МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Овој Калински гледам сеуште коментира? Зарем не си замина по олимпијадата?
Подобро и Калински да коментира отколку Тони Стојановски и Драган Николовски да бидат коментаторски тандем.
Изгледа повеќе не работи Бранко Чупески во МРТ, и може бараат замена за Калински. Ако има 64 години тогаш тој има право доброволно да работи и додека 65 наполни.
Калински приватно отпатувал на олимпијадата во Рио, и таму тој не коментираше преноси.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Сега гледам Калински уште коментира фудбал абер нема да си замине во пензија.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.885

А кој рече дека ќе оди во пензија? До крајот на годината може да коментира, 2017 оди во пензија.
Последни ОИ, ЕП и финале на ЛШ беа за него.
 
На олимпијадата Калински не коментираше ниту еден пренос.
Калински приватно беше во Рио на олимпијадата, а преносите од студио од Скопје ги коментираа останатите спортски новинари од МРТ, бидејќи МРТ заради финансии не испрати новинари во Рио.
 
Коментираше еден два меча од одбојкарскиот турнир. После замина во Рио.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Коментираше еден два меча од одбојкарскиот турнир. После замина во Рио.
Можно е да не сум ги следел баш тие одбојкарски средби на кои си пишал дека коментирал Калински.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
На МТВ се фураат нови пропагандни филмови. Ова ко на времето што се штанцале партизански филмови сега прават за ВМРО и угнетената Македонска кауза.
Жално е само за генерациите кој ќе созреваат во едно вакво нездраво општество.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
На МТВ се фураат нови пропагандни филмови. Ова ко на времето што се штанцале партизански филмови сега прават за ВМРО и угнетената Македонска кауза.
Жално е само за генерациите кој ќе созреваат во едно вакво нездраво општество.
Кои се тие ? МТВ да функционира ко што треба нема да емитува филм Златна петорка во епизоди без никаква најава !
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
На МТВ се фураат нови пропагандни филмови. Ова ко на времето што се штанцале партизански филмови сега прават за ВМРО и угнетената Македонска кауза.
Жално е само за генерациите кој ќе созреваат во едно вакво нездраво општество.
А што е лошото во тие документарци? Историја е, каде се кажуваат мнооогу работи кои не смееа да се учат, зборуваат...
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
А што е лошото во тие документарци? Историја е, каде се кажуваат мнооогу работи кои не смееа да се учат, зборуваат...
Додека светот гази напред ние уште се занимаваме со историја, секоја ебана продукција на филм е од нашата ни напатена историја за која има 4 страни и многу е веројатно нашата приказна да не е точна.
Еден филм модерен не се способни да снимат, во еден стан серија не се способни да направат, ток шоу не се способни да направат. Нема новинар, никој таму ништо не работи се само порачани статии и настани се следат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Додека светот гази напред ние уште се занимаваме со историја, секоја ебана продукција на филм е од нашата ни напатена историја за која има 4 страни и многу е веројатно нашата приказна да не е точна.
Еден филм модерен не се способни да снимат, во еден стан серија не се способни да направат, ток шоу не се способни да направат. Нема новинар, никој таму ништо не работи се само порачани статии и настани се следат.
Ова се излитени фрази. Историјата е важна за иднината. Да сме ја учеле реалната историја, можеби не ќе требаа (толку) историски документарци.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Додека светот гази напред ние уште се занимаваме со историја, секоја ебана продукција на филм е од нашата ни напатена историја за која има 4 страни и многу е веројатно нашата приказна да не е точна.
Еден филм модерен не се способни да снимат, во еден стан серија не се способни да направат, ток шоу не се способни да направат. Нема новинар, никој таму ништо не работи се само порачани статии и настани се следат.
Не се проблем историските документарци, проблем е нивниот квалитет. Ич труд немаат вложено, а којзнае колку пари се одвојуваат за нив. Ќе викнат некој радиофоничен глас, ќе му дадат текст од некоја семинарска, ќе направат една презентација со слики во JPEG формат на кои им се бројат пикселите и ајде, документарец за борбата... нека биде за борбата на македонскиот народ... за слобода, ајде (кажано со зборовите на пастирот).

ЕДИТ: Сега видов дека за играната програма ти бил муабетот, ама и за неа важи истото, како оние мртвачките народни приказни да ги гледам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom