти се дискутира на темата слободно дискутирај, во спортивно ако си дојден одново да провоцираш, ќе леташ за две секунди. Не планирам цел ден да го губам во бришење на твоите дебилски мислења.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
3
Поени од реакции
4
@daveeba ака Снеуи, ако ти се дискутира на темата слободно дискутирај, во спортивно ако си дојден одново да провоцираш, ќе леташ за две секунди. Не планирам цел ден да го губам во бришење на твоите дебилски мислења.
Можеш за кур да ми се фатиш :pusigo:ќе постирам што сакам каде сакам и кога сакам
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Каков Тунис. Очекувам дека ние ќе победиме. Само се надевам дека нашите нема да зезнат работа во последна минута, како што често знаат да направат.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
Очекувам тешка победа ма сепак не се сомневам во неа.Можеби некои 2-3 разлика ќе биде,колку и да се груби мислам дека и судиите нема да дозволат таква игра без исклучување.
Сепак нашите се поискусни,па сите веќе 2 сезони играат(освен Борко и Злате) во ЛШ а нивните повеќето во просечни француски тимови
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom