Леле сега видов
Се приближува типот и јас интензивно зјапам зашто стварно беше привлечна појава! Средени суканици, хип дуксерка, навидум добри панталони и....хулахопки! Леле НЕ! Го извади целокупниот стајлинг на урбан, уличен дечко и старките кои совршено одговараа со дуксерот ама зошто бе хулахопки во Калифорнија на 25 степени навечер?
Ебате трендот! Црни беа, обични и морам да признаам дека не изгледаа грозно ама не беа ниту пријатни за око!
Не за хулахопките како трендовски детаљ! Тоа под фармерки шо носите на -10 е друга приказна, ама ваму ми сурфал денес на 30 степени и сеа опнал хулахопка!
Абе ајде! Жртва на трендот..душиче! А сладок беше, таман ќе му викав хау ју дуин со македонски шмек и ме запрепасти хулахопката!
НЕ!