МУЗЕЈ НА СРАМОТ

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
1.(прво)Ми ги испразнивте подрумите и собите?
2.Нешто оставивте ли,покривте ли со бел чаршав.
3.Потоа еве веќе долго време никој не се грижи за мене.
4. И главната порта е закатанчена и нема пристап за никого
5. А се ви оставив ВАМ и на мојата држава и градот.
6. Дојдоа некој посетители и ми ги откорнаа металните врати.
7. Природата не се сопира, ме салдиса се околу мене е трева и трње.
8.И ветрови силни,керамиди корнат,веќе осеќам ме вртат столбовите.
8. И олуците се полни и самоникна ајдучка,глуварче и пиреј.
9. Па така се цеди се по мојата кожа,ранената болат,колената вртат.
10. Ќе се сетите ли на мене дека сум дел од ВАС.
(ќе ме вметнете ли во проектот Скопје 2214г)
( поради ВАС, и оваа состојба со куќата,умирам по втор пат,можно ли е тоа) Picture 073.jpg Picture 072.jpg Picture 074.jpg Picture 077.jpg
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539
1.(прво)Ми ги испразнивте подрумите и собите?
2.Нешто оставивте ли,покривте ли со бел чаршав.
3.Потоа еве веќе долго време никој не се грижи за мене.
4. И главната порта е закатанчена и нема пристап за никого
5. А се ви оставив ВАМ и на мојата држава и градот.
6. Дојдоа некој посетители и ми ги откорнаа металните врати.
7. Природата не се сопира, ме салдиса се околу мене е трева и трње.
8.И ветрови силни,керамиди корнат,веќе осеќам ме вртат столбовите.
8. И олуците се полни и самоникна ајдучка,глуварче и пиреј.
9. Па така се цеди се по мојата кожа,ранената болат,колената вртат.
10. Ќе се сетите ли на мене дека сум дел од ВАС.
(ќе ме вметнете ли во проектот Скопје 2214г)
( поради ВАС, и оваа состојба со куќата,умирам по втор пат,можно ли е тоа)Прегледај го приврзокот 188973 Прегледај го приврзокот 188974 Прегледај го приврзокот 188975 Прегледај го приврзокот 188976
Анчо извини вака игнорантски...што е ова?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Тоа е Национална галерија на Македонија во едно и спомен куќа на Лазар Личеноски повод 115 години од раѓањето на уметникот кој е еден од најзначајните македонските ликовни автори и основоположник на македонската современа ликовна уметност....дали профункционира или не ...според сликите горе изгледа ништо не се случи :(
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
vo centar na gradot, од влезната врата не останало ништо,само профилот и машката шарка, некој НАШ ја однел во Циклон за не повеќе од едно пиво во пластика.Вреди да се види мозајков на голема слика.Исто така и влезната врата во дворот отишла по тој пат,изгледа од истиот државјанин на државава,не ќе да е странец.
Picture 078.jpg
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Тоа е Национална галерија на Македонија во едно и спомен куќа на Лазар Личеноски повод 115 години од раѓањето на уметникот кој е еден од најзначајните македонските ликовни автори и основоположник на македонската современа ликовна уметност....дали профункционира или не ...според сликите горе изгледа ништо не се случи :(
Каде ти се кинеските туристи тука? Бијонсеј? Знаеш колку далеку е ова од она што ти предизвикува оргазми - не повеќе од 5 минути одење?
Невидена срамота е ова...и за градот и за Министерството (на сите до сега мислам, вклучително и актуелниов) и за сите нас.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 075.jpg поглед од дворот,нема една половина од металната главна порта.За да ја земеш треба тука да дојдеш и паркираш арабаџиска кола или мал камион, на рамо не се носи, и треба се разбира повеќе лица...а...а само на два чекори од тука беше добро обезбедениот објект на Водовод т.с. чуварска-легачка куќичка.Баш се думам дали вратите ги однеле (ПОЗНАТИТЕ) собирачи на старо железо, или ???
-----------------------------
Конечно дочекав на една моја тема (која и е местото во Култура и уметност ама баш поради нив е тука) да не се појават мојте долгогодишни верни фанови второпостирачи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... 16 септември 2007 год...



извадок ,,...Меморандум за соработка за основање на музеј "Лазар Личеноски" во куќата на големиот македонски сликар ќе потпишат Владата и семејството на Лазар Личеноски. Во куќата ќе остане да живее сопругата на сликарот, Зое Личеноска, а во музеј ќе биде преуредена по нејзината смрт.
Единствен услов за куќата да биде оставштина за државата е таа да го носи неговото име, како и обврзување за нејзина реконструкција и адаптација во простор за музеј.Семејството заедно со неговиот дом остава и над стотина останати слики на Личеноски, работени во периодот од 1920 до 60-тите години од претходниот век, како и дел од мозаиците.Предлогот за основањето на Музејот е по лична желба на Лазар Личеноски...,,



...2011 и 2012 год...
извадок,,...Бирото за судски вештачења направило попис и проценка на предметите, куќата, личната библиотека и уметничките дела на Лазар Личеноски, но не информирале за вредноста...,,




...30 декември 2013 год...
извадок,,... Владата на РМ, на седница донела измени во Законот за култура со што би со овозможила реставрација на објектот и пренамена во музеј. Самата куќа е прогласена за споменик на културата во загрозена состојба со што автоматски и припаѓа на државата. Националната галерија на Македонија како надлежна институција го смени статутот во кој е дополнета нова организациона единица "Музеј Лазар Личеноски" , меѓутоа од причини познати само на претходниот директор на галеријата Палоши, на овој случај не беше сработено ништо....,,

... Јули 2014 год ...
извадок,,...Наследниците на Личеноски дале писмена согласност да се спроведе тестаментот според кој голем дел од колекцијата на слики се подарува на државата со еден услов, да биде направен музеј во кој тие ќе бидат изложени, а од Министерството за култура велат дека единствена пречка е оставинската постапка која е во тек...,,

...Јули 2014 год...
извадок,,...Драган Бошњаковски, внук на Личеноски како и сите други живи наследници на Личеноски сакаат да се спроведе последната желба на уметникот наведена во тестаментот на неговата сопруга Зоја, а тоа е голем дел од сликите да се подарат на државата која пак треба да направи музеј во кој ќе бидат изложени. Тие дале и писмена согласност со што би се отстраниле евентуалните правни пречки... ,,



арно ама ... извадок ,,...Музејот на еден од основоположниците на модерното македонско сликарство Лазар Личеноски, во кој ќе биде изложен голем дел од неговото творештво, нема да биде направен се додека неговите наследници не да добијат два стана во центарот на Скопје. Од Министерството за култура информираат дека ова барање било единствениот услов во тестаментот на неговата сопруга Зое чиј тестаментот на сопругата, куќата, личната библиотека, етнолошките предмети и дел од неговото творештво ги добива државата која за возврат треба да обезбеди два стана за наследниците на уметникот..,,


извадок,,...Според министерството единствена пречка за реставрирањето на куќата и отворањето на музејот е оставинската постапка која е во тек, а каде државата е тестаментален наследник...,,..Ве информираме дека се уште во тек е оставинската постапка за дел од оставината на починатиот ликовен уметник Лазар Личеноски, во која Република Македонија е повикана како тестаментален наследник. По завршувањето на оваа оставинска постапка, ќе се пристапи кон санирање на куќата на основоположникот на современата македонска уметност, стои во одговорот на министерството...,,

...27.02.2015 год...
извадок,,...– Нешто што сакам да нагласам, а е од исклучителна важност за Република Македонија, е во однос на музеј на Лазар Личеновски. Целосно е завршена оставинската постапка во врска со куќата на Лазар Личеновски, државата додели два стана, тоа што се бараше од страна на сопствениците. Процедурата е целосно затворена, правосилно е решението, а остануваат уште административните работи – рече Канческа-Милевска...,,Таа нагласи дека Националната галерија се подготвува за уредување музејот на Лазар Личеновски, а в година, кога се одбележуваат 115 години од раѓањето на Лазар Личеновски, а тоа е април 2016 година, планирано е да заврши целото уредување и да се отвори музејот за посетителите...

...3 декември 2016 год...

...17.10.2017 год...
Министерство за култура * клик !
ивадок,,.. Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење Со Одлука бр. 44-5363/1 од 10.10.2017 година објавена во („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17)...,,



арно ама прашање зошто од 17.10.2017 година до сега на терен не се превзеде итни мерки на рестарвација и санирање, дали воопшто становите се доделени според условот на тестаментот?
ај донт ноу ! :toe:
п.с.
...врв на сексуално задоволство кон објекти и архитектонски зданија на жалост не ми е фетиш, тоа го препуштам на тој што ја има :свиркам:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
ја на пример, коа поминувам покрај куќана се осечам ко да сум у ЕУ, али не толку у ЕУ како кога ќе седнам на бродот у Вардар и ја јадам најбољата телешка манџа у свет
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.322
Поени од реакции
3.171
Toj objekt bi bil mnogu poadekvaten koga bi go pretvorile vo nekoj fensi restorant so pogled na rekata i kejot
 

Kajgana Shop

На врв Bottom