Г
ГОЦ-К.О
Гостин
Михаил Илиевски е Американец од Битола чие богатство е проценето на 2,6 милијарди долари
Мајкл Илич е Американец од Битола чие богатство е проценето на 2,6 милијарди долари
На 212 место на листата на „Форбс“ на најмоќни луѓе во светот, се најде Мајк Илич, Американец со македонско потекло. На списокот најбогати американци, Илич е на 181 место, а на листата на најбогати луѓе во светот тој ја има 521 позиција. Илич е претставник на првата генерација Македонци родени во САД. Сопственик е на најголемата бизнис-империја во сојузната држава Мичиген. Во неговата компанија се вработени повеќе од 25.000 луѓе, а добар дел, односно 6.000 лица се македонски иселеници. Сопственик е на хокеј-клубот „Детроит Ред Вингс“, на безбол-тимот „Детроит Тајгрс“ и поседува 15 отсто од НБА-тимот „Детроит Пистонс“. Негов препознатлив бренд е „Литл Цезар'с пица“, синџир ресторани за брза храна што ги има околу 4.000 низ светот. Сепак, врвот е неговата сопственост на надалеку познатиот „Фокс театар“ во Детроит. Богатството на Илич е проценето на 2,6 милијарди долари.
Овој американски мултимилјардер кој живее и работи во САД, е роден како Михаил Илиевски во 1929 година во Детроит. Неговото оригинално презиме било променето од Илиев или Илиевски, во Илич, за време на поделбата на Македонија и српската окупација на Вардарска Македонија, каде што се наоѓала и Битола.
Мајкл Илич го започнал бизнисот во Детроит продавајќи пица, а потоа отворил сопствена продавница која преминала во успешна компанија, наречена „Литл Цезар’с Пица“, која е денеска позната низ САД и Канада.
Илич ја видел својата можност да се вклучи и во спортот кога му бил понуден фантастичен договор за добивање на НХЛ франшизата за „Детроит Ред Вингс“. Потоа повторно му е понудена шанса да ја купи безбол асоцијацијата „Детроит Тајгерс“. За неколку години тој ги сврте двете франшизи во профитабилни и во многу популарни организации кога „Детроит Ред Вингс“ го освоија „Стенли Купот“ во сезоните во 1996 – 97 и 1997 – 98 година.
http://www.24online.mk/938270/indexed.html