Маде ин Југославија

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Борово порано беше Бата. После национализација ваљда само името го смени, али не и фонтот на буквите од логото. Понекаде продавниците на Борово сеуште ги викаа Бата.
(Бата е прастар бренд)

Astra коа ја изгуби лиценцата почна да праи свои патики Astrea, кои беа исти потпуно, со Конверс, ама со друго лого, нивно - лошо лого. но, квалитетот беше ист, пошто на потпуно истите машини по истиот блупринт ги правеа.
Тоа со Конверс и после со друго лого тоа патика се вика Кронос ама квалтетот е врв и нема смрт и баш го најдов во подрум и уште се здрави сега татко ми сака да го користи за по бавча :LOL:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Тоа со Конверс и после со друго лого тоа патика се вика Кронос ама квалтетот е врв и нема смрт и баш го најдов во подрум и уште се здрави сега татко ми сака да го користи за по бавча :LOL:
Не.
Астра кога ја изгуби лиценцата од Конверс (наместо да им ја продолжат, им ја дадоа на Италијани), продолжи да прави потполно исти патики, само со нивно лого и име. Астреа ги крстија. Астреа не беа плукната копија на било кои Конверс модели, туку на Конс линијата, која беше као најбоља од Конверс.

Кронос си е скроз друга фирма. Италијанска е. Имаше Петровиќ такви патики. И за Кронос чинам, имаше некој лиценца од СФРЈ. Или од Хрватска или од Словенија. Кронос моделот што го носеше Петровиќ, беше убедливо најскапа патика у Скопје. Беше еден шарен модел, се продаваше во Трговски на приземје.

Овие Кронос ти што си ги постувал, се модел од доста покасно. Знакот им е малку сменет.
Ова се тие за кои зборам (примети, знакот дека е малку поинаков):

Овие ќе траат повеќе од било кој денешен модел на Адидас, Најк или др. И со тоа СФРЈ нема никаква врска.
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Муабетиве без врска еј.Удрете една математика колку струја ви троши фрижидерот и телевизорот од шеестреќа и колку трошат модерните.
Стар фрижидер може како ништо да троши киловат на ден, додека нов троши киловат на месец.
Стар телевизор цица по 200 вати на саат, додека модерен околу 30 вати и 0.3 во стенд бај.
Удрете една математика колку пари сте изгубиле со текот на годините.
Стар фрижидер што во илјада деветстотини шеесет и друга трошел еден киловат на ден тоа било напредок исто како што денес е напредок фрижидер да троши киловат на месец...

Во почетокот на шеесеттите БМВ-ињата со 150KC развивале 165km/h. И трошеле 17л на 100 km/h. И тогаш во ауто магазините тоа се шпекулирало како „УБИСТВЕНИ ПЕРФОРМАНСИ“ и „ЕКОНОМИЧНОСТ“ oд 17l na 100 km...
Денес БМВ-ињата си 150КС развиваат 220km/h и трошат 8,5l на 100кm...

Човекот во 1960 на овие простори го доживувал црно-белиот телевизор со истото воодушевување со кое ние ги доживуваме плазма, ЛЦД и 3Д телевизорите...

Денеска телевизорите трошат 30 вати на час, во 2070 година ќе трошат 0,3 вати на час и тогаш нашите потомци ќе дискутираат како ние во 2014-2020 година сме имале застарена технологија и како премногу струја трошеле сегашниве телевизори...

Тие пак во 2135 година ќе дискутираат како генерациите во 2070 имале застарена технологија.

И така во недоглед...
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Тие во 2070 ќе живеат во страв за својот живот за секојдневието , во Југославија луѓето спиеле на клупи и станувале живи и здрави ,денес се пљачкаат банки со вашите "современи технологии" ни камери , ни сензори не не спасуваат .Тогаш луѓето имале сочуство еден кон друг додека денеска се е кој кого да го уништи .Тоа ќе го зборат тие во 2070 како се живеело во поголем мир и хармонија ,и не се знаеле кој што правел ,додека сега овој шпиунски свет е кадарен да ни постави и камери во своите домови .Децата во 2070 ќе си седат на некои таблети и нема да комуницираат меѓу себе со зборови ,туку со пораки на некоја пософистицирана страница од фејсбук (веќе е во прогрес тоа ) .Нема да трошиме многу од било каква електрична енергија но ќе бидеме безживотни ,прави роботи и имбецили кои ќе бидат базирани на знаења на компјутери или машини . :)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Ако не беше таа технологија,знаеш ли колку ќе требаше да напишам едноставна порака до тебе.Пред 30 години ,шансите јас и ти да комуницираме ќе беа скоро невозможни,значи сега ние не мора ни да се познаваме за да комуницираме.
 
Си шеташ ти по улица и го читаш мојот пост и пробуваш да ми пишеш порака на твојот нов ајфон 6 и случајно иде некоја палка за безбол накај тебе , и ние пак не сме успеале да комуницираме .Сакам да ти кажам не дека технологијата е кој знае колку лоша ,туку преку неа се манипулираат луѓето и контролираат . :) A ние пак нема да се знаеме .
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Se gledadeka e grizhlivo cuvana!.
Titan -Kovine ???
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.257
Тие во 2070 ќе живеат во страв за својот живот за секојдневието , во Југославија луѓето спиеле на клупи и станувале живи и здрави ,денес се пљачкаат банки со вашите "современи технологии" ни камери , ни сензори не не спасуваат .Тогаш луѓето имале сочуство еден кон друг додека денеска се е кој кого да го уништи .Тоа ќе го зборат тие во 2070 како се живеело во поголем мир и хармонија ,и не се знаеле кој што правел ,додека сега овој шпиунски свет е кадарен да ни постави и камери во своите домови .Децата во 2070 ќе си седат на некои таблети и нема да комуницираат меѓу себе со зборови ,туку со пораки на некоја пософистицирана страница од фејсбук (веќе е во прогрес тоа ) .Нема да трошиме многу од било каква електрична енергија но ќе бидеме безживотни ,прави роботи и имбецили кои ќе бидат базирани на знаења на компјутери или машини . :)
Не спиеле по клупи! И тогаш како и сега имало ненормални луѓе кои правеле глупости, краделе и слично. Тогаш било дури и потешко да се фатат.

Ама како ќе дознаеш за тоа кога во тоа време имаш само еден канал, државно контролирана телевизија и немаш интернет?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539

Да бидеме искрени, Интернетот станува достапен за цивилна употреба дури на самиот крај на 1980-те години, а почнува да зема замав дури во втората половина на 1990-те години после пуштањето во продажба на Windows 95 и Netscape.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Не спиеле по клупи! И тогаш како и сега имало ненормални луѓе кои правеле глупости, краделе и слично. Тогаш било дури и потешко да се фатат.

Ама како ќе дознаеш за тоа кога во тоа време имаш само еден канал, државно контролирана телевизија и немаш интернет?
Два. Два ТВ канала кои не емитуваа цел ден. Вториот емитуваше програма од 4 поручек, програми за малцинствата и гаснеше после 9. Прва програма почнуваше од 9 сабајле со програми за деца и училишни програми, па пауза за ручек. Па вести.
Државно контролирана телевизија подразбира владина цензура, за разлика од денес нели каде цензура нема- цензура од партиски штаб, од спонзор, самоцензура... а и интернет денес една слобода на изразување по социјалните мрежи, милина една! Ај пиши ако смееш нешто против д-р Фаучи!
За време СФРЈ низ помалите места бездомниците беа реткост. Нешто како редок загрозен вид. Проститутките беа увозни. Локалните моми не им паѓаше ни на крај памет да размислат за најстариот занает. Низ поголемите градови имаше повеќе урбан гној, ама ни оддалеку налик на она на што сме сведоци денес.
 
Сети се на филмот тетовирање и сцената со празниот куфер и ќе ти стане јасно зашто немало бездомници и каде се тие завршувале. Биле сумљиви м.м.е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom