Мака ми е!

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Мака ми е шо сонцето мораше да ми замине дома, и шо не ми остана на гости до вечер...Мака ми е шо не можат да се средат некои работи меѓу нас, колку и да чувствуваме дека се сакаме...Мака ми е што за таквото расчистување кочници се многу влијателни луѓе околу нас...Мака ми е што немам храброст и начин да го прекинам сето тоа...Што не можам да си се смирам во срцево, да си продолжам со животов и со неа во него...Мака ми е што сум сам во моментов, а не сакам да видам никој друг...Мака ми е што едноставно ни сам не се разбирам, што осеќам некоја глупа пасивност, непродуктивност, празнина...Мака ми е што сеуште се надевам дека сето тоа ќе ми помине, а знам дека нема!
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Мака ми е од онаа мувана! Да да мува! (зашто само јаде г***а)

Ама ако, сто пати сум рекла,ќе речам пак:
Тркалото се врти душо!
Све се враќа све се плаќа!
Сама си го бараш и ќе си го добиеш!
Дебело ќе ти наплатим/о!
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Мака ми е упорно да исправам криви дрини...нема лек.
Мака ми е што се повеќе се чувствувам како Дон Кихот....ебате ветерниците...а немам ни свој Санчо Панса.
Сам против сите и против се.
Against all odds.
Мака ми е што не можам да променам нешто.
Ама жими се ќе издржам.....и ќе победам!
Утре ќе биде интересно...уште од сабајле...​
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Постојам само кога знам дека моето трошење кислород не е наменето за шака луѓе.
Не знам да бидам добра пријателка, љубовница, девојка, сестра, ќерка. Не сакам да се дадам на двајца, тројца луѓе и да го затворам таму мојот микро космос.
Но, затоа умеам да да бидам роб на идејата и духот на група луѓе, на еден народ, на цел свет. Тоа и го сакам. Нешто кое ги преминува границите на моето постоење.

Веројатно, баш затоа и го немам. Затоа што го сакам. А, можеби и затоа што го носам товарот на перцепција на маните, игрите зад завесите, слабите точки, се она што треба да остане некаде зад кулисите. Таквите мои очи прават да, од ден на ден, губам богови меѓу луѓето.

Толку очајно ми треба близнак сонувач. Некој со кој ќе заборавам на потребата да јадам и спијам додека го моделираме, со зборови и дела, она нешто поголемо од нас самите. Некој кој ќе ми покаже дека умее да биде повеќе од своето јас и потребата да го направи ЈАС задоволен. Некој кој има потреба да го направи светот задоволен(макар само во мислите).

Ми требаат детски очи. Овие моиве виделе и гледаат нешта од луѓето кои не се за гледање. А, детските умеат, со неверојатна тврдоглавост, да ги гледаат само убавите. Е, таков поглед сакам.

Сакам и да не бев приморана телово да го плаќа данокот од злоупотреба на пороци. Затоа што, очигледно, дервишките игли на наркотикот, на алкохолот, на се она за заборав, повеќе не влегуваат и излегуваат безболно од месово. Сега, местото на нивните убоди, ме боли и крвари.

Мака ми е што и меѓу топла сум сама.
Мака ми е што мојот сон нема огледало во нечиј друг.
Мака ми е што низ глава упорно ми одекнуваат стиховите на ЕКВ: "kao da je dosadno i suvishe da znam...
Мака ми е од автоимуни болести.

Мака ми е, доста ми е, страв ми е
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
УПМ мака ми е што секое утро мора да станувам во 08:00h
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
...
Толку очајно ми треба близнак сонувач. Некој со кој ќе заборавам на потребата да јадам и спијам додека го моделираме, со зборови и дела, она нешто поголемо од нас самите. Некој кој ќе ми покаже дека умее да биде повеќе од своето јас и потребата да го направи ЈАС задоволен. Некој кој има потреба да го направи светот задоволен(макар само во мислите).
...
Го чувствувам истото, мислам не би можела да го напишам поубаво. Мака ми е зошто не знам дали воопшто постои тој мој близнак.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Криво ми е што некои луѓе никако не можат да се самоубијат иако само се жалат.Не е некоја лична мака, ама потресно е како се трошат средства за расипници во години на поскапување на храна, нафта, години на светска пренаселеност.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
А денес мака ми е што не отидов на едно место да испратам една персона нон грата на патешествие ама ае ќе се врати па ќе види :pos:


[Едитирано од модератор]: Тргнат цитат од избришан пост.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Мака ми е шо отидов на Трогир, а не останав да се видам со една личност :raz:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Мака ми е мнооогу,сакам да сум пак старата јас,да не ми е гајле за ништо,да бидам рамнодушна,не сакам да сум заљубена,најглупаво нешто е,сега сфатив како им било на другите што им се смеев до пред некоја недела.
Леле ова не сум јас,никад не ми било гајле за љубов,увек ми било само забава,никад не сум се заљубила,зошто баш сега и зошто баш у него?Како можев да дозволам да се затрескам до толку леле,па јас бев таа што ги зафркаваше заљубените,што им се смееше кој се нервираат,а сега сум една од нив,леле,сега сфаќам колку им било тешко,ама се се враќа,малку ми е...
Аууу зошто јас?:place:
 
С

Сатори

Гостин
Кога подобро ќе размислам ... за ништо не ми е мака, природната фрустрација ја исфрлам на еколошки нештетен начин и + успевам да ги добијам неопходните средства за егзистенција уништувајќи туѓи нерви, како да ми биде мака?

Животот е просто убав кога знаеме да ги калкулираме парите и туѓото време за да ни одговара на нашиот его-трип.

Прекрасно.:plet:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мака ми е од љубовта и од тоа идиотско чувство кое само на моментет те внесува во светот на бајките а потоа те фрла во бездната на пеколот. Мака ми е што не сум доволно паметна да успеам да ги исконтролирам чувствата и да останам ладнокрвна и кон некоја особа. Мака ми е што таа некоја особа е единствената особа која што ја сакам во животот мој и што сепак не е со мене.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Мака ми е што полека се ми излегува од контрола, не се трпам така.
 
С

Сатори

Гостин
Не плаќам за ничии грешки, па ако треба и нека ве закопаат и не мислам метафорички.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мака ми е од љубовта.
Мака ми е од испитна сесија.
Мака ми е од математикава.
Мака ми е од вруќинава.
Мака ми е од животов.

Ах, тешко е да се биде јас...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom