Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
копелиња судиски, гроб да немате дека да ве закопат, а домениканските лајна ако воопшто се пласират на олимпијада, да даде господ со американците да се паднат, па да им расцветат газенцето
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Бо постигна 35 коша. Другите не заслужија да одат во Лондон. Не денес можеби да беше друг денот во некој друг меч како и да е колективно не заслуживме. Лондон останува црна дамка во спортската историја наша која ионака е кратка.
Да бе, сам ги постигна 35 поени без ничива помош :tapp:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
ај еден полу-ладен пост...

Значи пи*ка му материна, се ни се собра !!!

Најпрво судиите, да, мора да се спомнат оти тој од канада копиљот не утепа тој период. Им го симан притисокот што тогаш го имаа Доминиканците, и ни го префрли нам. Полошо од тоа за психички лабилен менталитет ко македонскиот НЕМА !!!

Да измрзнеш у тоа Канадата мамицата твоја !!! :mad: Ете така. :pipi:

Ова со судииве го спомнав прво, оти тоа беше клучниот дел, пресвртот. Не уништија што не уништија, но ние НЕМАВМЕ тренер кој ќе ја смири играта, ќе уфрли џокер, ќе смени нешто у одбраната.

Лазовски имаше одлична почетна тактика, но само толку. Само таа една тактика. И таа беше игра со две остирици. Зошто !? Затоа што игравме ракометна формација, одредени играчи само одбрана, одредени само напад!

Перо беше насочен целосно кон одбрана! И тој ОДЛИЧНО си ја заврши работата! Не се брукајте со коментарите дека играл слабо! Го остави Хорфорд на НУЛА поени! Али го утепаа личните, го утепаа!

И од кога почна да ни се руши концепцијата, се сруши и тоа што најмалку требаше, скоковите! Повторно почнавме по старо !!!

Пази, Доминикана офанзивни скокови 20, Македонија вкупно скокови 29 !!! Шта речи !?

Самарџиски цар, ЦАР !!! Момчето конечно пораснало, конечно е маж од два и кусур метри !!! :cuc:

Ама Гече и Чековски толку можат бе! Гечевски пак само еден скок, но нема многу да го кривам оти толку може. Толку може и Чековски со својата висина и тежина!

Кога веќе Перо беше осакатен со личните, и со негово излегување од игра губевме ЦЕЛОСНО на скоковите, МОРАШЕ да го уфрли Николовски! Мораше зошто виде дека со Гец и Станко неможеме да им се спротиставиме, и дека Самарџиски неможе да има 30 скока сам, против Хорфорд и Мартинез !!!

Друго, близнаците. И тие како Перо целосно посветени на одбрана !!! И ова мислам дека е вина на Лазовски и негови инструкции. Па неможе бе двајцата да имаат само ЧЕТИРИ упатени удари. Четири ејјј !!! Тоа е ко у напад да игравме само со 4 играчи а не со 5. Игравме без крило цело време !!!

Селекторот на Доминикана не пие нафта, не за џабе е у Кентаки. Увиде на полувремето кај чкрипи, смени, до душа доби јака помош и од судиите ама ја среди играта и направи пресврт! Му се поклопија и нему картите, иако скокаше како мајмунче у прво полувреме! Пола среќа пола знаење, тоа е!

Е сега, нејќам Докузовски да испадне светец после сево ова, оти и он испадна пич*а и избега, изгледа се уплаши од предизвикот и од вакво сценарио. Епа води го Лукоил шо да ти речам и тебе.

Штета, штета, ваква шанса наскоро тешко дека ќе имаме... толку блиску а толку далеку, по којзнае кој пат истата реченица важи за нас!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.054
Поени од реакции
84.642
Направете ја сликава во поголема верзија.
Испринтајте си ја.
Играјте пикадо со неа.



(судијата ин цасе сомеоне доеснт кноњ њхо ис тхис мотхерфуцкер)
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.278
Поени од реакции
10.435
Добро бе.....бидете горди на успехот од пред година дена и на ова гледајте како на успех каков таков. Не мора ни на европското во Словенија да одиме. Битно бевме 4ти лани па сега нема потреба ни да играме. Ќе си пуштаме снимки од минатото европско и ќе си се радуваме на успехот. Воопшто нема потреба да одиме напред и да направиме уште некој чекор во и онака нашата сиромашна спортска историја. Се е добро се е совршено. Сеуште сме моќни, сеуште сме убави, Лазовски е одличен селектор, имаме победнички менталитет итн итн.
Па дали се некои овде од вас нормални?! Европското првенство е во историјата и ќе биди се подалеку со секој изминат ден. Завршено е со тоа.....Готово!!!! Сега треба да се оди напред бе! Како да не критикуваме и да не се нервираме? Штотуку пропуштивме шанса за Олимписки Игри! Мора да има одговорни за ова и мора да летаат глави. Не можи заради едно ебано 4то место да летаме уште во облаци да се курчиме насекаде. Мора да се прави континуитет на настапи на големи натпреварувања и успеси на истите. Нека пробаат да го вратат Марин. Некој како Дуда Ивкович е веќе невозможна варијанта
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
На ЕП 2013 без Владо, Гечевски а можеби и без Бо. Само еден играч добивме тоа е Кире штета што немаше шанса освен онаа пола минута со НЗ.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.355
Поени од реакции
42.235
Нема да се спуштам доле ниско да плукам све по список, а и момциве без оглед на овој, слободно можам да кажам, дебакл, не заслужуваат грд третман ...
Нејсе, Лазовски е ограничен тренер, лимитиран, капацитетот му е тој, Марин беше човекот кој ја имаше добитната формула за оваа репрезентација, толку, збориме за тренери од Македонија, Лазовски ја доби довербата, беше тука уз Марин па ете, одговорил потврдно но од тренерски аспект грешката треба да ја бараме кај оние кои го поставиле за тренер и со тоа донесоа апла погрешна одлука и имаа апла погрешна проценка бидејќи оваа земја е 4та во ЕВРОПА по последниот евро самит, не е за било кој тренер повеќе, па ајде, ќе експериментираме ние ...
Ама тоа ти е кога сељак ќе се осоколи у град и ќе се понаша ко градска фаца, од КФМ после ЕП се понашаат ко Господ за муда да го фатиле и перат мозок на проста раја која не прати многу мак баскет и мислат дека овие конечно ја оправиле земјава на кошаркарски план ... е курац ја оправиле, само штета што сега патиме токму поради нив и штета што мал дел од народов е свесен у какви раце со години е нашиов баскет.

На последното ЕП 2 клучни фактори не однесоа таму каде што бевме, Марин и неговата одбрана, и пред Се Бо, без него ќе бевме само класичен декор и ништо повеќе, нит едниот нит другиот ниту па оваа кошаркарска генерација е некаков плод на работата на структурите од КФМ, а у никој случај нит успехот од Литварнија.

Разликата денес ја направија селекторите на двете земји, Калипари и Дел Харис од една страна, првиов со НБА искуство предводејќи ги НЕТС а сега тренер на Кентаки универзитетот кои парче направија лани а такоџе парче направија и на НБА драфтот, вториов 20 години тренер во НБА, Лејкерс 5 години, а претходно Милвоки и Хјустон ги предводеше, со последниве и до финале стигна, а потоа 6-7 години асистент и во Далас, разлика ферари и фиќо во тој поглед беа и тоа беше одлучувачки фактор, инаку подобри бевме од нив ама парчето хартија не е тоа што одлучува на теренот и тоа е тоа.Абе Србиновски е главен асистент луѓе, свесни ли сте што значи тоа ? Свесни ли сте каков тренер е он ? Треба да си будала него за главен асистент да го ставиш и да дели совети еј, абе Србо ли бе ? Тоа му доаѓа ко Чековски на Новицки да му дели совети како да игра ... бувкално.

Треба да се почнат преговори со врвен стратег од страна, проверено име, го заслужува оваа генерација тоа, пред Се Бо, нешто што требаше да се направи веднаш по Марин, а не овие незналициве прости од КФМ да се понашаат ко нивна да е земјава па да тераат со Лазовски и да одат на муабетот, тимот што победува, не се менува, абе од кај к*р сте вие кадарни за ваква работа бе, имаат среќа што на ЕП изборија феноменален пласман инаку после истото веќе имаше најави дека некои работи ќе се извадат на површина ама ете, се батали тоа ради успехот на тоа првенство кое им дојде ко џокер од покер на овие незналициве од горе.

Ах бе, ама сум разочаран, каква шанса прокоцкавме ау, штета. :place:, слично ко и ракоментарите, кога у ферари ставаш собраќаец. (n)
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Македонциве им понудиле на грциве да си идат заедно до европа,ама овие одбиле зошто се исплашиле дека кога сме многу нервозни ќе ги ебеме.
 
А

Анноун

Гостин
Уште на првиот пренос кога игравме со Ангола , Игорче го прашува Тодоров за мислење , и овој првите зборови му беа
"Секако , тоа што го немаме Марин на клупа е голем минус" ...:facepalm:
И се ми стана јасно .
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.256
Поени од реакции
5.041
Кој високо лета - ниско паѓа !!! :tapp:
Тоа се случи денес, првата четвртина ја изигравме ФЕНОМЕНАЛНО и заминавме со предност од +13 каде нашите момци мислеа дека е се завршено за само 10мин, како да забораја дека се играат уште 30мин.
Втората четвртина така-така изигравме добро и на полувреме се замина со +13, а исто така да напоменам дека во 2/4 во еден момент имавме и предност од +20 Ејјј +20 (37:17) и не стигана и ни ја свртија на крај :( :mad:

Второто полувреме како да излегоја други играчи на паркетот, не отепаја во 2 полувреме :eek: остнатите 2 четвртини ни ги зедоја со огромна разлика, 3/4 +11 во нивна корист и 4/4 со +12 за пресврт...

Порака до судијата: ДЕЦАТА ДА НЕ СИ ГИ ВИДИ ПОЌЕ !!! :mad::mad:
Па не отепа мамето негово :mad: 4 фаула без врска свирна (сите 4 ги свирна фаул во напад) 2 пати за Антиќ, еднаш Мекејлеб и еднаш Чековски. Првио пат туркаше Антиќ и оправдано суди фал во напад ама остнатите 3 фаула незнам од кај ги извади :eek: Во дуелот со Мекејлеб немаше никаков фаул, ама тогаш го изнервираја БО и му го турна кошот со забивањето :cuc::cuc::cuc:
А за фаулот на Чековски, ако веќе судеше фал тоа требаше да биди фал во напад од нив, затоа што Чековски цврсто седи со 2 нозе овај се мава во него...
Многу грешки на судиите, падна и концентрација и се после кај нашите, не стигнаја за 2-3мин.

Онај па Гомез кај нив како зареди 3 тројки во низа да му се исуши раката :mad: најдобар кај нив дефинитивно на мечот, тој ја реши утакмицата со 28 коша.

Кај нас БО МАЈСТОРЕ :cuc::cuc::cuc: Секоја чест за забивањето, ми се исполни душата :cuc: Какви влезој само направи СЕКОЈА ЧЕСТ (y)
Исто и Илиевски беше добар неколку тројки во серија, Самарџиски повторно одличен меч (y) Каков Ритас каква Литванија, бегај од таму момче ти заслужуваш во поголем клуб ;)
Денес потфрлија Антиќ :eek: 12 минути на паркет 1 поен и 3 скока и 4 фаула ЕПА СЕКОЈА ЧЕСТ :tapp:
Гечевски - имам огромен РЕСПЕКТ кон овој играч, но по играта како да не е тој Гечевски шо беше во Литванија. Ептен слабо изигра во Венецуела, дали клубот е во прашање или нешто други незнам, сепак и годините се во прашање ама огроман пад има во играта кај него. Дури да прими топка, па да се сврти ехаааа се раздене...
Исто и Војдан славо денес, Чековски добар беше за во одбрана...


Многу ми е криво шо оваа генерација заслужи да игра на Олимпијада !!!
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Ракометариве ептен курташак си играа,заминаа стокхолм подполно прочитани без некоја тактика а и во одбрана една здрава анализа немаа направено над противнициве
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонциве им понудиле на грциве да си идат заедно до европа,ама овие одбиле зошто се исплашиле дека кога сме многу нервозни ќе ги ебеме.
ЈАс пак викам дека се исплашиле кога сме нервозни дека нема да ги Е...е
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.234
Поени од реакции
29.136
Нека не се опуштаат да не ни се случи исто како со Јужниве, јако до крај момци ајдееее :vozbud:
Шо не читате кајгана убаво ви кажав.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
На ЕП 2013 без Владо, Гечевски а можеби и без Бо. Само еден играч добивме тоа е Кире штета што немаше шанса освен онаа пола минута со НЗ.
Каков Николовски бе не трескај... како може човекот да напредува кога не му се дава шанса во репрезентацијата. Преку нејзе би дошол до појак тим. Гледајќи ги пријателските со литванија и русија можам да заклучам дека веќе назадил во однос на минатата година играјќи во нашата аматерска лига.
Не доби шанса за турнирот, значи не доби шанса за промоција и мои очекувања се дека ќе продолжи да назадува во кариерата. Многу малку надеж имам во него, заради заб не играше во литванија, а сигурен сум дека веќе ќе беше во поголем тим, а сега не доби шанса ни да се покаже...
Единствена светла точка за понатаму ни се Пеѓа, близнаците и до некаде Костовски...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom