1. Чекаше ред за леб кој си го резервираше ден однапред, посебна салама ти беше луксуз.
2. Летување во лимен авто камп на бетонска плажа на 40 степени во Охрид.
3. За добри оценки награда се добивало работна акција да копаш автопат ко роб.
4. Војска од две години 23 месеца ги помина во метење на писта, а гаѓање дали си имал месец дена.
5. 40% од народод живееше во села кои немаа асфалтен пат, немаа водовод и канализација. Овие добија основни услови за живот во самостојна Македонија
6. Здравството не е мрднато во квалитет од времето на Југославија, а сега не ти чини?
Да ви се серам на младоста!
1. Три вида леб: вчерашен, црн, бел. Паштета, салама, путер, увозно Тоблероне- ај да речеш тоа беше луксуз. Ама за свежо месо, генетски немодифицирано, нешибано со триста лекови, свежо заклано, домашна сорта- тоа не беше луксуз, тоа што сега во времето на твојата младост на која никој не смее да ти се посере оти е говор на омраза се вика органска, природна, здрава храна од локално потекло и се цени највисоко... е тоа беше нормална исхрана секој викенд на село на коливо.
2. Најчесто беше екскурзија до локалната брана. Градиште, Отешево итн., барем за мене оти сум од сиромашка фамилија беше прескапо. Но кога се одеше на одмор се одеше и до Цавтат, Будва и други работнички одморалишта и тоа воопшто не беше нешто необично или манифестација на длабок џеп, едноставно ти беше тебе редот.
Ја сега отиди на одмор на Цавтат или Хвар без буџет од петсто евриња на ден.
3. За добри оценки се добиваа книги. И луѓето беа писмени. Школскиот систем произведуваше образовани луѓе. За разлика од денес. Не дај Боже да снема струја и батериите на мобилниот и на таблетот да им цркнат. Криза! Драма! Без пристап до социјалните мрежи и бош муабети по цел ден па да биде приморан денешниот младинец да отвара таму некаква си книга- каков е тоа ден!
За извонредни оценки се одеше на одмор на море. На места на кои сега да идеш треба да си заложиш куќа за да си дозволиш 10 дена таму. На работни акции се одеше доброволно и младината првин се дружеше па потоа работеше.
За докажани млади таленти кои стануваа инженери, доктори, научници, им следеа бесплатни станови на крајот од нивните студии, сигурно вработување на високо платени работни места, бесплатно сместување за време на студирањето и бесплатни студии. Бесплатни студии за сите.
Ја сега стегни се да студираш а не живееш во Скопје.
4. За служењето на воен рок, спореди ја здравствената состојба на тогашната младина што беше обврзана да оди војска и на сегашната, што не иде војска. Хронична анксиозност? Аутизам? Синдром на повеќе полови? Епидемија на млади шеќераши? Обеситост? Каде тоа, во СФРЈ?! Како молам?!
А за ракување со огнено оружје, зарем треба да објаснувам: сегашните љубители на огнено оружје можат само да сонуваат за пристап до оружје од квалитет и калибар што ЈНА му го даваше
секому на кого му дошол редот да биде војник. Како се ракува со огнено оружје знаеја сите и сите беа свесни како тоа може лесно да се претвори во заебана ситуација- од безбедносна точка предност во случај на инвазија од туѓа земја, сѐ што треба е да го отвориш арсеналот на Територијалната Одбрана и да им поделиш оржје и муниција на мобилизираните резервисти, не мора еден ден обука со оружје да имаат, сите знаат како да го користат. Оваа твојава (де)генерација мокри гаќи при допир на пушкомитралезот М-53 од 7.9 мм. За време СФРЈ со него се минеа гаѓања и гаѓања и на кој му беше мерак за оружје тој мерак му минеше. За време на воениот рок се склопуваа другарства што траеја цел живот, претходно младинци што не се ни виделе.
Ја овие мифкициве од твојта генерација да склопат некакво другарство...
5. Живот во југословенското село наспроти живот во денешното село на независната ни држава: во денешните села нема живот, денешните села се празни! Југо селата што имале 500- 1000 души со трагедија од пристапен пат, денес со асфалтирани патишта и интернет пристап имаат 0 души. Нула. Македонија е сѐ поголем увозник на храна а плодна земја на која се раѓа сѐ што ќе се посее- па како нема да биде, овие
мифка генерации не можеш од телефон да ги тргнеш а па камоли на поле да ги водиш да го работат.
6. А ова денешното здравство напредно, до толку што нема кој да те прегледа оти сите доктори и мед. сестри заминаа за Дојчланд. За да дојдеш до болница треба да го шпарташ опседнато и блокирано Скопје. Болниците низ внатрешноста се затвораат оти нема доволно доктори и сестри. Со тоа ли здравство да го споредам југословенското?
Од тебе измет врз мојата младост е комплимент- од генерација што не знае за друго освен за интелектуален, морален и здравствен гнилеж секоја критика е комплимент.