Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Колумна: Септемвриско лудило


Ваква слава немаме доживеано во ниеден сегмент од живеењето. 20 години народ жеден за признание, за успех, за среќа... Овие три недели на кошаркарско лудило не’ вратија во живот. Величенствените, на моменти епски битки на македонските кошаркари направија секојдневните проблеми да ни изгледаат помали, неважни, минорни. Па дали некој спомна ВМРО, СДСМ... сплотена нација како никогаш досега. Најпродаван "артикал" убедливо – македонското ЗНАМЕ. Ако Бо, Војдан, Перо, Влатко и останатите решат во овој момент да основаат политичка партија, ќе добијат 90% од гласовите. Ама влада би била!?

Масовноста во прославувањето почна после победата против Грција. Ги појадовме начисто. Транс. Оттука, осмина – финале, четврт – финале, инстант легендарна тројка на Илиевски...полуфинале, ееј полуфинале!!! Медал на дофат. За малку. Штета.

Многу занимливи ми беа и странските коментатори кои буквално навиваа за нас како да се нивни репрезентации во прашање. "Најпозитивна сензација на првенството" – изјави за Македонија Франк Бушман од Спорт 1, Германија. Медиумите од Хрватска со неверојатни епитети за нашите "воини". Од останатите бивши републики сепак се чуствуваше мала завист. Ако.

Шпанија ја понижи Франција во финалето. Наваровци и Гасоловци излегоа од игра 2-3 минути пред крај да слават на клупа. Нас никој, ама баш никој не не’ понижи. Игравме како лавови. А со лавови нема зезање. Игравме како да ќе нема утре.

Сите предрасуди и стереотипи за малото "македонче" испарија на ЕП во Литванија. Наместо малодушност – верба во себе, наместо предвреме предавање – борба до крај. Сите како браќа, нема расправање на терен. Дисциплина, дисциплина, дисциплина. Какви македончиња, овие беа МАКЕДОНЧИШТА. Во секое време знаеја што сакаат на паркетот. "Од сите репрезентации, само Македонија во сите натпревари го одигра она што го договориле претходно" (Божидар Маљковиќ, селектор на Словенија).

Дечки фала ви на се’. На вратените насмевки на нашите лица и на радоста. На вратеното достоинство. Господ да Ве чува. Се гледаме на Олимпијада.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!


Спаско Костоски
екс-спортски коментатор​


19.09.2011 00:06​

Прочитана е : 1083 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Aбе ајде.
Да не треба да викнеме некој евроамбасадор и да ни пишува навивачки песни. Патем индиректно го нарече македонскиот народ глупав. Секоја ти чест!
Кој сака нека пишува навивачки песни, баш тоа ќе ме секира. И секој народ е глупав - воопшто не ми е проблем да го кажам тоа - поединци се паметни.
 
A

Auditore

Гостин
Одигравме лавовски до последен момент како во тек на целиот турнир, но тоа е тоа, кратката клупа и измореноста на играчите и секако отуството на Гечевски си го направи своето.
Но Македонија докажа дека е голема земја и шампион во игра со срца тоа ќе го докажеме пак и на следното првенство, после оваа генерација секој ќе се труди да го достигне нивниот зенит, верувајте идеме на прав пат.
МАКЕДОНИЈА !
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Уште едно шо ме радува е тоа што после секоја утакмица во соблекувалните ечеше: "Излези момче право на тераса" и "Едно име имаме" :cuc:
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

незнам дали некој го има постирано тука или во некоја друга тема. Ако го има, се извинувам :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.886
Кој сака нека пишува навивачки песни, баш тоа ќе ме секира. И секој народ е глупав - воопшто не ми е проблем да го кажам тоа - поединци се паметни.
Ако не те секира, што тогаш се најде да прокоментираш нешто на некоја искубана кокошка која у вакви моменти на сплотеност и единство на Македонскиот народ пробува да фрли дамка. Иако рака на срце, читајќите и претходно по форумов не ме чуди да ти го браниш тој нејзин т.н. став.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Докузовски: Не ни треба нас медал, вие сте нашиот медал :cuc:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Ако не те секира, што тогаш се најде да прокоментираш нешто на некоја искубана кокошка која у вакви моменти на сплотеност и единство на Македонскиот народ пробува да фрли дамка. Иако рака на срце, читајќите и претходно по форумов не ме чуди да ти го браниш тој нејзин т.н. став.
Дечко, ти имаш проблем да поврзеш една работа со друга. Ај, во троскок од мене...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom